сиот (зам.) - тело (имн.)

Некаква блажна топлина ми се разлеа низ сето тело.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Трипати - УРА!“ командуваше Љупчо. “Ура! Ура! Ура-а-а!“ дружно извикаа другарите.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сакав да викам на помош, ама грлото од страв ми беше стегнато, а сето тело ми трепереше како да ми студи, иако температурата во Египет тој ден беше околу четириесет степени.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И вистина, еден ден селото се возбуди. Дресерот при вежбата ги отпушти кучињата од раце, и тие, кога го пронајдоа Дукета, син му од кафеанџијата Јандро, во грмушката каде што беше скриен - му се нафрлија како ѕверки, како диви животни гризејќи го за раце, за нозе; му ги раскинаа алиштата и почнаа да го гризат по сето тело.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Срипав накај прозорецот и погледнав: долу стоеја сите - Љупчо, Влатко, Дејко и Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Чувствував како сето тело ми гори, а во исто време ме облева студена пот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Чудесна свежина ми мина низ сето тело.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пред очите ми се сменуваше црвена и црна боја и нешто како светложолти молскавици.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)