сиот (зам.) - возбуден (прид.)

Збогум за навек, народни предавници! — плукна пред Бориса и се оддели од нив, цврсто решен да не го остави народот во најтешките страдања.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И се разбуди отец Иларион; виде дека е сон, и сиот возбуден, се облече на брзина, излезе од одајата и отиде на изворот, и миејќи се, триејќи се по целото тело, сакаше сè да исчисти од себе, небаре сè уште се допирите од Смилјанка на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Скокнав сиот возбуден и истрчав од колибата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Скокнуваше од сонот сиот возбуден и испотен и стрчнуваше крај лелејката за да провери.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога завлегоа длабоко во пченките и кога тој сиот возбуден ја легна и таа почна да се слекува, од ципите па сѐ до папокот се откри густо црно крзно како од куна.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се позамисли малку, стана со манлихерата в раце и луто, сиот возбуден викна: — Јас, господа војводи, не се покорувам веќе на вашите наредби и од денеска не идам со вас да ја спасувам мојава глава. Не ја напуштам родната земја дури главава стои на рамената.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)