сите (зам.) - три (бр.)

Досега Уставниот суд реши да поведе постапка за оценување на уставностa во три случаи и во сите три исходот е позитивен – постапките завршија со носење касаторни одлуки за укинување на оспорените противуставни членови; во други единаесет случаи Уставниот суд сè уште се нема произнесено по однос на нашите претставки; потоа во три случаи иницијативите ни беа отфрлени, а во уште три други случаи судот реши да не поведе постапка. 3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Набрзо потоа му се родија и внуките, Македонка и Пиринка, па тој, сиот угреан од радост, велеше: - Барем уште една да ни родеше; неа ќе ја крстевме Солунка, за сите три да ни беа заедно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По толкуте прочуени води, долови, вирови, извори, бунари и чешми, човек, да си рече дека просторот што го оградуваа Потковицата плива во вода и дека е таа вистински Елдорадо на барски птици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му предложив на Земанек да пиеме во блиската кафеана; тој се согласи, и вечерта бевме на сите три претстави: од пет, од седум и од девет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секоја вечер одев во циркусот и ги гледав сите три претстави, а по претставите одев во приколката на Ина и Светлана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако сите три сфери на тешката леснотија – облаците, снегот и маглата – се претворат во течна состојба, би се добило вода, со благи кругови на површината, кои рамномерно се шират, од нежниот вртеж на планетата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но оној, чија фотографија сите три љубоморно ја чуваа: тета Наца на пијаното, тета Менка во кујната, над шпоретот, тета Дитка на телевизорот, врз неделната програма – тој имаше токму такво лице: отмено, благо, а непроникливо – лице на дарителот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа не може да служи за заеднички литературен јазик на Бугарите и Македонците, зашто не може духовно да ги обедини врз еднакви права сите три спомнати области.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Македонци мои, кога ве посетив тогаш повикан од вас, јас бев неук за овој свет, и во душата, и во срцето, и во слабините свои, на сите три места со кои мажот мора да научи да љуби, за вистински да го сфати Божјиот дар на земниот живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Еда, сега земи ја водата, ми вели Маса Ќулумоска и на три места од ваганката ќе направиш крст, ми вели и еда, од сите три места ќе се напиеш, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вечер сакам да ве водам на тамбурашка вечер во Петроварадинската Тврдина. Сите три само климнаа со главите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Што е уште поинтересно, сите три сили веќе поседуваат, во атомската бомба, едно оружје далеку помоќно од кое било што нивните денешни истражувачи би можеле да го откријат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Понекогаш, Винстоне. А понекогаш се пет. Понекогаш три. Понекогаш се сите три истовремено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оваа легенда старите ја поткрепуваат и со заедничкиот селски панаѓур (слава) свети Атанасија зимни, кој го служат сите три села, како некогаш што го служеле сите тројца браќа — Раде, Гале и Вите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Ѓуро ја искористи оваа положба, ги измажи сите три чупи мали и остана сам со Јошка и бабата Тода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На завртувањето погледот ѝ се сретна со очите од Крлета и само ги наведоа главите и продолжија напред, а Бојана позабрза и пред самата порта на Бисера ги стигна. Сите три фрлија поглед во дворот на Бисера и како нарачан го видоа поп Петка под лозницата — седи замислен, со некакви исчекувања.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста им осука кора, им испржи и колбаси, ги наруча сите три деца, и кога тие јадеа слатко на тарунчето на чардакот, таа ги погледна и се заврте на другата страна да не ѝ ги видат солзите што ѝ навреа на очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се разбира дека младите беа на војна во редовите на силниот султан Сулејман Величествен – Законодавец, кој целиот свој живот го посвети на освојување земји на сите три континенти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Најпосле, еден ден се стиша гласот на породилките: се породија, речиси сите три во исто време.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја прашуваа бабата Депа, а таа им велеше: - Не беа сите три за одеднаш да се породат... Некоја требаше сега, а некоја подоцна... Но стравот од оваа неизвесност им го забрза породувањето...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Би можел ли да ги оставам своите три маслинки под самите нив, како елелнот што ги остава своите износени рогови под шумски стебла?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Ние сме од Комисијата за чистота, - ми рече најдоминантната од нив, - па, дојдовме да извршиме увид, - а потоа сите три се закикотеа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сите три ми се свртија мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш и сите три жени се расплакаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И Свети Илија убаво си ја завршил работата вечерва! се огласува Мајка Перса додека сите три убаво променети излегуваат преку вратничето на дворот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)