сите (зам.) - спие (гл.)

Сите спиеме во едно собиче, што се вели, небаре илегалци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дванаесетмина живеевме во еден двособен стан на Втората Јужна Улица.Сите спиевме во шест кревети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сите спијат, а јас само се превртувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сигурно сите спијат во тоа глуво доба, дури и стражите, ако воопшто поставиле некого – оние од другата страна секогаш спиеја мирно ноќе, а пукаа дење.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Надвор е темница, велам, и сега сите спијат, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да беа уверени, како од некаде да знаеја дека никој не им може ништо, дека тие од оваа страна веќе со денови ја добиваа истата наредба – не пукај, не оди, чекај следна наредба...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Утрото пред да дојде Камилски, се разбуди рано, кога сите спиеја во семејството, а само Мајка беше полубудна, никогаш во животот не заспа со цела душа, појде тихум кон чардакот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко го слушаше длабоко во ноќта, со стишен глас, кога сите спиеја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)