сите (зам.) - вие (зам.)

Доаѓате сите вие Со црвени пеперуги на усните За исцелување од гревови Со лути змии во табаните Што ве носат на погрешни места.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
А тоа ќе рече дека пушката - сега веќе тој зборува погласно, подвлекувајќи го секој изречен збор _ значи пушката е рачно огнено оружје за уништување одделни живи цели, ова добро да го запамтите, за уништување живи цели, што ќе рече сѐ што ќе се појави пред ова што сега го држам в раце е цел, велам цел, којa ти, ти и ти и сите вие треба таа цел да ја ... да ја уништите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите вие можете да го направите тоа ако сакате“, додаде таа исправајќи се.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Па заврши како ревизионист. Како и сите вие божем комунисти околу нас...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Те имав и тебе. Сите вие бевте други луѓе, а Јани ве заменуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Спасен си, момче! - Каков спас... По ѓаволите сите вие!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
СТЕВО: Остави ме ти мене на мира. И сите вие. На глава сте ми качени. Проклети селаништа!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сите вие сега ќе бидете под негова команда и ќе го слушате што ќе ви заповеда.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите вие дечиња колку што ве имаше во наше маало да се фатевте за раце пак немаше да му ја оградите половината.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)