сите (зам.) - тие (зам.)

Сигурно затоа што тегобата што ја чувствувам е повеќеслојна и јас во сите тие слоеви така што не можам да знам што е што.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сите тие живееле таму, од онаа страна на реката, каде што живеам јас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега многу често знае да каже ...сега знам како треба, само да можам да ги вратам сите тие години назад...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Единствено не му беше јасно од каде толку расположение меѓу овие луѓе, на студот и дождот од штотуку започнатата јонска зима.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сите тие настани ја раздвижија монотонијата и го разбија сивилото на одминатиот ден.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сите тие прашања се „вечни“ затоа што се погрешно поставени.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но попусто отидоа сите тие негови следења и тој требаше да заклучи дека нема ништо да му донесе случајот, ами треба да се дејствува смислено.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го понесе Париз како неменливо зглавје. Гласот на Коен кој доаѓаше секогаш од некое ќоше. Сите тие жени, исончани тераси, цвеќиња.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Раскошот на тркалцата од чад, сите тие метафори, додека блескаат крлуштите под камењата, или плутаат мртвите надуени риби затоа што се прејале со малите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На Толета му се бендисаа сите тие новини и утринта стана поразведрен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И, ете, сега ги замрази не само Турците, туку и сите тие што се оближуваа околу нив, а најмногу Стевана и неговата ќерка Ката, што се потурчила.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите тие аам-и и еам-и, се некои кревки ластарчиња, витици кои потеруваат самогласките во мене за да ме потсетат дека јазикот, наспроти нас, е долговечно битие кое не престанува да потерува младици и низ постојана возобнова да го запишува и нашето име во нив.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но, господи, бидејќи сите тие се многу постари од тебе зар не е залудно да се пишува писмо до тебе наместо до нив?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И сите тие заедно низ себеси ја проповедаат големата тајна за чистата твар на зборот, за блажената вода и за ужасната топка на мракот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Една црвена тркалезна самогласка утрово ми се препречила како коска во грлово и сега само аам и еам, само иам и оам, само уам...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Не стварај идоли на земјата. Сите тие се родени од на мајка им пичката исто како и ти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
(...) Диктатурите на 20-иот век, фашизмот, националсоцијализмот, болшевизмот,сите тие го бараат репрезентативното достоинство во еден стравично приземен класицизам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Цела ноќ ветерот завиваше, дождот плискаше и сите тие шумови се плетеа во немирниот сон на момчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Е, тогаш да ти раскажувам, мој Бојанчо, та да ти ги доближувам пред очи сите тие планини, па да ти доближувам дамнешни дамнини, па да ти биде убаво, преубаво...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дедо Спасе знае многу, многу приказни. И сите тие се која од која поубави.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А сите тие приказни почнуваат вака: “Во старо време живеел...“ или пак “Бил некој старец...“ а најчесто “Било едно дете... “
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во тоа време во светот (токму како и сега) имало и други мачиња: црни, бели, сиви, и сите тие имале мустачиња но не се фалеле со нив како малото маче - долгоопавче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Оти секогаш сум велел: словото една рака го сочинила, ама многу очи го читаат и сите тие очи различно го читаат истото, од рака сочинето клопче, оти по разни конци врват читателите кон средето, кон изворот на текстот, кон оној кој го сочинил и кој нив ќе ги голтне – пајакот отровен, сонце црно вжарено, создател и господар на вселена мала.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но тој сите тие удари ги примаше со некоја селска рамнодушност, со селска упорност: беше жив пример дека селаните имаат посилен организам од сите други, дека имаат подобри нерви, дека во крајна рака, имаат и подобра интелигенција, дека кога им говориш нешто, низ едното уво им влегува, а низ другото им излегува, и дека нивната филозофија трпение- спасение, редовно дава плодови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој ја разбра алузијата: - Сите тие албански преродбеници, писатели, кои попаднале под декадентните западни шеми на образованието, во нашата земја каде што владее доктрината на социјалистичкиот реализам мораат да бидат подведени на строга ревизија, посебно во однос на нивните ставови кон религијата!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Знам дека моите објаснувања не нудат многу.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Знам дека може да ви изгледа чудно - реков - но при сегашнава раздалеченост од сите тие разговори можам да тврдам дека средбите со замислените татковци не се остворуваа само во тие случаи кога не ќе го совладавма пределот на она магливо заскитано време што секогаш талкаше помеѓу мене и нив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Подобро било да поверувам и да паметам дека сите тие девојки (а помеѓу нив се наоѓала и мајка ми) што ги служеле арабаџиите и трговците додека работел анот на Дуко ми биле по малку и мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури кога поминале некои од нив да служат во новоизградениот хотел во градот а другите во куќата за разонода на И. Мали, јас сум се нашла во полето, близу до ќерамидницата, но кој ме довел таму и со каква цел останува да се разреши во некое друго време кога на вистината ќе ѝ тргне од рака да ја намота измрсената преѓа на настаните во чист здрав клопец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пудриерите со камена пудра, шишенцата со парфеми, убавите чанти, свадбениот подарок од Френк, кој се состоеше од комплет четка за коса со сребрена заднина и еден чешел, сите тие нешта и други работи таа не им ги даде на своите ќерки, на кои Даниел би можел да ги види, туку на некои небитни познајници, каде што беше многу мала можноста неговите очи, кои секогаш ги гледаа тие нешта, да ги забележат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Симон Дракул, Ташко Георгиевски, Ката Мисиркова, Петар Ширилов, Божин Павловски, Димитар Башевски, Трајан Петровски, Живко Чинго, и сите други неспоменати овде, кои го следеа во нашата литература тој процес, сите тие горчливи австралиски патеписи, сите тие кенгурски скокови и вестаустовски стории, сите тие вагони врз глувите колосеци што чекаа да не однесат безнадежно кон некои рамни земји и далечни континенти, сите тие литературни зафати во современата наша литература како да се продолжеток на една тематска врвица што ја започна Стојан Христов во литературата со евидентен успех.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако тоа не ви е јасно грабнете ги сите тие машини, факсови, компјутери, печатници, радио-станици, теве-куќи и опичите ги тастерите, типките, нек зуи, нек се земља тресе, ние ионако ќе се прешалтуваме на други фрекфенции, друг систем.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите тие подаваа пари со трепетливи раце а по некои мрдаа со усните божем читаа молитва. Црвената капа отежна као ќесе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме бараа многу, дури не можев да одговарам на сите тие барања. Но не те заборавив.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
За сите тие покани што ги добивав за концерти имав менаџер кој ги уговараше термините, некогаш ме консултираше а некогаш и сам го правеше тоа, знаеше дека така ќе ми одговара.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Меѓутоа, импресионирани од саможртвата на младите атентатори, речиси сите тие не се во состојба да останат објективни докрај.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сите тие години не знаев ништо за него, а тоа попладне ми ја кажа причината зошто се вратил.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веруваше дека само разумот може да ги урне илузиите, и своите претходници ги бараше во сите оние кои повеќе му верувале на разумот отколку на религиозните догми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За да се види секој слој на таа текстура, за да се знае секоја состојка на сите тие слоеви кои го сочинуваат човечкото суштество, требаше да се направи првиот чекор – да се отстранат илузиите, а најголема од сите илузии, сметаше тој, е религијата со нејзините догми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште не стигнал до прашањето кое го поставува предворјето на зрелоста: „Што ќе биде самиот тој еден ден?“, кога родителите му починале еден по друг, прво неговата мајка, потоа татко му.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите тие особини не се српски, но не се ни бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поради сите тие причини, а најглавно затоа што Македонците за своето ослободување од грчкиот патрик и од Турција до последната руско-турска војна работеа заедно со Бугарите под името Бугари, а местата за таа борба беа околу Бугарија, т.е. во Стамбул, Влашко, Југозападна Русија и Србија, кои (места) помагаа во ослободителната работа најмногу да бидат застапени Бугарите, – помогнаа да се објави источното бугарско наречје за литературен јазик на Бугарите и Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
98. Надворешниот свет пак го уверуваа оти историјата со Источна Румелија не може да се повтори и со Македонија, зашто во Македонија има многу народности, а не две-три, оти сите тие народности, како и сите соседни балкански државички и големите држави, ќе можат да го спречат соединувањето на Македонија со Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нападите на Вестготите, Остготите, Хуните, Аварите, Антите, Словените, Србо-Хрватите, Бугарите на Византија се сменуваа еден по друг и поради таа причина византиските историчари зборуваат за сите тие народи, па и за Словените и Антите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите тие дополнувања што ќе се придодаваат кон понапрешниот руско-австриски проект за реформи не само што не чинат 100000 обездомени души, 3-5000 човечки жртви и полно обескуражување на жителството во Македонија, ами не чинеа ни 100 човечки жртви.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
55. Штом ќе се установат правилни односи помеѓу нас и другите македонски – христијански и муслимански народности, штом ќе се признае нашата народност од владата на Н.Ц.В. Султанот, ќе се внесе во нуфузите името Македонец, ќе се направат првите постапки за нашето национално и религиозно ослободување од пропагандите и ќе се воведат политичките преобразувања предвидени од реформаторските сили, штом ќе се преземат мерки за економското поправување на нашите селски стопани, па и до воведувањето на сите тие подобрувања во нашето национално религиозно и економско живеење, ние – македонската интелигенција ќе треба да направиме уште едно, а тоа ќе биде и најважното: да ги вложиме сите свои физички, интелектуални и морални сили во нашата национална преродба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вистина, некои сериозни забелешки направија и П.Бошњаков (1902), и Ст.Ј.Дедов (1902), па и некои од најистакнатите револуционери, но сите тие брзо и мошне успешно биваа неутрализирани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се знае оти сите тие господиновци си ги имаат најгоре од сѐ своите лични интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Целта да се добијат позитивни податоци од сите оддели на науката, не само за нас лично, а како народни членови, ќе треба да го натера секого од нас да ги посвети своите сили, сето свое слободно време за изучување на сите тие науки што се најнужни за нашиот народ и што бараат најмногу работа, зашто за полесните секојпат ќе се најдат доста доброволци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Српски воспитаници има од сите тие категории и во сите нив српското влијание се покажува благодатно за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Воопшто, сите тие со кои имав случај да се видам или да зборувам г.Станчев или не го знаеја или лошо се одзиваа за него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но на таа теорија ѝ беше затворен влезот во Македонија, како и во сите тие средини од каде што излегуваа пропагандистите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Националниот сепаратизам ќе се зголеми исто така и од лицата што ја осознаваат сета штета од националните и верските пропаганди, кои под вид дека ги бранат нашите интереси, безбожно ги експлоатираат нив, и коишто ќе се решат на борба за националното обединување на Македонците против сите тие пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Комфорот во кој државата на братството и единството четириест и пет години ги лулкаше своите деца беше сѐ помал, а последиците на економската криза во која запаѓаше и земјата и сите тие со неа веќе беа видливи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од македонска страна, пак, тој можеше јасно да им порача на сите тие дипломати што со денови се среќаваа со него дека во моментот не гледа некоја партија што сериозно се ангажира во афирмацијата на мировниот процес, ниту меѓу албанските партии, ниту меѓу македонските, освен, се разбира, неговата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но Петар, како човек кој во душата никогаш не го засака пишувањето, оти се раѓаш или како писател или како рибар, не сфати дека не е важно дали сите тие луѓе кои жедно ги голтаа нивните проповеди и поуки ќе им ги разберат зборовите токму онака како што тие, проповедниците на Радосната Вест, сакаа да бидат разбрани.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега знаеше дека сите тие дискусии биле само навидум плодни, а всушност биле јалови, испостени како влажна земја на која со години се садел ориз, па сега не може да прими ништо друго.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но сите тие рани ги излеков благодарејќи на медот и еве ништо немам.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Можеш со нив, ако ти се посака, да го плашиш Методија или Ивана, да изигруваш пред Младичот дека си член на Централниот комитет или човек од самите врвови на организацијата, но не заборавај, ти се молам, дека сите тие фасони, кај мене, не врват.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во сите тие случаи ние бараме само некој начин да ги збиеме нашите набљудувања во некоја помала група лесно сварливи правила, или модели, што ќе ни послужат како водич во она што треба да го очекуваме и она што треба да го правиме во сѐ посложениот и тежок за разбирање свет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А кога тој глас беше најсилен и кога неговата сосредоточеност потреперија и стаклата на прозорецот, кога тој распаруваше со својата машка незаситна болка, еден помлад, поплаховит, уште несознаен за силата на своите извивки, се придружи кон него и ги направи уште потрпки и уште понескротливи сите тие болки на писокот со своето поројно мутирање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите тие селани вечерта добро го разбираа зборувањето на неговиот Брат, тоа ги тераше да се ломат во себе, но, како за несреќа, таа вечер ниеден не се призапиша во задругата; се разотидоа пак молчејќи по сокаците, а Змејко го зеде својот Брат кај себе, го одведе дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сега, колебливо, несигурно, со триста недоверби, а сепак, секогаш сѐ подлабоко, тој успеваше да го сети како свој еден сосема нов поглед, еден нов клуч, со кој можеше да никне во сите тие прикриени текови под скаменетоста на она, што го знаеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му плаќаа двојни трудо-денови за сите тие дни, што требаше да ги преседи тука, а и да не беше тоа, тој пак ќе се согласеше да дојде, зашто на Задругата навистина ѝ беа потребни штици.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Добро беше што го праша дали некаде се должи себе си со таа вар и со таа работна рака и со сите тие килими, на што тој ти се исклешти: „Знаеш, претседателска куќа, може да дојде секој, и...“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакаше да ги знае сите тие работи, сакаше да знае сѐ, што беше напишано во оние тешки купишта книги во собата од младичот, а сакаше да го знае и она, што го кажуваа и другите, забранетите, кои младичот отпрво си ги криеше под креветот, а за кои после Змејко му изнајде едно скришно место во подот од своето сопче. Младичот не му кажа ништо веднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од сите прозорци, од сите врати, од сите процепи на бараките, сите ѕидари и сите малтерџии го гледаа пак оној човек, оној Големиот Ристан, целиот заскокан, како елен, како ги дига и ги префрла камењата од старите гробови, како ги дофаќа и ги фрла сите тие огромни стари ќиури, како ги заиверува еден во друг и како притоа камењата испуштаат црвени огнила.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го правеа тие тоа просто затоа, што и тој беше еден од нив, еден од сите тие селани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш тој можеше да здогледа како се преметнуваат еден врз друг и како почнуваат да патуваат некаде кон југ сите тие памучни облаци, добивајќи и самите некаква потрусеност на сињак во своите израскинати параници и, уште веднаш, штом ќе му се стореше дека веќе ниеднаш нема да има над себе едно такво смирено небо, еден друг ветер, еден многу поблаг и попитом ветер, многу посилен со својата смиреност, ги земаше пред себе сите тие облаци и набргу потоа тие пак се распостилаа по сета небесна шир, питоми како јагненца и меки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некој велеше дека имал дома сочувано многу весници, во кои било напишано за сите тие работи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Поставуваше сто прашања во минута, те од кого, а зошто и како дознале дека фрижидерот е празен, тие некои луѓе што ги купиле сите тие работи за нив.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сега сите тие верни живинчиња, ќе горат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И беше мачно, о боже, колку беше мачно да се повлекува тажна линија меѓу сите тие мириси и струи, меѓу окца и младици, меѓу свирки и светлини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите тие можеа да имаат своја претпоставка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Многу тешко да нѐ собере со сиот тој багаж, - рече Рада, која се чудеше зошто ѝ се сите тие работи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите тие допири беа само предвесници, предигра на долгиот бакнеж што следеше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во графите за критериуми свое место имаше и фазонот на подбрикнувањето на волната, како и миризбата на дундата, оти сите тие различно мирисаат, како што различен мирис има здивот на секој човек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За време на селекцијата, повремено се отвораа големите прозорци на фискултурната сала за да влезе студен воздух и да ги облее голите тела на жените за да се види како на таа промена реагира нивната кожа: дали кожата ја менува бојата, дали таа на места се прошарува со модри вирчиња, дали намовнува како кожа на искубана кокошка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој случај, тој ќе им плука во бунарите и сите ќе ги зарази со чума и сите тие во претсмртното стенкање ќе заборават на рајот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знаеше како да ја скуси здодевната безработност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уште позакржлавени во сенката на своето прогонство, доволно се мали за да летаат со помош на пловечки кожинки кои во вид на крилја се распнати меѓу долгите, ’рбетовидни прсти, налик на букет опашки, и така сите тие создаваат...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сите тие прашања, создаваат конфузија во нашите глави. што ако не воскреснал и бил само обичен смртник.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сите тие мочуришта, савана, животни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Попусто сите тие месеци беше толку примерен и вреден.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Како прозрачниот оклоп на стаклата да го штитеше од сите тие слабости.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Имаме премалку минути а премногу години, за сите тие објаснувања.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Со сите тие работи младата Томаица многу не се занимаваше.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сите тие што го оставија ѕидот на темната мансарда, меки и тромави дождалци и исто толку безопасни и непријатни, љубопитно му се доближија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите тие сакале да го сочуваат стеблото мало, не повисоко од една педа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите тие спорни територии се богати со скапоцени руди, а некои од нив имаат и важни растителни производи, како што е гумата, која во климатски постудените делови се добива по синтетички пат и со релативно скапи методи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Транспаренти, поворки, пароли, игри, заеднички походи... сите тие глупости.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чосер, Шекспир, Милтон, Бајрон - сите тие ќе постојат само во новоговорната верзија, не само изменети во нешто поинаку, туку изменети, всушност, во нешто спротивно од она што биле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подоцна ги замрази сите тие места кои му се чинеше да му се ситат потсилувајќи му ја неговата тага.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Главно, сите се прехранија покрај попот во тие гладни години. А причината за сите тие блиски односи беше пак таа старата: Анѓа да биде попова снаа. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Налетав на дузина интелектуалци мудруваа гласно ко кучиња чопор се јадосав, сакав да ги ишамарам сите сметав дека тука не припаѓам воопшто Од сите тие повраќаници гнасни почна да ми се превртува желудник блеев ко теле во ѕидови празни во салата не видов ниеден згоден задник Се чуствував како бескомпромисен лудак од тие бескорисни пијавици гадни со дебели задници фотељи што дупат одвратни џганови интелектуални Отидов до паркот и налетав на старци заљубени парови се шетаа често во паркот не видов интелектуалци го вратив спокојот и срцето на место
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сите тие слугинки ќе ти бидат, а тие ќе заповедаш и ќе броиш алтани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
БОЖАНА: Здравје да имаш, синко!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Добро ги познава тој сите тие чорбаџиски кожодери како гнили печурки по гората!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Понекогаш, кога ќе ме фати меланхолија, паркирам покрај океанот и поминувам некое време ѕверејќи се во таа бескрајна површина, во сите тие сурфери, галеби, фоки, делфини, алги, школки, ајкули...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Љубоморна сум на сите тие твои соименици. Заради нив може да ти се случи мене да ме заборавиш.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Микрофонот се повлекува.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Сите тие мангупи, мили мои, се обични свињи…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Но, најчесто, тоа беше доволно значајна работа за да го оддржува вработен и спокоен и гледајќи ги куќите и искосените тревници низ кои минуваше, гледаше како живеат сите тие луѓе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Си реков човеков има потешкотии со сите тие листови што постојано си ги пика во носот за да ги прочита, а потоа, како да се згадил од прочитаното ги фрла тие листови од пред себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев уверен дека сето тоа го прави без систем бидејќи на неговата маса владееше вистински наос.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но како ќе се чувствуваат сите тие ништожнички сега, кога ќе те среќаваат по улицата волку жив и мажествен?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Требаше да помине време, да се случат повеќе неочекувани па дури и необични настани, па да сфатам или поточно да помислам дека сум сфатила оти не станува збор за безначаен заплет.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Над сите тие настани како да се лелееше некоја чудесна нестварност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Изрипуваше низ околувратникот... Екслодираше во плуканици...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му фалеа впрочем неколку заба, три од страна...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сите тие зашеметени разнесувачи, секогаш без работа, во теснец, без пари, занесениците на „Перпетум”-от на светските нерешливи проблеми... на „магнетната чешма”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Сите тие сакаа од експериментот, од бунтот, да направат закон. Сега, некои се институција, некои заборавени.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сите тие се во право. Само што насоката не им е погодена.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
После сите тие грешки, погрешни избори и лажни импулси на чувства научив да сакам искрени и верно и со срцето и со умот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И само така можев да ги задржам крај себе тие кои и беа драги на мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите тие поети, глумци, сликари-микари. Со ракии, коктели ликери-микери, добија инспирација за рекреација.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
„Се согласувам, тато, ама ме збунува и оптоварува една мисла: Каде биле сите тие стручни лица кога агресивно настапувал хаосот?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А во меѓувреме Захаријадис патуваше во Белград,Тирана, Будимпешта, Букурешт, Софија, Прага, Варшава и сите тие негови патувања го водеа кон крајната цел: Москва.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Што значеа сите тие слики и нејасни мисли?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ги споредив сите тие моменти со моменталната ситуација и сфатив дека настана од играчка плачка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Смешно, зарем не. Сега сите тие луѓе кои на деветнаесет години ги служев кафе, виски, им менував пепници (меѓу кои беше и тогашниот претседател), ми го враќаа кафето зошто немало доволно пена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)