сите (зам.) - дете (имн.)

„Готово, печено“, вели, го клава плехот врз шпоретот и го покрива со крпа малку да истине, потоа - знам - ќе го потури со шеќер во прав и ќе го сече на квадратчиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пак ја отвора рерната.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Колачот за сите по парче. Сите деца сакаат колач со овошје. Нели?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мачорот убаво се намести а Бошко почна да му раскажува: - Ги крева учителката децата едно по едно и им вели: „Васка Петрова, слаба си, вели, Митко Пешевски, подобро да учиш, Димко Арсовски добар си но можеш и подобар да бидеш, и ги крева така учителката сите деца и на сите по нешто им вели. Најпосле го изговори и моето име: „Бошко Стојчески, вели, - одличен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Учителката го издигна блокчето да го видат сите деца.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Оној третиот Пенчо што го знаев - сонот на моето детство, бестрашен и силен, господар на сите деца од улицата, со параден војнички чекор, слободен од стегите на уличиштето - полека гаснеше во мојата свест и оставаше во мене некаква празнотија на измамен човек, навреден до солзи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Отиде Иљо и по две недели си дојде и рече дека стаса во Дуреси – град и го најде местото каде беа дечките и дека само ноќе и скришум едно два-трипати се виде со Евгенија, која беше најстарата жена одговорна за децата, негователка, како што се вели сега за жените кои се грижат за децата и дека таа му рече оти сите деца се живи и здрави, сите се испрани, чисти, нахранети и мајките и татковците и бабите и дедовците, да се живи и здрави, да не се грижат и да не берат гајле и од сите до сите таа прати многу многу поздрави.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од врата кога ќе влезев во училницата каде што вежбавме не можев да не ја забележам искрената широка насмевка на лицето на Вера, со која ги освојуваше сите деца, скоро без исклучок, како и со топлиот спокоен глас, со срдечноста, со присноста, со топлината во очите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ги носи мајка ми, налеала малку света водица врз нив, а потоа и со водата и со каменчињата и со крстот нѐ врви еднопоедно сите деца, нѐ замива и нѐ разурочува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Имаше поинакви очи од сите деца кои ги бев видела; тоа беа очи кои плачеа навнатре, а солзите паѓаа некаде таму, длабоко во него, и не го носеа она ослободување кое доаѓа по плачењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дотогаш се плашев да им се приближам на другите деца (брат ми Зигмунд за мене никогаш не беше дете), некоја чудна непријатност ме облеваше дури и од присуството на моите сестри, ама уште кога го видов Рајнер, сакав да бидам близу до него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите деца мора да донесат во забавиштето ако сакаат да се запишат во него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Гледате очите на сите деца полни се со некој темен, страшен оган.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Според нив, сите деца требаше да бидат зачнати со вештачко оплодување (вешсем, како што се викаше во Новоговорот) и да бидат одгледани во јавни установи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Изгледа дека во тоа време си бил свиња ѕверосана“, рече неутрално. „Сите деца се свињи.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Речиси сите деца денес беа ужасни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И Крсте, како и Неда, долго време не заспа и донесе решение утре уште на првиот час да ја погледа та ако сакаат сите деца со се даскал нека го видат и нека го тепаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поп Петко фати аргати да се собере бериќетот од Биновите ниви и Крле беше зафатен како сите деца за првпат во својот живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите деца кои минуваа крај слаткарницата, занесно го гледаа слончето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„И сум. Го сакам училиштето и сите деца.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Одеднаш, едно од дечињата силно исписка. Сите деца за миг се најдоа крај своите баби. Што ли се случи?
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тој ги разгледа намуртено сите деца и, најпосле, погледот го задржа на Трајанка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А Мартин долго по ова се држеше на страна од сите деца во селото, зашто ретко кое да не начекаше момент и одненадеж да му викне: - Јатак!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но, кога влегоа во големата соба со многу столчиња и масички, и кога сите деца седнаа на своето столче, се виде дека за Зоки нема празно место.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Што би било кога сите деца би дошле со миленичиња?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Учителките и треба да се чувствуваат како мајки на сите деца! Само таквите се вистински учителки!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зашто и на Кобе и над Пешта, и над сите градови на светот оџаците есенски чадат, зашто сите деца во ова утро спијат за олимпијада - и Јан од Братислава, и Фернандо од Мадрид, и оние од Египет и Алжир со ќебе врз густите кадри.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
„Еве го моето зајаче!“ Сите деца ќе сакаат да си имаат вакво зајаче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Што ти е, Малинке? - прашува мама. - Сите деца се лоши!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И Димче наеднаш се почувствува среќен, пресреќен, затоа што пак е обично, весело дете, како сите деца.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А има ли нешто поубаво од тоа да бидеш обично дете, како сите деца!?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)