сите (зам.) - несреќа (имн.)

Сите несреќи што во последно време се случуваа во куќата беа во врска со него.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Курво, ороспијо, растурикуќо, штирко, ти ги донесе сите несреќи во нашава куќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Застануваа ноќе на прозорците, излегуваа на вратите и чардаците и штутеа да чујат нешто, претчувствувајќи дека сите несреќи идат ноќе.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Со други зборови, таа си ги изми рацете за сите несреќи од едно востание во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)