сите (зам.) - обид (имн.)

Постојат луѓе кои повеќе не можат да се снајдат во просторот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Изгледа тоа се случуваше набрзо по оние денови кога пропаднаа сите обиди на Ролан Јаковлевич и Василиј Јенков да ја добијат проклетата „бумашка“ која ќе им помогнеше да станат инструктори во војската на Кралството на Србите Хрватите и Словенците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова можеше да означува само едно: да се биде нормален е нешто туѓо, изолирано и оставено да се снаоѓа само, како болест на која не можат да ѝ се најдат симптомите – неизлечива и по сите обиди да се подоздравее, налик на религиозно-осаменичка сооченост со божество кое не ни го потврдува нашето верување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
При тие напори чувствуваат дека сите обиди се попусти, дека не можат да го најдат ни сопственото место во времето. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Земете ги на пример емигрантските држави (континенти) како Америка или Австралија, Јузна Африка итн., и покрај сите обиди на владеачките олигархии и нивниот политичко- социјален инженеринг (масонерија), вие сѐ уште имате страотни општествени дисбаланси - расизам, гетоизација, национални лобија...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Најпосле од сите обиди му преостана уште само да го гледа и тој долго го гледаше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)