сите (зам.) - пат (имн.)

Јас сега ќе наредам деврие низ селото, караули по сите патишта, а еден чауш лично кај тебе ќе караули.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мудурот се поослободи и нешто се присети та пак плусна со рацете.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Сите патишта лево десно ги знам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа намера го тераше да смислува најразлични начини како да ја оствари, но на сите патишта пак му се јавуваше потребата од посредник.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Србите се националисти со арно сознаени народни идеали и интереси, кои што со труд, наука, перо и дипломатија сите како еден човек одат по еден општ за сите пат и затоа постигнуваат победи над Бугарите на секој чекор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оти фронт е, војна. Војска ги има затнато сите патишта натаму. Секаде по сртот е топ до топ.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
V Ги изгубив сите патишта. И оној на твоите мртви дојки што води.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Каде и да одам, чинам сите патишта поаѓаат од него и се враќаат во него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Врнеше снегот со денови, со недели, со месеци и затрупа сѐ: сите патишта низ селото, сите дворови и бавчи, сите куќи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Сите патишта ми биле препречени, мајко! - Знам - така било пишано - и на Ѕвезда моја, и на тебе - а од пишаното никогаш не можело да се избега - Знам, и тагата ти била чемерна - наживо жива рана те горела.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Саде насон ми идеш... и ме гушнуваш... Дали јазли врзани ти се сите патишта?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Простете, рекол тој Васко Тушев. - Ќе појдат душите на мртвите по мене, браќа мои ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и неговата душа се извивала во некаква празнина - тој ќе патува, а кога таа душа ќе отпатува еднаш, ненадејно како и другите души на луѓето од тоа парче на прегазениот Балкан, тој веќе не ќе патува и ќе ги заборави сите патишта на овој свет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од жилите на ореовината оживувал Пустиник Во очите на Пустиникот светиот пат и самотата на сите патишта пусти што водат кон ниедно море кон ниеден град.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сега сите патишта беа отворени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Поза Додека месечината од мракот парампарче прави во нас несвесното е распослано како освојувачот пред Рим кајшто сите патишта водат тој што во тебе бара сличности со историски ликови фрески соѕвездија твој домородец е варварин биди испади го биди на оваа гозба нема ни мудрости ни шлаканици ќе се сликаме голи и гладни додека ги јадеме животот и лебот на љубовта и за твојот и за нивниот мирен сон.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мајката, дали овдека е крајот на сите патишта, си мислиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кај ќе го водам, кога од село не се излегува. Сите патишта се затворени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)