сите (зам.) - поглед (имн.)

Во секој случај сите погледи и перспективи завршуваат во магмата на релативизмот за таму потполно да ја изгубат принципиелноста на сопствената методологија и мотивирачка визура.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Очите сјајат како јаглени, сите погледи се приковани за сцената. Без здив се следи претставата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На ова никој и не обрнуваше внимание затоа што сите погледи беа вперени кон лаптопоите и новите статуси на фејсбук.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сите погледи се свртеа кон Сретена Јаворов.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)