сите (зам.) - правец (имн.)

Патиштата, фабриките, домовите, камионите, автомобилите, возовите, огромните погони и леарници, видливи и невидливи, сета земја во сите правци, високите згради во центарот на градот, станаа обвиени од мијазма на ништожност и јаловост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На тој начин биле покриени сите правци на повлекување на Германците и секој можен објект.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сме се растуриле во сите правци, а околу нас насекаде смрди: мувите и сонцето брзо работат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овде се раѓа симболизмот, футуризмот, дадаизмот и скоро сите правци во уметноста. Пријатен е амбиентот во овие кафеани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој седеше повисоко од другите и со показалецот го сечеше воздухот во сите правци, но секогаш кон одредено лице од кругот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Навистина многу сложен спектар на бои и зраци во сите правци!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, над книгата со записот стоеше распната пајакова мрежа, со конци врзани за сите четири агли на собата, кон сите четири страни на светот, кон сите правци на вселената, исток, запад, север и југ.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Разбрав од моите познати дека овие гробишта се наоѓаат во парискиот реон Клиши, на еден од јазлите, каде што Париз се врзува со „Булеварот на перифериите“ а од каде што се одделуваат автострадите на сите правци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)