сите (зам.) - улица (имн.)

До крајот на есента се случија уште неколку работи за кои Егејците не можеа да најдат објаснување: Господ цела недела не си ги запре солзите и не само што се наполни коритото на Вардар, туку и сите улици, плоштади и подруми до железничкиот насип.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Каде живеел чиновникот што ги беше поканил, за жал, не можеме да кажеме со точност: помнењето започнува силно да нѐ изневерува, и сѐ што се однесува на Петербург, сите улици и куќи се слеале и толку се измешале во главата, што е мошне тешко да извлечеме оттаму нешто што би изгледало пристојно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Слични вести донела и Јосифова. По сите улици во чаршијата - раскажала таа - хајка од Турци, Грци и Евреи да ловат и убиваат егзархисти.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)