сѐ (зам.) - зависи (гл.)

Малку подоцна ми се јави Хенри Гелдзалер и ми кажа дека ја чул веста во некој ресторан додека ручал. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 165
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Толку го погодило тоа кога чул дека жртвата бил Кенеди, што веднаш отишол дома; а сега сакаше да знае како јас можам да бидам толку мирен, иако сум му ја раскажувал приказната за Индија каде видов многу луѓе како лудо се забавуваат бидејќи починал некој што навистина многу го сакале, и дека тогаш сфатив дека всушност сѐ зависи од тоа како ти самиот ќе ја прифатиш ситуацијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Главно се наоѓаше во состојба на распаѓање - посебно ѕидовите беа во лоша состојба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сѐ зависеше од содржината на старите дефтери од битолскиот вакаф.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сѐ зависи од отвореноста / кон себеси, од искреноста / со која ја прифаќаш или не - / вистината која те опкружува и која има / големи, крупни очи кои гледаат / и отаде невидливото.“
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„Можеш да се спасиш од тоа кога ќе посакаш. Сѐ зависи само од тебе.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ зависи од тебе“, беше рекол О'Брајан; но тој знаеше дека не постои никаков свесен чин со кој би го доближил стрелањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ зависи од аголот на нашето гледиште.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Понекогаш мислам дека родителите се многу глупави, што дека се возрасни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа ќе ја нема меѓу нас децата една недела, или повеќе, или помалку, сѐ зависи од одлуката на нејзините, и пак одново истото. Секогаш истото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во информациското доба сѐ зависи од поединецот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Па тој ме тера мене да помислам често дека сите луѓе отсекогаш краделе, а тоа е онаа неговата вистина, што тој ни ја наметна на сиве, така што дури и јас речиси заборавам многу работи, што ги знаев за животот, кога мислев дека сѐ зависи од тоа колку се сака да се создаде нешто, и колку труд ќе се вложи во тоа, и колку чесност и ќе се вложи во тоа, колку чесно и ќе се сака и ќе се создава тоа, и уште колку среќа ќе се има притоа, и дека не постои ништо друго, што би можело да влијае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ зависеше како ќе тргнат работите на изградбата на првата хидроцентрала и брана на реката на истекот од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сѐ зависи од тоа, колку сме спремни да ги почитуваме пропишаните правила“, се трудеше да објасни службеникот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сѐ зависи од службениците на вратата. Тие одговараат за таквите прашања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)