сѐ (зам.) - сака (гл.)

Сѐ сакаш да изнесеш надвор од срцето, да го видат сите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите оние грди мисли што му се роеја во главата додека скиташе по стопанството и она што сѐ сакаше да ѝ кажува едноставно испари од неговата глава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За сѐ сака децата да ја прашуваат нејзе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сѐ сакам на мене да мавне, да ме смачка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред сѐ сакам да ве упатам кон оваа книга, која, ако не во книжарниците, може да се најде во библиотеките.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во сѐ сака да биде прва.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ама, некако не ни дозволуваше да и помогнеме! Сѐ сакаше сама да направи!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)