сѐ (зам.) - тргне (гл.)

АНДРЕЈА: Пукнав денес од работа. Сѐ тргнало да пазари. А ме остави газдата сам со чиракот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но, уште од почетокот на тој брак сѐ тргна наопаку; се роди Здењичка, фала му на Бога, и јас целосно ѝ се посветив; Партијата падна од власт, но Земанек доби високо место (стана генерален секретар) и постојано се подготвуваше за ново враќање на власт.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И идат некои оси и некои стршни и некои пеперуги и коњски муви. Сѐ тргнало по нас, сѐ бега со нас, кон шумата. Ги оставаат седелата, дувлата, осарниците, дупките и сите идат по нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една од девојките ќе води љубов со него“, едноставно сѐ тргна наопаку.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)