сѐ (зам.) - го (зам.)

Ги сакаше Бошко јорганџиите, и стоеше пред нивните дуќани залапано, додека тие го дрндаа памукот пред негови очи, ја сакаше папуџиската чаршија каде што на шега му дозволуваа да обуе лева папуча на десна нога: во кујунџиската чаршија со големи стреи и кепенци, каде што златото и среброто блештеа и го заслепуваа, се смееше будалесто: но најмногу од сѐ го сакаше безистенот, чист и среден, со мириси на ѓулсуи и темјан, каде што по калдрмата пред дуќаните не се растураа распарани опинци, парчина тенеќе или шајки, и каде што можеше да влезе од една врата а да излезе од друга, и пак од таа што излегол да се врати назад.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но сѐ го предава, што се вели, и кога ќе ми проговори и кога ќе ме погледне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А, Наум? Ах, само да го знаеше ти него. Чуда можеше тој да направи со тие негови вредни раце. За сѐ го бидуваше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сламеното Мече може да изгледа како живо. Па затоа Зоки Поки најмногу од сѐ го сака.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Главно зборуваше за својата голема тага, за тоа како ја будат среде сон гласовите на несреќата; го проколнуваше оној „кој му ја фрли смртта в прегратка“; но како што минуваше времето не забораваше да забележи дека нејзин Ролан таму горе сигурно е задоволен бидејќи на неговата могила секој ден осамнува свежо цвеќе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знам од која причина но Трајчеица и од мене криеше кој сѐ го посетува гробот на Генералот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Телото е нешто друго. Меморија. Можеби се двоуми, но и покрај сѐ го вади клучот. Го склопува окцето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Животот можеби не ќе беше ни овен ни бишка, ако не бевме ние, вели речиси налутено Крсте Манев обѕирнувајќи се да види кој сѐ го слуша.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Какви сенки, каков облак Прстот Висок овде собрал; сѐ го чува мојот зрак!“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Да се видат сите добра од случајот на една проба; со сенките е како кога“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вртисенка паднал подан и потонал во тој мрак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)