сѐ (зам.) - ме (зам.)

Сѐ ме врти, ме боли, и сето наеднаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Види мрави да не влегле во маштеницата, викам, од мравите побрзо ќе зоврие, ќе се скисели, викам, мрави, викам, мрави, мрави, од секаде мрави: во очите, под кожата, во маштеницата, види во маштеницата, викам, а Јон ми се одѕива, не слуша, а ми се одѕива, а мене сѐ ме боли и ме онеспособува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но утредента пак станувам пробуден од сонцето што далгите на сонот ги подмладува, па не знам дали од љубов или од омраза со таа младост за сѐ ме наградува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Не знам што ми фали. Не можам да ти покажам каде ме боли. Овде накаде, (внатре, сѐ ме боли).
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)