сѐ (зам.) - нешто (зам.)

Сѐ нешчо и виде, и чу безбеле. Ете, јас чу оти поп Петко, излегол од Жиовчевите и си дошол кај ќерка му Бисера, најсна ли било?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сѐ нешто треба човекот да го гризе!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако е речено, од Господа благословено и од светиите поткрепено од ровката земја сѐ нешто ќе из’рти, ќе пркне, ќе ботее, ќе класа, ќе дрочи, ќе зрее - песна ќе се слуша низ домата, низ селото и над Езерската шир.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сѐ нешто бладаат, вели, јазикот им е сув и црн, на крајовите од устите им се смежуравила некоја црна павлага, вели, а мевот им се надул, како на тешка жена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никогаш не сум била толку неспретна како тие први денови: сѐ нешто ќе скршев, немаше да направам како што треба и поради тоа уште повеќе се нервирав и станував сѐ полоша.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сѐ нешто на пеење, на играње ме тера...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)