сѐ (зам.) - ова (зам.)

Тврди дека ја има и сликата што ќе ми ја открие тајната по која толку долго трагам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или тој Боге од Бањи измислува? Зар сѐ ова што го вели е лага?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вели: „Кога ќе ја видиш сликата ќе откриеш кој си“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или му дошло некако на ум дека тоа е најкраткиот пат до утехата, па побрза да ми ја соопшти оваа новина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Би сакал да станам и некаде да одјурам, да се растрчам низ селово и сѐ ова што ме мачи да го истресам некаде. Но постелата ме држи како закован.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Само сѐ ова треба да го држиш во тајност - му рече Горјан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Рајно“, ѝ реков, „Сѐ ова што го прикажуваш можело ама и не морало да се случи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во ред, да претпоставиме дека М Ѓурев воопшто го нема посетено другарот секретар во спомнатиот понеделник; дека не ја видел белезицата на раката на Ботка; дека сѐ ова што се случува со него во затворов овие денови се некои необјаснети привидувања; дека и кај него, еве, дошло до тоа пореметување на рамнотежата помеѓу она што не било, и она што тој мисли па дури и верува дека се случило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сѐ ова се таканаречените породилни маки при освојувањето на повисоки позиции на општествените скалила“, заклучи заобиколувајќи ја последната соспа снег.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)