сѐ (зам.) - што (зам.)

Се вслушнувам во рабинот... се вслушнувам во седумгодишното дете, во сѐ што е мудрост и природа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Ќе носиш одоздола, од Грција, му велам јас, таму не се војува. - Грција е сиромашна земја, вели Григор, сѐ што има Грција, сето ѝ е од бога.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И потем легнав под дрвото; бев решена да му исполнам на тоа несреќно будалче сѐ што ќе посака; го открив сосема стомакот, и тој почна со својот ритуал; сипуваше по неколку капки во папокот, и потем со јазикот ги лижеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
-Сѐ што е живо, испушта топлина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сѐ ми разбуди.. сѐ што беше заспало, и срцето и душата и мене ме разбуди, од лошиот сон кој го сонев.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Марија - Јана. Јосиф - Симеон! Ти си кретен, свети духу, мислеше и не знаеше што мислат за него сите оние од Нојовиот ковчег собрани како штаб за да го судат за дезертрство од човечката кожа, за ноќно `рзнување и обеспокојување на сѐ што е живо во тој библиски кораб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Собрав сѐ што имав по џебовите и го фрлив во огнот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слушам како умира времето... Покрај лисјето што паѓа и мразот што се фаќа за рацете до каде сум стигнал Тоа умира сѐ што се раѓа па вечно сум со него помал макар за еден чекор
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Но таа си остануваше сѐ иста: навикната да ја гледа само опачината на работите, сурово одбиваше сѐ што би можело да повее радост, надеж...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги придвижи усните. „Сѐ што знам е дека ова е навистина крајот на почетокот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Суштината, момци, е во тоа дека сѐ што може да се случи, во физичка смисла, се случува, во некоја алтернативна верзија на „нашиот” универзум.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Јас со часови гледав на Интернет сѐ што пишуваше за рак на желудникот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Зад неа стои брат му Рафаил Давидовиќ дојден оддалеку, од преку голема вода.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сѐ што не си јал мислиш дека не се јаде, вели. Ја закачувам потката во градината и гледам дали никнал босилекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Извлекуваа однатре сѐ што ќе најдеа: крави, овци, коњи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сѐ што чекаше, беше завршено, и сѐ што ќе дојде отсега па натаму ќе биде како некое дополнително постоење, одделено од првото со овој миг на леснотија, на празнотија, на зачудување и на олеснување - единствен миг, без сомнение, што треба да се поздрави патем и во чија што чест запазив едноминутно молчење. (202) Овој дневник е суптилна матрица на мрзливост. (202)
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Едно нервозно движење, некој несвесен израз на неспокојство, обичај да си зборуваш сам со себе - сѐ што содржи навестување на ненормалност, или на нешто што сакаш да скриеш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едноставно, тоа е еден инхерентен факт за грамофоните, дека тие не можат да направат сѐ што ние би посакале да можат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Волот на Сечковски остана убиен на пат.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зафати водата полека да истечува, да се впива во земјата, да се повлекува од дворовите, да ги ослободува заробените куќи, луѓето, добитокот; се покажа виножитото, па и тоа како да шумкаше колку што можеше, задува ветер, па и тој започна да ја суши земјата; излезе и сонцето од облаците, па и тоа почна да ја цица земјата; излегоа луѓето од куќите како од Ноевиот ковчег, се бацуваа што го преживеаја овој потоп, оваа несреќа; се јавија и птиците што беа скриени некаде, се нафрлија да клувкаат на сѐ што ќе видеа за јадење; се грабеа, се биеја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ми беше доволно да ги отворам овие книги на која било страница, за да го почувствувам зрачењето на едно блескотно присуство кое се наложуваше како егзактна антитеза на сѐ што некаква постојана актуелност без прекин ни ги бодеше очите: омраза, свирепост, лудост и над сѐ глупост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Па, сѐ што можев да кажам е дека ако некој беше „во ред” кога не запознал, тогаш и останал таков, а ако имал некој проблем, тогаш понекогаш никој и ништо не би му помогнало.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И викај по Јона да превртува сѐ што е мое: алишта, обушје, сиот ковчег да го преврти наопаку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој ден речиси сите го видоа Дине Бочаровски оти и тој се вртеше околу дрвената барака, лепеше нагоре и попреку штици, расчистуваше, одделуваше сѐ што беше дрвено од малтер, тула или трска и ги редеше во два купа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Браќата се исправаат. Сѐ што и да посакаш. Би влегле ли во вировите на рекава?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сѐ што беше важно во тој момент беше да остане некако жив, додека да помине грчот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Змејко сега само ја гледаше таа парталава прилика, таа кобна сенка на сѐ што е измачено, и нејзината изострена, прегладнета и премалена од тоа муцка, што просто болеше со тоа колку беше бессилна, додека лудечки матниот поглед од неговите чиниш празни, чиниш истечени и без никаков одблесок очи, бликаше со една тапа стрвност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од огинот на нејзината песна се запали сѐ што е пред неа, околу неа. Сѐ изгоре, сѐ испосуши.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
106. Тоа нешто не се предвидуваше, зашто се мисли оти името „Бугарин” ќе ни донесе сѐ што очекувавме од народното движење. Но во пресметките се излагавме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Недоизбувнатата расправија беше длабока и темна мудрост под превивки на сурово самозаборавање со што си ги криеја срцата, не толку еден од друг колку секој од себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад го распарал животното со долго и сигурно движење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А така момчета, вели и појди кај едни, појди кај други, не куражи и благодарја ви на учението, ни вели и ние: покорно благодарим, ќе му одречеме, а шумата свети, мислиш сонцето заборавило да зајде, да се тргне од неа, а сонце нема, небото на твоите рамена се потпира и тука учевме сѐ што си има една држава за да напаѓа и војната си тера и првин се бориме со Грците и со Англичаните и дење-ноќе во окопи, со цела спрема и не смееш да заспиеш, оти ако те најдат заспан, ќе те врзат на сонце, ако е сонце, ако не е дожд, и така ќе скапуваш, 123
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како последица на тој однос, кај него се родила една толкава аверзија кон поимот фамилија, семејство и сѐ што во значенска смисла опфаќаат тие поими... - продолжуваше Едвард.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ме фати страв; се чувствував одговорна за сѐ што му се случува, и не знаев што да преземам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Има душа, душо! Сѐ што не може да си го објасниме, а тоа не е малку.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Утредента добија уште два, полни со сѐ што на едно семејство во неволја му е потребно да ги пројде деновите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но имаше и фини: ме испраќаа љубезно фрлајќи ми со врвот од прстите водушни бакнежи; но некои врескаа толку силно, што ги собираа и соседите и полицијата; морав да бегам и да оставам сѐ што имав во станот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И од страв да не се заебе пак, сѐ што прави после е без срце, без хи-фи, и само со цел да го замачка она што прво го направил.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Па - живна Циљка - јас знам да плетам, да готвам, да предам, да молзам и да правам урда и сирење... па, знам скоро сѐ што се прави на село...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеше за неа да се каже баш она што бев го прочитал некаде во некоја книга дека сѐ што е благородно, самото по себе е од тивка природа и како да спие, сѐ додека не го разбуди некоја противречност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Таму тој направи што направи. Под негова рака беше сѐ што беше трговија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ние, неј­зините деца, со веќе оформени семејства, неутешени пора­ди нејзиното неидење кај нас, како да сакавме да си ја сми­руваме совеста, секој на свој начин: ѝ носевме, ѝ купувавме сѐ што требаше и што не требаше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Клошар сум, без скапан денар. Сѐ што заработувам, оди за кирија и сметки. Одвај склопувам за цигари и кафе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Она што Господ сака, тоа и може; но тој не сака сѐ што може.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Некогаш се прашував ‘Кој сум јас?’, а сега знам: јас сум ништо.“ Идниот ден разговарав со брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
При сѐ што цело време зборуваше, Живко брзаше да го домака червишот од ширденот пред да му се залои, потиснувајќи ги недоџваканите залаци со долги голтки од виното што режеше како расолница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ што не те научиле на училиште, јас ќе те научам овде. Многу сте се распашале.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Едо, ципурата е најдобрата риба!“ вели Летка, а нејзе не може да не ѝ се верува за сѐ што има врска со задоволствата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе му накалемат сѐ што сакаат, ако треба и против своите кози да зборува!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И така: згоре-удолу, Џемо полјакот го враќа дома. Ја спружува пушката во скутот и бара зелник со кисело млеко, бара што има и што нема. Сѐ што му сака газот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сѐ што се прави, велам, се прави за пофалба или од сожалување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да одделиш миг, минута, час, оваа поезија кој ја чита бесплатно нека ги земе, сѐ што е бесплатно највредно ќе е.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Што секако не значи дека сѐ што во иднината ќе гледаме на телевизија ќе биде лага.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Рада разгледуваше наоколу. Чудно ѝ беше сѐ што виде. Се прашуваше чиј е овој имот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како воопшто го издржуваш овој одвратен, бездушен град кој не поседува минимум критериуми и којшто се пали бескрајно бавно и накнадно, ко фитиљ во цртан филм, и сѐ што имаме од него се тие комично гарави лица наутро во огледалото, ко проклети потсеќања дека овде сѐ е џабе и дека немаме шанси?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа било сѐ што давало некаков знак на живот и во целата таа шума, а тоа сега го опфаќало сѐ повеќе и оној човек, со едната покуса нога, на дваесетина чекори од стапицата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ѕверски се тргнав од неговата тромава прегратка, скокнав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Статуите, натписите, меморијалните плочи, имињата на улиците - сѐ што можеше да фрли светлина врз минатото, беше систематски менувано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Редуктивно извлекување од себе сѐ што е скриено во ходниците на потсвеста, подвижни слики кои се премногу ранливи и приватни, проживеани, срамежливи приказни, соголување на душата од тврдиот кожурец на времето, ослободување од напнатоста и драмите кои сами ги создаваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Умно велеше Филозофот: сѐ што гледаме сведочи за невидливото: За оној кој го направил видливо сето ова, а самиот останал невидлив, се сокрил од пред очите наши за да нѐ гледа, да нѐ слуша, да нѐ демне; нѐ оставил да го бараме и созерцаваме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И цел ден шумеше првата брезичка, ѝ раскажуваше на својата сестричка за сѐ што таа не можеше да го види.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Понекогаш квечерум чистачот на чевли од Plaza de Armas седнат пред портата на својата розова куќичка под огромниот крст на врв рид ќе фрли поглед на параглајдерите над Мирафлорес - колку да им довикне на аздисаните туристи и авантуристи дека сѐ што лета не е кондор, ќе фрли поглед чистачот на чевли и кон сурферите кај Баранко - колку да им довикне на јавачите врз сопствените мечти дека баш во Баранко опирањето на застоеноста на живеачката се правеше со вина, песни и убави жени, а не со некакви пластични секачи на морските бранови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Можеби - а? - дошол да моли прошка, рекол Цветко Грнар. - Не дошол да моли, рекол Наџак-Јанко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некако во моментот се сетив на сѐ што поминав со Холанѓанецот кој сега стоеше висок и згоден пред мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Ќе ноќеваме овде, како од крцкањето на огнот да извирал гласот на челникот Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ками ќе рече дека не може во музеј да се најде смислата на надежта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Отсутен од сѐ што ја брануваше, нервозно извика: - Ама што правиш, уште не си почнала ни да се дегримираш?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Затоа, скриено, со лукаво притворство и в очи му се смее, а зад грб нескриено го исмева и го карикира, наоѓајќи во тоа особено задоволство, некаква одмазда за сѐ што трпи од него.) Е, жено, ем бргу, ем полека!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Ќе ти направам.“ „Кога?“ „Кога сакаш.“ „Може сега?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Ќе се родиш ли и по третпат, честит стрико, замислено прашал Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видов, не видов и ѝ дадов сѐ што мислев дека ми е многу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Промени* квартални циклусни целосни или нецелосни очекувани и неочекувани * одење во крајности * бескрајно тоа е сѐ што очекуваме од животот од професијата од климата***
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Дури гемиџиите и да не сакале, или да немале потреба од контакти со ЦК, самиот ЦК не можел да биде индиферентен и да не се интересира за сѐ што се случувало на револуционерното поле во градот, па и во цела Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Разулавените граѓани рушеа сѐ што беше златно, па градот заличе на град нападнат од диви непријателски орди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сѐ што не е наведено во поканата - можете да го сметате за дел од изненадувачкиот процес. * Доколку изненадувањето наведено погоре, не биде пријатно или не ги задоволува вашите очекувања - парите нема да ви бидат вратени!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите предедовци и да почитува сѐ што имаат тие направено за своето потомство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од каде таа страшна потреба да се уништи сѐ што се градело, да се запали, да се срамни со земја.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги истоштуваа со тортура и со самување сѐ додека не станеа бедни, лелекаво-човечки руини, кои признаваа сѐ што ќе им се ставеше в уста, се нагрдуваа самите себе, се обвинуваа и се криеја еден зад друг, цимолејќи за милост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зошто? Зошто да јаде, вдишува и пие сѐ што е француско?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сѐ што беше големо и импресивно, доколку изгледаше релативно ново, автоматски се прогласуваше дека било изградено од Револуцијата наваму, додека сѐ што беше очигледно од постар датум, му беше припишувано на некаков магловит период наречен Среден Век.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Сакам сѐ што ќе допрам со рацете да се претвори во суво злато! - Нека биде!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Затоа ќе сториш сѐ што се бара од тебе.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но сѐ што реков јас во нив ќе си остане без добар фундамент ако не се разгледаат некои теориски прашања, од чие правилно поставување ќе зависи успехот во нашето општо работење во полза на нашата татковина и нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се поместив наназад затоа што од грчевитите притискања и тегнења на тетка Олга наоколу летнаа неколку капки, а кога го спуштив долу погледот, видов како влагата се шири по теписонот во вид на темна трага, го опфатил просторот под босите прсти на тетка Олга, а тргнал и накај мене со намера да ми ги натопи стапалата, па се повлеков на сигурна далечина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сѐ што Татко насетуваше во своите свети книги опкружен со марксистичките и со своите потраги во судбината на својот народ по падот на империите, посебно последните три (Римската, Византиската и Отоманската), и сега во загработ на сталинистичко-комунистичката империја, сѐ што можеше да предвиди, јас како да го откривав во музеите, во театарските претстави, во страдањето на вековно спротивставуваниот менталитет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но мојот сон беше повистински од сѐ што доживував.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Змејко ги сакаше сите нејзини работи и сѐ што имаше со неа, а сега како да ја гледаше како му ги изнаоѓа недостатоците на неговото средување и како да си шепотеше самата во себе: „Машка работа“, развртувајќи наоколу и досредувајќи како ветер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овој дојде на определениот ден по своите бегови и агалари и кадијата го отвори мезличот со читањето на ферманот, а калуѓерот Аџи-Јане му објасни за сѐ што разбра во Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Изгуби концентрација и желба за учење, сѐ што ќе прочиташе не запеметуваше; чувствуваше главоболки; ја нервираа викањата и гласовите на децата во паркот, ја нервираше секој шум.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сѐ што треба да направи е да го пренесе на хартија бескрајниот неспокоен монолог што му се одвиваше во главата буквално со години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа издржуваше сѐ што се замислуваше, сѐ што се претпоставуваше во егзилската душа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во тие проектирани светови сѐ што можеме математички да си замислиме е и реално изводливо, дури и она што е во нашата околина „невозможно“, како на пример четиридимензионални тела или човечиња од бадемов леб.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кога се качи горе на проповедалницата, тој се потпре со рацете на пармаците, се заниша, како да се токми в небо да се фрли и извика: „Народе! Луѓе, жени и деца и сѐ што е господово. И кој ме слуша и кој не ме слуша...“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Рече: не, единствено што сакаше да види е Девојките од челзи, бидејќи сакаше да знае зошто нејзината ќерка се фрлила под воз. Не знаев што да кажам).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Татко ја гледаше замислено и загрижено, но правеше сѐ што можеше за да не си го покажува расположението.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Молчевме. Потоа му реков: „Време е да одиш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги испокршија вратите и прозорците, го разурнаа покривот и оградите, и сѐ што најдоа од живина испотепаа, и сѐ што дофатија од покуќнина испокришија и запалија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отвори го ковчегот и запиши сѐ што е во него, ми рекоа а јас стоев и ги слушав како буричкаат по секакви отпадоци зад мене и се закашлуваат од прав и тешки мириси што се закачуваа со лепливи шепи за нивните ноздри и бараа пат кон грлото, кон дробовите, кон многубројното дно на ковчегот од човечко месо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја допрев со прсти болката во слепоочниците и ми се стори дека врвовите на пораснатите нокти ја минуваат коската и растат зад неа криви, непокорни и готови да искинат сѐ што е во мене, и жиличе и мисла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По таа причина сѐ што требаше да излезе пред султанот, го решаваше Великиот везир.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Осознаваше дека во душата се населени и оживуваше нешта кои тој потоа ги пресоздаваше, и допираше сѐ што беше создадено од Бога или од него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И со тој здив сум викала: гробари, свињи, сѐ што ќе ми дојде да викам, а да си мислам дека некој друг го прави тоа зад мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А мене, сѐ што ќе чујам, сѐ да ми застанува в глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ПЕТРИЈА: Леле, мајко моја, ќелепир! Рај божји, рај!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Слушам сѐ што ќе ми речат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оној нејзин поглед упатен кон хоризонтот надвор од сликата можеби е поглед во некоја друга реалност, таму каде што сѐ е сочувано, и каде што сѐ што било, сѐ што е и сѐ што ќе биде, ја добива својата вистинска смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од сѐ што кажа уште при првата средба, добив впечаток дека многу знае, и тоа најмногу за настани и личности од нашето подрачје.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Велам, сѐ што правевме, правевме во неговиот стан.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш тој стоеше на палубата на бродот што заплови од Цезареја кон Рим, придружен од Аристарх од Солун и од Лука, лекарот кој постојано, под будните очи на римските војници, запишуваше сѐ што се случуваше, оти како и тој самиот веруваше дека мора да се пишува за да остане нешто за поколенијата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како да го објаснам тој полет во движењето рано наутро, кога сѐ што шушка, капе и тренира нерви одеднаш не го есапам, како да го нема. Бог ги замеша прстите?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Зашто тие исекоа сѐ што сретнаа на својот пат - и нозете на невеселиот палјачо и коренот на маслинките.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Ви се молам, браќа мои, кажете ми каква е оваа работа што ми знаете сѐ што имам дома?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И дали допреле сѐ што имало во ситото, вели, да не ве пресретнал некој со празни шејови, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но овој ѓавол како да сакаше да се ослободи од сѐ што е темно на него и во него, како да сакаше да ги совлада сите идни искушенија со нова, никогаш порано недоживеана чистота на душата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Споредувајќи го неизвесниот пат на своето семејство со патот на јагулите, тој му ја доверуваше во ноќта на Игор Лозински својата водечка идеја дека сѐ што се случува во природата на планетата Земја, може да се провери во човековиот дух.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Солта се втиснала во гените во парењето и спермата во плазмата и солзата во обредот и магијата не само за да храни ни за да конзервира туку за да подјадува и самата овоплотено време да впива сѐ што ќе допре сѐ што ќе шмркне малку по малку, до крај!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сѐ што беше во умот на Бога кога те создаваше, сега доби форма во мојот ум.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потоа замолчила, намнисувала да си продолжи пругоре по патчето, но се премислила: А вие, сестри, им рекла, нема ништо да направите со викање и со колнење, туку правите како што правевме ние комитите, со пушки, со камења, со дрвја и со сѐ што ќе ви се здаде мавајте по нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога погледот ќе му падне на полуосветленото, безизразно лице на иследникот, зборува сѐ што знае. Без насилство, без додатна принуда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога дрвото покрај кое случајно минувате со задоволство ја претрпува болката од впишувањето на две имиња врз неговата кора со нож; кога истовремената појава на дожд од небото и солзи на вашето лице не може да се нарече случајност; кога светулка се дави во вирче, прета со наводенети крилца борејќи се за живот и притоа не заборава да ве награди со светлина; кога не знаете зошто одот одеднаш ви станува куц; кога не сте пијани, а од некои темни агли на едвај осветлената улица слушате тивко завивање и цивкање на куче; кога не знаете како сте станале дел од таква ноќ... сѐ што ви преостанува е да се гризете од бол и зачуденост.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Таа му покажа на едно дете дека по негова волја може да се преправи во сѐ што тоа ќе посака.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сеедно. Сѐ што се случило продувало како вештерски ветар што се врти виорно во круг.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога утрината му ја подал новата штичка, со наши, а не со негови букви сочинета, тој со прстот сѐ така еднакво минувал и од збор до збор ја повторувал истата приказна од минатата ноќ: богот слегол од небото на земјата и сотворил сѐ што постои денес на лицето на земјата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се радувам кога ќе го најдам кодот на нечиј свет и кога ќе се потврди дека сѐ што е живо има допирни точки. Понекогаш тоа оди само по себе, се случува спонтато.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој од своја страна направи сѐ што можеше да направи, ама ортаците го изневерија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Опкружени сме со покуќнина, Со сѐ што ни треба Крај каминот, на трпезата.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Да можеше човек уште од првиот час да се привикне на такво нешто: едноставно требаше да се биде само малку глуп и лицемерен, тогаш сигурно полесно ќе дојдеше до подобра карактеристика и сѐ што следуваше со тоа парче хартија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклетство, сѐ што живее на земјата - живее да се бие, да се ништи! викаат луѓето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од неговата желност да се трча по сѐ што лета, што бега, што тече и што не може да се задржи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од него остана само уста што изговараше и рака што потпишуваше сѐ што ќе побараа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа е сѐ што Вие треба да знаете.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Само за нокте едно помести го средето на светот, и тоа веќе не е среде, и писмото тајно се брише, не се виѓава. Сѐ што гледаме сведочи за невидливото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И само ако за момент замижиме ќе пропуштиме сѐ што во меѓувреме се случило и ќе се прашаме: -„Дали во животов задоцнивме за многу работи?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Трчкаа низ селото, повикуваа неколцина од општината и сѐ им беше нешто неправо: викаа и пцуеја на сѐ што ќе видеа пред себе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Гледам, сѐ што другите не можат да видат... За тоа МЕ ПОВИКУВАШ!!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Само согледувањето на тие своеобразни црти во карактерот, наравите, обичаите, животот, преданијата и јазикот на нашиот народ е важна причина да сме ние против делењето на нашата татковина и за нејзината автономија, зашто дележот ќе ни искорени сѐ што ни е мило и ќе ни наврзе многу противно нешто на нашиот народен дух.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сѐ што е вистина денес, било вистина од памтивек до вечноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа гледавме во „Распетието“, во лицето на Исус на кое има само помирување со ужасот, во лицето на неговата мајка полно со ужасен очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги жалеа луѓето, ги оплакуваа и правеа маѓии да ја стиосат болеста, тропаа со тенекиња и ја бркаа, палеа ќуќур и козина да ја спотераат и избркаат од каде што дошла; ги стркаа ќералите и плевните со света водица, со жива вар, чадеа темјан и пееја молитви, го молеа господа да ја запре и сотре болеста по ајваните; им врзуваа амајлии на гушата, им сечеа од ушите, од опашката, од роговите - чинеа сѐ што знаеја или ќе чуеја само да ја откатанчат и изгонат болеста.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но ми се гади од хаосот кој е сокриен и се крие зад редот, посебно од обратното, потоа од сѐ што е можно и замисливо.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И предци и потомци На Јордан Плевнеш Ноќва, вкопан во плочата на Сахара, во нејзините црвени африкати, осознавам дека има земји претерано неми, во кои нема што да се откопа - ни коска, ни писмо, ни прстен, осознавам, значи, дека има претерано неми земји кои сами себеси си се кучиња - чувари.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Живееме во некоја илузија дека сѐ што е наше не чини.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, да се прави сѐ што не може да му наштети на другиот е право што е очигледно и е веќе посветено.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Чана знае дека Пелагија се печи на оган, туку го бара нејзиниот поглед со знак за заминување, а тоа и се случува, станува од столицата, му се приближува на Димостена, му ја зема раката како за поздрав и туку брзо и силно ги вкопува своите усни на неа пропелтечувајќи неколку зборови Прости ми Димостене за сѐ што претрпе, за страдањата заради мене, прости ми барем ти ако не може тоа да го направи Света Богородица и дедо Господ, ама на твоите страдања немав храброст да ти натоварам уште и неизбришлив срам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тешко се менуваа работите и по сталинското време, макар што постојано се нагласуваше дека сѐ што се прави е во името на прогресот, на промените, на среќата на луѓето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
– „Еве зошто ние знаеме сѐ што имате дома, Силјане, му рекле, оти ви седиме на куќите; ние се правиме штркови, Силјане, и ви идеме во вашето село и во сиот вилает ваш“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сѐ што е божествено човечко е, а сѐ што е човечко, па дури и логосот, му припаѓа на историјата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Воопшто сѐ што беше правено во боја беше сино. Сината боја доминираше на ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сѐ што знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само, се плашам дека нема да ме пуштат од овде, па би те молел да запишеш сѐ што ќе ти кажам и еден ден да го објавиш и да побараш правда за мене“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Прв пат доаѓаат во овој крај и се одушевени од сѐ што им е понудено, од сместувањето, од храната, и од местоположбата на детскиот центар.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
— Дај ги парите, вели, и вади сѐ што имаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во нив се продаваат стари книги и сѐ што е антика во литературата и тоа на разни јазици, па човек може ненадејно да сретне секакви раритети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие диво прескокнуваа сѐ што беше обично и секојдневно, и бидејќи пречките да бидат заедно беа непремостливи, таа силина на чувствата всушност го содржеше во најголем дел и отпорот спрема таа непремостливост.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Климент Камилски, загледан од чардакот кон тврдината, слушајќи го шумот на реката, ја замислуваше како последно одредиште на старите значења на старите османски зборови, неговата мисла се поврзуваше со тврдината, како траен симбол на сѐ што ги разделува луѓето, религијата, нацијата, државата, предрасудите, под лозунгот на обединувањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
— Со што ве помагаше Народна Република Македонија? — Со хартија, со книги, со весници, велам, со сѐ што ни требаше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дрмон ќе ти ја направи куќата - ем сѐ што ќе најде ќе ти изеде и ќе ти испие, ем ќе ти ја испреврти куќата. И како да не бил тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа ги отвори и прозорците на другите одаи во куќата и на сите простории; ги отвори и долапите, и шкафчињата, и ковчезите, и ношвите и сѐ што можеше да се отвори во куќата - за да се истисне отсекаде воздухот што го дишел Илко, сѐ да се испроветрее.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го обзеде смртен умор. Сѐ што сакаше е да стигне брзо дома, потоа да седне и да молчи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ што моите очи ќе здогледаа се претвораше во нешто заканувачко: калта, дамките, изгорениците, а ако не во такво нешто, тогаш во играчки од непоправливи метални делови.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ќе попораснеш малку од нивно бувтање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стар козар, колекционер на сѐ што се однесува на животното коза , нејзината историја и симболика, ја купив книгата, единствено поради насловот, но таа стана причина за големо задоволство...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Поаѓајќи од фактот дека започнав на овој свет како обично парче бело месо, завршувам со фактот дека сега сум жена која поседува сѐ што треба за да тргне на еден долг пат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа прво, второ: Јована Дамчески, зашто не беше христијанин и Турчин, го закопаа надвор од гробиштата, тука, на Бел Камен, и оттогаш Бел Каменсе вика уште и Јованов Гроб и Турчинов Гроб, а Видана и Ристана, дека беа христијани, ги закопаа, со поп, на гробиштата, и трето, првата, Јовановата и Росината приказна, се случила многу одамна пред триста, четиристотини години, кога Потковицата ја имаа завојувано и ја владееја Турците, а вторава, оваа со Видана, и сѐ што е во врска со неа, започна во Првното србско, во 1912 година, а заврши во Ворото бугарско, во 1943-та...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А таму, бре, ракија, бре туршија, бре татлија, бре нешто ветво, бре нешто ново, сѐ што ти душа сака!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И останале со положени дланки на плочите и со молитва од која само усните им потреперувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
КНИГАТА ЕСЕЈ метално чиста со цврста маса што одѕвонува сталожена спирално овенчана со чинот на раѓањето со сѐ што е банално во стисокот на рацете во писокот на локомотивата во заминувањето кон личната слобода што заробува во една фуснота посветена на моето заборавено име
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
„Празна раница не чува граница“, почнаа да се читаат пароли по буките на Кравица, Петерник, Соколот и Добро Поле, изрежани со штиковите на гладните војници од оваа страна на фронтот и се зачестија „мечките“ каде што имаше Германци, а бугарските војници со „дикат“ дигаа сѐ што имаше за јадење од нивните магацини и кујни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сѐ што е со рог ѓавол е. И јарец и човек. Појдете по мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Македонци мои, спасувајќи се од занданите со повикување на римското граѓанство свое, тогаш неумесно ве подучив и не ви кажав сѐ што требаше да ви кажам.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Штотуку седнале крај софра под свои покриви, суви и преслаби дури и на преслаб ветар да му се спротиват, власта ги потерала пред себе со кундаци и со камшици заедно со оние што патем ја напуштале дружината - ураганот на судбината не престанал да ги сотира.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ што лета не се јаде, си рече потсетувајќи се на поговорката што неговиот очув често ја повторуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Навраќајте во него за да се присетите и за мене, зошто јас постојано се соживував со вас и стрпливо поднесував сѐ што се случуваше; страдав кога со вас нешто тешко ќе се случеше, а кришум се радував и се лутев поради вашите немирлаци; сетете се и за вас, мили деца, за вашите први денови, кога како преплашени зајчиња се припивавте кон клупите и плачливо се држевте за рацете на вашите мајки.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За нашите односи кон Турците јас можам да речам само едно: ние сме задолжени да направиме сѐ што се бара од нас за да ѝ докажеме на Турција оти нејзиното останување како европска држава среќава во нас полно сочувство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еден млад човек кој водеше сметка за својата позиција во општеството и кој се подготвуваше за женидба, ја натера својата идна жена да вети дека нема повеќе да се занимава со клептоманија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сѐ што е гнасно си го даваат за јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Полегнуваа житата и сѐ што ќе потераше потеруваше невесело и болно Ние лежевме прегрнувајќи ја земјата зашто само таа може да нѐ спаси И слушавме како кон нејзиното убаво време и по патиштата шетаат црквени ѕвона.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Пишуваше: “My brother went to London, and all I got was this Lousy t-shirt” „(Брат ми беше во Лондон и сѐ што добив од него е оваа вошкарска маица)”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој им кажа сѐ што знаеше за неа, за нејзините навики, нејзиниот карактер, нејзиниот минат живот; тој призна до најбезначајни детали сѐ што се случуваше за време на нивните состаноци, сѐ што ѝ рече тој нејзе и таа нему, за нивните оброци од црниот пазар, за нивното прељубништво, за нивните нејасни заговори против Партијата - сѐ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие во домот живееја со исти права како и стариците, имаа исти државни кревети со ќебиња, на кои беше напишано “Нозе”, облечени беа, како и стариците, во тоалденор со боја на глушец, но благодарение на младоста и на силата, се хранеа подобро од воспитаничките.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Трајко ја симна грижата за куќата и Митра од својот грб, гледајќи го Толета како стопански се грижи за сѐ што е потребно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така Јоше правел сѐ што ќе му речел татко, само за да може да свири, да има некој да го слуша, да има и друг што ќе се радува со неговото свирење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ што правеа тие беше да ја одржуваат во него вербата, или надежта, дека и други покрај него се непријатели на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И, ако имаме среќа нашето дете да стане нуклеарен инженер, во што ќе вложиме сѐ што можеме и имаме, не прашувајќи се дека тогаш тоа наше дете ништо друго не ќе сака повеќе одошто да му се даде можност да ја стави во погон нуклеарната сила чии тајни ги владее, ако ништо друго да проектира и изгради нуклеарна централа!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Филозофот се заинтересирал за она што било запишано на штичката и го замолил Кападокиецот да прочита; тој пак, целосно ослепен од болеста, со прстот одел од знак до знак и раскажал неверојатна повест за некаков бог што слегол од небото на лицето од земјата и сотворил сѐ што постои.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Стори ни абер ако е нешто опасно. Жити сѐ што ти е најмило.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Овој јазик зачува сѐ што сметавме дека е вредно пред социјализмот (од кубизам до надреализам) кога постоеше континуитет на развој со остатокот од Европа од почетокот на овој век.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Мои ли се тие, тато? - прашуваше Билјана покажувајќи на цветчињата. - Сѐ што е на праскава, твое е, - реков.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Со сѐ што го заобиколуваше? И сѐ тоа попусто.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ПОМИНА ЦЕЛА ГОДИНА, завлезе во втората откако Анѓа пропадна во харемот на кадијата, и сѐ што можеше направи тој да ја наговори да се потурчи, па да ја нареди во редот на своите законити анами, ама не успеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Контрабандата се разви на мртво, се тргуваше со сѐ што ќе се најдеше од петлица до игла.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Бев среќна што ќе бидам единствената што има таква маичка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
— Не го знаете нивното лицемерие, вели дедо, сѐ што ќе ви ветат пак ќе погазат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одново бродиш – а неа нигде ќе ја нема И сѐ што ќе видиш пред да оземјиш, пред да онебееш Ќе биде сликата: Си играат две дечиња заборавени крај водата сина Едното уште кружи – другото се вика Разделина.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
- Го носи на душа покојниот Борис Калпак и виновен е за сѐ што се случи вчера. - Виде како ги исклавме оние што дојдоа да се колат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека го покриваа со капакот дедо му Аврам гледаше студено, отсутно, рамнодушно и кон луѓето и кон сѐ околу себе, кон сѐ што постои.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Лектира кнезу Репнине пукната калино во мозокот црвено во копнежот се всадуваш прибираш сѐ што е светло безграничен меѓу корици мирисаш на бебе те канам чај да се напиеме зимата да ја згаснеме небаре жед ти седумдесет и шестата јас тебе да те видам меѓу луѓето немаштија во мене исто така - има што да видиш дождот се самоубива кога врне за да постои мора да врне зли абери како метафори ме следат ѝ се ближи крајот на неизвесноста репнине литературо!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таму, во мал заграден простор се садеше грав, пипер, праз, зелка, домати, сѐ што можеше да вирее на ова место, сѐ што беше потребно за едно пристојно поминување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сѐ што требаше да се каже веќе го кажаа нивните очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најнеограничената слобода на вероисповед е за мене толку свето право, што ми се чини дека зборот толеранција што тоа право го изразува, е на некој начин тирански, бидејќи постоењето на авторитетот што има моќ да толерира, ја загрозува слободата на мислење веќе само со тоа што толерира и исто така би можел да не толерира.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ што треба денес да се стори за да се влезе во кралството на уметноста, е да се влезе во автомобил.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако некој сака да дознае како живеевме тоа лето 1966 во Њујорк, сѐ што можам да му кажам е да го погледне Девојките од челзи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во нив отсекогаш сѐ што е родено е живо и затоа нема и што да се откопа: луѓето таму во крвта си ги носат предците па затоа и не веруваат во одминливоста, самите себеси си се и предци и потомци: нанижани во долги низи црвени африкати, огнот во нивните колиби ги ништел сите нивни платони и исуси, бетовени и целани, па точно затоа тие и сѐ му доверуваа на зборот: сите нивни пориви и тајни - зборот ги префрлал преку вековите.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Преку владиците Бугарите сакаат да истребат сѐ што не им е пријатно, а најмногу црковно-општинската самоуправа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Која родословна гранка сега ја смислуваш, на кој Лепи Лаза ликот му го дотеруваш, на кој внук на која внучка ѝ го исцртуваш гранчето и на гранчето пратчето и врз пратчето името и сѐ што ѝ прилега, како што треба да му прилега на длабокиот корен и на богатото стебло на твоето родословие?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мирабо (Mirabeau), говор во собранието 23. август 1789 ПРАВОТО ДА ТОЛЕРИРАШ Не доаѓам да прогласувам толеранција.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И сѐ што се гледа на земјата се гледа и на Левтерија. Се пишува и се чита.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Улиците се исполнија со луѓе кои со пили, секири, чекани, кршеа сѐ што ќе видеа дека е златно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Најголема трагедија е да видите многу од светот но сѐ уште да не успеете да допрете до сопствената душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потоа зафатија силни ветрови да дуваат и го спотераа дождот; дуваа од сите страни, дуваа и од височина, се креваа и од земјата, налетуваа во бранови со прескокнување, со бучење, со завивање; ги витлеа короните на дрвјата, носеа со себе откинати гранки, валми сено и лисја и сѐ што можеа да соберат; носеа и сламени покриви од плевните, ги тресеа прозорците на куќите и втеруваа страв и во луѓето и во добитокот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сѐ што гледаме е само одблесок на она што не можеме да го видиме.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Значи, јазикот е главно физиолошко – психолошка способност на човекот и како таква зависи од сѐ што прави да се менува човекот, т.е. со развивање на еден човек и еден народ се развива и неговиот јазик, со нивното опаѓање – опаѓа и нивниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сѐ што беше да се пее: за фаќањето на Ристоса, за распинањето, за закопувањето, за влегување во пеколот од каде го извади Адама, та и за самото негово воскресение се пееше цела недела пред Велигден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„И ќе ве пцујам, тебе и сѐ што е твое, ваше. А ти, крџалијо, дојде да ме убиеш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од прапочетокот, од првиот разлог, од сѐ што создал тој, од видливото и од невидливото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А за тоа, за печење леб, зашто ништо што е погано не смее да дојде направо во допир со лебот, а погано е сѐ што не е природно, за завалување на фурните и вршниците, употрабуваа слама, измешана со суварки, или со дрвени трње.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше и Ное, оној кој пред Потопот го беше собрал во кофчегот своето семејство, „и сите ѕверови според родот нивни, и добитокот според неговиот род, и сите гадови, што се влечеа по земјата, според нивниот род, и сѐ што лета, според родот негов, птиците сите и сѐ што има криља“; само за нас четирите немаше место на списокот на нашиот брат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Копнееше по секој спомен, драго му беше сѐ што го сврзуваше со Неа, со синот и малата Весна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ што било пред тоа Лозан Перуника утре ќе е призрак на скрб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ поблиско и поприфатливо ми е сознанието дека сѐ што не е традиција е една минливост и - плагијат.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тој не зеде никаков удел во матните работи кога се случуваа немилосрдните и користољубиви конфискации и национализации коишто одеа до бесмисленост, кога неговите колеги се вселуваа во куќите на богатите присвојувајќи ја покуќнината и сѐ што ќе стигнеа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Приказни смислувам, митови, стории за да те кажам: те именувам, ти се обраќам и те сликам, те олицетворувам, те отелотворувам и, да признаам, сѐ што сум напишал досега до тебе обраќање е: веслање по вода, воздух, етер, земја учење на твојот јазик следење на твојот пат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сѐ што се одигра за тоа кратко време некако до срце ме потресе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога ќе легнете крај мене вие ќе имате стрпливост да чуете сѐ што сте ѝ повериле на мојата невиност, А до тогај нека ве хранат дневниците од нашето продадено пријателство.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Кога ги одвои своите усни од моите, рече: „Некогаш се прашував ‘Кој сум јас?’, и се надевав дека низ таа запрашаност ќе стигнам до одговорот за сопствената суштина која ме поврзува со сѐ што постои во универзумот - состојба до која треба да стигне секое човечко суштество поставувајќи си го тоа прашање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да ми е да се напрчам во ладовина, сѐ што е женско да се собере во ред и само да се насадуваат и да си одат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За секој друг оној единствен избеган самјак и тврдоглавата мечка, пред која сѐ што ти останува е да отстапиш, не би морало да значи нешто толку големо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ова е денот што долго го чекав. Дојде Големиот ден. Вистинскиот ден, оној во кој на виделина ќе изнесам сѐ што знам и умеам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сѐ што се знаеше беше, дека во секој квартал од годината се произведуваат астрономски бројки чизми на хартија, додека барем половината од населението на Океанија одеше босо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му влагаше кај комшиите дома, ќе отвореше ноќвите та ќе изваеше сѐ што имат внатре и ќе наклаеше сѐ насрет куќа.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Сѐ што беше на менито пак беше од кокошка, и овојпат беше густо и цврсто, неповолно за мојата и онака измачена столица.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Како сѐ, сѐ? Сѐ што лета, сѐ што оди, сѐ што има?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„За насилство јас сум скроен!“ Се огласил со крик боен, „Сѐ што видам да е мое – Денес бара, утре море...“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сѐ што е господово е од убаво, поубаво, велиме, кај сме виделе ние поубаво?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А го мачкам со сѐ што ќе ми речат го мачкам; ракии, киселини, лукови, саѓи, катрани, со сѐ обидов.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знаењето сега, моментите на искушение ги прави понижувачки и пеколно неиздржливи, како што, некогаш, моментите на напредок во кариерата му ги правеше исполнети со самозадоволство и потем со блаженост.  „Значи, да видиме”, започнува секогаш исто неговиот иследник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А сѐ му се гледа на лицето, сѐ што сака да каже на лице му е напишано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Каква што е помислата на секој читател, претпоставувам да му пишува на авторот и јас посакував да им пишувам на некои автори, но тоа никогаш не го направив; јас бев пречувствителна на фактот дека Господин или Госпоѓа Х живеејќи на одредена адреса не можела да биде истата личност како онаа која живее во своите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не ми е тешко да се исклучам и да избегам и да подишам чист воздух, подалеку од целата оваа хаотична, разулавена, дива, неморална реалност без прави вредности.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Името ти беше отстранувано од регистрите, секој запис за сѐ што некогаш си сторил се бришеше, твоето некогашно постоење беше одречено, а потоа заборавено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие од домот крадеа сѐ што не успеваше да го украде Алхен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Одеше несигурно и наморничавен чудејќи се зошто неговите очи искривуваат сѐ што и да видат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Низ него го гледаше обзорувањето и зајдувањето на денот - тоа вечно намотување бело клопче на црно, црно на бело, како што му велеше баба му; го гледаше езерото кога беше мирно и кога се преливаше во севозможни бои како бесценет камен, го гледаше кога рикаше и бучеше како ѕверки да му се бијат во утробата, го гледаше виножитото што со едниот крај се спушташе во него заслепувајќи ги очите со прекрасни бои; го сгедаше езерото кога надојдуваше и од брегот поземаше сѐ што останало на песокта:
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На зборот „нов“ на Акакиј Акакиевич му се премрежија очите и сѐ што имаше во собата почна да се врти околу него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кревам и столови и сѐ што ми се вдаде кревам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Преку нив ние ја добивме нашата прва духовна храна, зашто со нив се осмислуваше сѐ што гледавме со нашите очи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, мораш да признаеш, некои ти беа само бројки, а јас, ти се колнам во бога и во сѐ што ми е најмило на овој свет, погрешив само еднаш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Задоволство во кое најверојатно ја докажувам моќта за деструкција, зошто сѐ што сакав се распаѓаше во допир со стварноста и неминовно почнав да верувам во подносливоста на репресијата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
До трипати смее да се отвори одајата, велеше преданието, и ако од трипати не се растолмачи записот, сонцето ќе се помрачи, земјата ќе пропадне, ќе се отвори и ќе проголта сѐ што лази, ползи, плива и лета по лицето нејзино.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ти еднаш ми вети дека ќе ми направиш кукла,“ рече, и тоа потсетување на моето ветување беше најблиско до барање од сѐ што беше кажал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш за првпат ѝ било спомнато на Трајчеица, и тоа в очи, дека треба да се спушти на земјата; дека не смее да мисли дека сѐ што лета се јаде; дека мажот не е секогаш само маж; дека покрај тоа што е маж сака да биде и љубовник, и додворувач; дека на жената ѝ е порачано да биде убава; да биде посакувана;
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А надвор сѐ што може да оди, да мрда се забрало по војниците, по арапите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имаше потреба, не толку можеби да ми каже сѐ што е лошо во врска со семејството Поцо, колку дека ги знае минатите настани и луѓето што учествувале во тие настани; дека го знае почетокот на настаните и дека го знае нивниот крај; дека никој не знае подобро и повеќе од него. Тоа, впрочем, беше и точно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Не бре, вели Мисајле Ковачот, тие не одбирале села. Тие секаде влегувале, вели и земале сѐ што ќе најдат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Биди златотворец и сѐ што ќе допреш со рацете да се претвори во суво злато! - рече старецот и веднаш потоа го снема, како в земја да пропаднал.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
НАЦА: Пополека стапнувај, немој како амал со двесте оки товар на грб.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Природата зеленокоса, бујна, неразбирлив говор на потокот изгрејсонцето и залезот... Ве сакам браќа Македонци и сѐ што е Македонско.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Викнав, заревев можеби. „Што му е на малиов?“ праша некој. Друг без возбуда рече: „Сонува.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ што ќе ѝ речеа татко ѝ и мајка ѝ, таа го примаше со лутина, со нервоза.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Мислам, во секој момент можеш да излезеш на улица и да видиш некој тип како разговара самиот со себе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сѐ што е врзано да разодврзе, да не тоа ми помогне, да се смилува господ, да не ме мачи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ѝ барам на етрва ми да ми покаже кој шеј каде стои и ќе разбера сѐ што има!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден живот ни е доволен за страдање и сѐ што сакаме потоа е тишина и вечен мир.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- По домаќиниве ќе плиснеме само вода за среќен пат. Никој, разбирате, солза да не пушти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во огромната челуст на тишината невратно се губеа притаени пцости, злокобно тропање на некакво железо, неразбирлив шепот и сѐ што не се слушаше, и сето она што сивите луѓе, го носеа под грло, зашто 'рбетникот на големиот организам на колоната беше скршен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чекаа да заврши ловот, чекаа да го видат пред своите нозе Мечкојадовиот труп или да го продолжат патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нејзината несреќа, ако ми зборуваше за тоа, што не верувам, за мртвиот Борко, за коските и черепите горе во планината од еден злостор, за нејзината излаганост во сѐ што имала и што немала, врвеше крај моите уши неслушнато.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Имало најстрашно угнетување, неправда, сиромаштија - полошо од сѐ што можеме да замислиме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако си ага и имаш пари, имаш власт- сила, можеш да заграбуваш ниви, лозја... та треба ли и сѐ што е убаво да биде твое—и девојките?! (Го фаќа за гуша и го оборува на подот, потоа го вади пиштолот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Една млада жена, можеби неговата секретарка, седеше свртена со грбот кон Винстон, го слушаше и изгледаше како спремно да се согласува со сѐ што кажуваше тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со обете раце копајќи го глекавиот мрак на отворената утроба, зграпчил сѐ што може, дробови, сплинка, жолчка, црева и срце. Повлекол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ако има дефект некаде, тој сигурно не е во НИВ туку во нашите очекувања за нивните можности.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вели: „Трагата на ѓаволот не му ја гледаш и пак по неа одиш“ , велеше Лазор Ночески и тогаш се сетив дека кај нас е центарот на светот и дека токму над нас седи господ и оттука управува со сѐ што е на земјата, а тоа го дознав уште на одење во Америка, оти колку повеќе се оддалечував од селото, толку повеќе се оддалечував од центарот на светот, дека секој чекор ме носи подалеку од господа, понакрај од земјата: кон работ нејзин, кон нејзината провалија и си мислев дека ако појдам уште потаму, ќе паднам и ќе паѓам,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И дека фолклорот е сѐ што имаме, и дека треба да го чуваме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секако на патот од спутникот до електронскиот мозок ќе ве сопрат и други занимливости, особено модната ревија „вреќата“ и „трапезот“ им го отстапиле местото на фустаните до над колената, на она што пред десетина години беше во мода, како и атомиумот и сѐ што е пред вас ново.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога видел сѐ што му се носи, тој Чук Нам се насмевнал со очите коси: - Сето јадење дајте го на гладните од Виетнам.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Букурешт чува тајна голема, од гради ќе ви ја одкраднеме, сѐ што е наше, и наше ќе биде... скромно ви порачуваме...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
По тој настан, натопен со крв и џагор на колеж, никој не се стутулил под јакуцка, малодушнички да се враќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Разбра и која е субашицата во харемот на кадијата; кој е евнухот кај каданите, што прават и каде живеат тие, колкава е заштитата ноќно време таму, и сѐ што му требаше за еден напад.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но затоа секој смета за свој долг да критикува сѐ што ќе му допадне.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овде - на Балканот - каде сѐ што живее задоцнува со четири века.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Таму се фрлаат сите видови отпадоци; искинати опинци „опурчаци", непотребни кожинчиња, шутки од искршени грниња и бардаци — стомни и сѐ она што не е за брза употреба, но сѐ што би можело да се искористи во даден случај.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но со „каратине“ нешто не е во ред: налутено, разбеснето и подивено јурат по сокаците и бркаат сѐ што ќе сретнат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Си мислам дека сѐ што ми е извалкано со солзите ќе го измијам, ќе го исплакнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа знаеше кога треба да вика во знак на поддршка и кога да вика „ уа“ и тоа беше сѐ што ѝ беше потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама не очајувајте, ако непорочно го носите бога вели попот, ако го славите Исуса, ако го спомнувате во сѐ што правите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Каде живеел чиновникот што ги беше поканил, за жал, не можеме да кажеме со точност: помнењето започнува силно да нѐ изневерува, и сѐ што се однесува на Петербург, сите улици и куќи се слеале и толку се измешале во главата, што е мошне тешко да извлечеме оттаму нешто што би изгледало пристојно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Туку седи Силјан и се чуди на тоа што му го кажувале; каква работа ќе биде таа, луѓе невидени ни чуени да му прикажуваат за сѐ што имал дома и за што му се сторило нему и во селото.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Заради влакнестиот грб потсетуваше на ѓавол од прикаски кога се откопува себеси од песок и неродица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
– „Ејди, синко Силјане, му рекле старите, ние сме дојдени во вашето село Коњари уште не беше роден ти; ние сме живееле на вашата куќа; ние знаеме сѐ што имате дома, ем поарно од тебе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сѐ што ќе се донесеше, сѐ што ќе се направеше, сѐ што ќе се видеше, чуеше, сѐ што ќе се доживееше, сѐ - сѐ беше за неа извор на незадоволство.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Петар молкум седна и разгледуваше сѐ што имаше пред него.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ти пишував за сѐ што се случува наоколу, за децата, за роднините и пријателите, за сите мои размислувања, за сите збиднувања… Така ја празнев душата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Мислеше на езерото, на капењето без сапуница, а најмногу мислеше на тоа дека ќе прави сѐ што ќе посака.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тоа е сѐ што може да се види одблизу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Замолча па додала: Поздравете ми ги внуците, снаата и Блажета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Глава ти пука од болка, на леб и вода да не погледнеш од мака, зашто сѐ што ќе касниш ќе го повратиш, та само на пролив те тера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сѐ што сакаше беше да лежи мирно и да чувствува како силата му се насобира во телото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сакаше тој час да ја истури пред татковите книги сета насобрана зборовна материја, сѐ што му се напластило во душата, откако се видоа последен пат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пиеше таа сѐ, но ништо не помагаше: паѓаше со сѐ што во тој миг ќе ѝ се најдеше во рацете: слугарка со чаши, стомна, малите дечиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
12 Додека патував со автобусот за мојот роден град, веќе смирено анализирав сѐ што помина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Со молневита брзина се пренесе веста дека каурите од Мариово го нападнале кадилакот, и од сите страни се стече кон него сѐ што беше Турчин во градот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А гледам сѐ што треба има човекот: исправен е, џамаданот му крцка на плеќите, бечвите ги налеал со жили, со јачина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По еден час и Бошко Манев, кога дотрчаниот Танас му кажа, исто така знаеше што го чека зашто арнаутскиот обичај на сите им беше познат: кога некој ќе ти плати за сѐ што кај тебе јал и пил – тоа значеше дека има право да ти одмазди како што сака за она што мисли дека си му го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Уште пред тој да изусти, му рекоа: - Попусто е сѐ што ќе ни кажеш, владико...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И макар што ништо од сѐ што се раскажува за него не излегува надвор од природниот начин на живеење на птиците грабливки, сѐ е претерано зголемено, грозно и злокобно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Тие да биле арни не ќе дојделе дури ваму, му велам, заборави сѐ што било, земи изнаспи се, белки ќе ти се поттргне лошото, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
2. Сопственото јас е исполнето со омраза кон сѐ што е таму.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Ти, стар прчу“, викнав, „Ќе подаваш ли раце по сѐ што е туѓо?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ што правеше Дукле за да ослаби, не помагаше; Кала како да се гордееше што беше толку дебела, што беше реткост, исклучок во селото; при исфрлувања на секое кило од себе, се плашеше да не тргне надолу, па да не знае што да ѝ направи на кожата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Жива ми била и жити сѐ што ти е најмило!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јас дури не ни бев во состојба да забележам сѐ што се случуваше во тој час, но паметам дека, кога се затемни, еден по еден или во мали групи, вревејќи, заминуваа, а јас останав сам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го влече едно чувство на родител да го стори тоа, да ја посоветува дека не е злато сѐ што свети, да ѝ каже да се пази од оваа разуздена младеж, - тој треба да ѝ каже, зашто сегашниве родители се толку лекомислени и толку незагрижени за челадта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сѐ што знаев и не знаев ми се виде поинакво...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Ќе појдеме пред сонце и ќе гледаме да бидеме подалеку од сѐ што е живо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го сторија тоа, најпосле го сторија тоа, беше сѐ што можеше да мисли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога тебе ќе ти заповеда логотетот да сочиниш писмо поарно од мене, тогаш ставај во него сѐ што ти е нужно“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако требаше, на пример, да оди во бавчите од татко му кон охридското џаде, пред да оди таму тој небаре веќе беше стасан во бавчите и береше јаболка, а и кога ќе се отклонеше назад, тој сѐ уште живееше со сѐ што погледот му беше насобрал оттаму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сѐ што Партијата смета дека е вистина, вистина е.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Работеше сѐ што беше потребно - готвеше, переше, крпеше, го местеше креветот, го метеше подот, бришеше прав од плочата над каминот - секогаш мошне бавно и со чудно отсуство на секаков вишок од движење, како восочна кукла што се движи сама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ што е саглам зафатено е веќе, па можеш само втора, евентуално трета да му бидеш некому“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Заминаа, - тоа беше сѐ што мислеше Змејко за сето тоа време.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со постепеното одделување на македонските интереси од бугарските, со земањето на македонското прашање во свои раце и најпосле, и најмногу со сегашново востание Организацијата како резултат го постигна тоа што не го претпоставуваше: наместо слобода да бараат, сега во Македонија мнозина се убедени дека ни треба полно пресечување на врските со сите балкански народности и култивирање на сѐ што е во Македонија оригинално и свое: јазикот, обичаите, историјата, писменоста, народната литература итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Трепетлива врелина под клепките, метална болка во градите, млака, леплива крв под дланката и оддалеченост од сѐ што станува во тој ден.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Сѐ што умира повторно се раѓа. И човекот и билјето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа, со сѐ што можеше, го помагаше своето семејство во изминатите неколку години. Па и пред мажењето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Празнина. Лилавоста на предвечерјето го спушта небото, сѐ што е под него останува вкочането во некое исчекување.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа го држеа затворен дома. Но тој викаше и кршеше сѐ што ќе најдеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И сѐ што е живо ќе се сокрие пред тебе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така сѐ што се прави, сѐ што се работи со желба да се изгради нешто, да се создаде, да се остави за идните поколенија - убаво е.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Само кажете кој е тој и јас ќе ви кажам сѐ што сакате.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не ми преостанува ништо друго освен да заминам. – Ноќва, брате, чунот ќе биде подготвен со сѐ што треба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сѐ што имав читано или слушано за неверствата на жените, за нивното преправање - сега го гледав во најлоша форма и го сврзував со мојата сопствена жена.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Извадиле луѓето сѐ што закривале за весели и за тажни денови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Кажи сѐ што знаеш“, пак се наведна агентот над него.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Камилски сметаше дека трагајќи по ослободувањето на османските зборови од тврдината, ќе ги ослободи и луѓето од затвореноста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше Едип, беше Каин, беше Ное, а во оние желби кои не сакаше да си ги признае посакуваше да биде пророк, и затоа им го одзеде Мојсеј на Евреите – самиот тој сакаше да биде единствен, ничиј, самороден, па таков си го претставуваше и оној што од луѓето беше прогласен за она што самиот тој, брат ми, сакаше да биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислам дека сѐ што знае таа, знае и цело село, вели. 47
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оттука зафатил Силјан да им ги кажува на луѓето сите грешки што му грешавал на татка си и на мајка си, што им правел, при сѐ што домаќинот од половината и повеќе беше му ги знаел на Силјана грешките.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Потем, како и пред тоа што течело, потече кон своето безизлезно дно - и звук, и движење, и сѐ што беше живот, надеж, искушение.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зедов книга и сакав што побрзо да заспијам со неа в раце, но сонот не доаѓаше и јас почнав од некаде, без ред, на случајно отворена страница, да читам: „...во мириси што продираа длабоко во крвта и стануваа дел од мене, мирисаше на живот што со ситни гласчиња и движења се обединува во нешто силно, посилно од сѐ што би сакал, неделиво од мене, исто што и јас самиот, сѐ уште непронајден а желен... и мирна светлина е над мене и над светот, трага од нешто во мене, нешто што можело да биде и што било, нешто што ќе биде ако истраам во оваа празна состојба, без одбрана и без заштита, со браната на навиката и свеста и волјата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Душа на душата Допираше сѐ што постои - икони, камење, билки, сите нешта и светови ги допираше.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сѐ што беше лошо кај луѓето, можеше да се види на тие филмови. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Небото, земјата, морето, целиот овој свет е голема и преславна книга Господова во која со молчење ни се открива проповеданиот Бог, оти сѐ што може да се види е сведоштво за невидливото“, рече, и тоа очигледно остави силен впечаток врз логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
(Таа, на пр., еднаш влезе во самопослуга, зема извесен број работи, се обиде да излезе со нив без да плати, беше запрена, и кога ѝ беше наброено сѐ што украла, ја врати секоја наброена работа, излезе, помина од другата страна на улицата, седна на тротоарот и изеде полна тегла путер од кикирики што помина покрај помошникот во самопослугата).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но за тоа е потребно да се засака сѐ што е македонско! Ама баш сѐ!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Така, Беркли тврди дека спознанието е поделено - сѐ што запазуваме, запазуваме или непосредно или посредно: со осетите или со разумот и рефлексијата’ (12), но ‘ние го сфаќаме нашето сопствено постоење со внатрешно чувствување или рефлексија’ (13).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Невина, над овие високи брегови самување заборавена, извади ги дојките сѐ што гледаш добрина да го нацицаш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Сѐ што се бараше од нив беше примитивниот патриотизам, на кој можеше да се апелира секогаш кога беше потребно да се натераат да прифатат подолго работно време или намалени следувања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон завиваше и лелекаше, залудно барајќи храна, беснееше по собата, фрлаше сѐ што ќе дофатеше и удираше по дрвената облога, сѐ додека соседите не почнаа да чукаат по ѕидот, а за тоа време помалото дете секој час заплакуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
4. СЕКОЈ ДА СИ МЕТЕ ПРЕД СВОЈАТА ПОРТА - но ѓубре да не расфрла по сиот град така како да е нов претставник на старата сорта општествено битие: правам сѐ што сакам...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
МАТЕЈ: Ти мислиш сѐ што не е ќелаво, е малоумно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Беше тоа спокојна средба со размена на малку фини зборови, малку играње и импресии од сѐ што сме поминале заедно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Животот им станал неприродна состојба и мразат сѐ што не познаваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На што ли е навикната ако после сѐ што преживеавме мирно си спие во креветот?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Таа овците ги истрижи, најпрвин ја испра волната, па ни изнаплете чорапи, џемпери на сите во куќата, зашто сѐ што имавме беше дотраено.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во нивните исплакани очи секако веќе и немало солзи: Господи и мајко богородна и Гавриле Лесновски, стоплете им ги душите на Богдан Срменков (дванаесет години) на Горан и Јордан Пенков (тринаесет и шеснаесет години), на Салко Пребонд (петнаесет години) и на Климент Темелковски (шеснаесет години), но коските молчеле далеку од сите очаености на живите, и му биле верни на чудесниот спокој што ни бара ни прима утехи во својот заборав за она што е ден и она што е ноќ, за сѐ што е грч на тегоби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гласот, оној негов или на некој што е невидлив, прашува со нагласени согласки што ќе види и тој се сеќава на сѐ што гледал во куќата како дете: сабја кулајлија со вткаени букви од сребро во канијата - Смрт или слобода, стари црковни книги од времето на минатовековната игуменија Минадора, француска или германска кацига од времето на Балканските војни, турски тепсии со богати шари, ископани и начнати римски или такви некакви фигури на светци и војници, шандани, кандила, ками.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од детинството сѐ што им е мило ним и нам ни е мило; на сѐ што се радуваат тие и ние се радуваме; тие плачат и ние плачеме; тие се смеат и ние се смееме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но сѐ што чинеа тие, беше безуспешно, зашто тој пак се снаоѓаше: одеше кај пријателите во селото и ги молеше да му дадат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Можат да разоткријат до најситни детали сѐ што си направил, рекол или помислил; но душата, чие функционирање претставува тајна и за тебе самиот, останува непробојна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таму, во нашата куќа крај Езерото, големата куќа на целото семејство која беше близу пазарот, си имавме сѐ што ни требаше за да издржиме живи и здрави, повеќе денови, додека траеше бомбардирањето и додека се разменуваа војските.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таму е завршен животот и е обездушено постоењето! Вистината е во сѐ што продолжува...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сѐ што забележа беше дека во просторијата има две мали маси точно пред него, секоја покриена со зелена чоја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сменуваа сушици и припек и само во југовина сѐ што се движеше пееше услиши господи и херувими а воздухот повторуваше со години секој збор и секој глас.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Кога ќе беше заедно со другарите, беше среќен и правеше сѐ што ќе му речеа тие: одеше каде што ќе го пратеа, носеше сѐ што ќе му побараа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сите се борат за високото. Да се искачат над сѐ што е на земјата. Напред!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓутоа, на седниот ден (ох, каква болка, ох, ужас) забележуваа оти сѐ што соградиле за шест дена, на седмиот ден им се уриваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ што уште може да трча, да оди и да се влече, се упатува кон високите и густи трски.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа беше сѐ што сакаше да чуе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сакам да кажам, мене никој не ми даваше во раце штотуку родени бебиња и ми дозволуваше на нив да ги вршам моите чудовишни експерименти. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 125
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во некој празничен ден луѓето, и постари и помлади, ќе се соберат некаде во некоја куќа или на сретсело и, како обично, ќе заприкажуваат, ќе им тргне разговорот и во еден момент кога заборавиле на сѐ што ги делело и на сите караници поради браздата, волот или нивата, ќе станат мили еден на друг и ќе почнат да се сеќаваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Има ова попладне прсти од блискост од свое. В месо да ти се вовлече и да молчи тешко и изморено, капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Сѐ што сака модерно да се носи, се купува од магацините на Париската улица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ што ми даде, сѐ си зеде. Негово си е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
НОРА: Стоички. M СТОИ = ИЧ KICK, ко што вели мојот пријател од лабораторијата за бесполово размножување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Штом си има место националниот сепаратизам, тогаш тој треба да се пројави во милоста кон сѐ што е народно и на прво место во милоста кон народниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Обајцата зборуваа за него. Сакаа да ги чуе тој, да чуе сѐ што ќе речат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
8. Три дни Отец Симеон пиеше како носач на парите на браќата и обземен од некои чувства, како да не беше тој оној Отец Симеон од некогашните крчми, сакаше некому да му каже сѐ што мисли и сѐ што знае за себе и за животот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со еден збор, во турско време ние потврдувавме и се согласувавме со сѐ што ќе ни речеа Турците и Грците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога нејзиниот пријател, кој беше учител на едно големо јапонско семејство, одржуваше предавање во Санта Марија во Калифорнија, таа беше во позадината на публиката, стоејќи на столот, со високи потпетици, крзнена бунда и црвен трендафил во косата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се обидував да му објаснам дека тоа не е нормално, дека е целосно лудо; дека не би можела да издржам, дека ме скокотка, а тој рече: „Да не те понижува, можеби?“, и јас, во тој момент знаев, бев сигурна дека Јан Лудвик не е дојден туку-така и дека одмаздата, без разлика колку тој се преправаше дека е рамнодушен кон сѐ што му се беше случило, сѐ уште тлее во неговата душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ако, ако... Нека се јадоса. Треба да разбере дека не е лесно да одведе во Ресен охридска девојка... - се закикоти Атина, која за сето време ѕиркаше низ пердето и гледаше сѐ што станува во чунот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ што се проба е смртен грев. За сѐ што се проба се оди во затвор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А тоа ќе рече дека пушката - сега веќе тој зборува погласно, подвлекувајќи го секој изречен збор _ значи пушката е рачно огнено оружје за уништување одделни живи цели, ова добро да го запамтите, за уништување живи цели, што ќе рече сѐ што ќе се појави пред ова што сега го држам в раце е цел, велам цел, којa ти, ти и ти и сите вие треба таа цел да ја ... да ја уништите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Прво, рековме, се менува надворешниот свет. Навиките и сѐ што те опкружува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Доаѓаа и разговараа над мене, не знаев кој и не знаев што, конечно легна врз мене мрак на треви или мека сенка на облак, или можеби ме фати стапица на недолговечна смрт, умирав, мислев дека сум мртов, дека смрзнатата кожа ми е гроб под кој веќе нема ни движење ни надежи, нема ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа крвава трага на ѕидот беше сѐ што ми остана од нероденото дете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Близината на нечиј здив. Сѐ што може да се има на овој свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Лозан Перуника се разбудувал со чувство на доаѓање од свој вилает на кратко спокојство во туѓ атар, од возвишеност во свет на диви мириси и заканувачки гласови околу кои се протега на дива површина многубоен мов со змиолики пипала што се појат со супстанци на сѐ што дише и го одржуваат стравотниот живот врз туѓо уништување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На коцката кај МКЦ имаш девојки кои ќе ти направат сѐ што сакаш, а не мора да ги ожениш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе ти дадам толку колку што им припаѓа на девиците, двесте сребрени зузими сребро, што ти припаѓа според прописот на Тора, како и храна, облека, сѐ што е потребно за живот и ќе ги исполнувам брачните должности, сѐ според општоприфатениот договор...’ Јехуда Давидовиќ го чита текстот на нивната кетуба16 составен според стар образец на арамејски јазик.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Исфрламе сѐ што ни се собрало со години.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој молчеше, со свртен поглед настрана, со извесна стеснетост дека можеби не разбира сѐ што зборувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И сѐ што се случува на тоа патешествие низ животот секој со сопствениот к’смет и табиет е непознато, симболи, пораки и вистини на непроговорени јазици, само времето ќе ја открие нивната цел, ќе одживееме и ќе отпловиме некаде во вечноста, во утробата на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сѐ што навестуваше корумпираност секогаш го исполнуваше со дива надеж.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во време на распустот, Мирко без никој да го тера, научи сѐ што имаше пропуштено.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во однос на состојбата во која се наоѓале партизаните Ламби ќе истакне “во ова време ние бевме ограничени да јадеме сѐ што ќе најдеме во шумата, желки, листови од бука и др.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но не сите: се извлекле некако со пушки од сардисаното село Онисифор Проказник, Арсо Арнаутче и Лозан Перуника и со клетва над нож и Библија му објавиле војна на зулумот, на намразениот Али-бег и на сѐ што било под него и над него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Византија најмногу настрада од народот Бугари, од монголско племе, што опустошуваше сѐ што ќе му допадне во Византија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пелагија немаше можност сѐ да чуе, ама мајката Перса и покрај тоа што плетеше нешто, во нејзините стрежнати уши влезе сѐ што изговори Пеличка и се прашуваше во себе дали момата и Песот навистина се разбираат?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Напротив, ја обожуваа Партијата и сѐ што беше во врска со неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И сѐ што правеше тој тука излегуваше дека го прави, благодарејќи им ним и на нивното проклето зборување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ што беше старо, па според тоа убаво, секогаш беше на некој начин сомнително.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека слатко пилеа дрва Чана и Митра изедуваше сѐ што ќе најдеше во мисаљот (леб, сирење, домат, пиперка) и легнуваше врз сламарникот лут што сѐ уште му лебди сликата на Пела и Мурџо пред очите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Колата на Дејв, Таурус караван, беше досадна и глупа - за Ренди таа претставуваше симбол на сѐ што беше неподносливо и простачко кај неговиот татко.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Потоа сѐ што гледаше околу себе беа виножита. И така неколку минути.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Зашто ова попладне има прсти од блискост од свое в месо да ти се вовлече капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си. И не стој се искачи рекава го мина брегов ќе плисне врз тебе ти трчај да не те стигне сево попладне зад себе што го оставаш дур не го изгасне. Трчај гори попладнево.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Истите тие пискарала не се ништо друго освен форензичари на сѐ што е уништено и сите по дефолт се аналитичари, историчари кои само ги анализираат грешките од минатото, а никогаш не даваат решение за иднината, но како главна особина им е лепењето етикети на сѐ што е прогресивно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И што ако моите сетила ме излажаа, што ако постоењето на твоето тело е привидно и постои во мојот сон, го сонував ли твоето сенишно постоење, но мислата дека постоиш е доволно силна причина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе те именувам бидејќи ги именуваме соништата и оној гибелен лет на ветрот тој злочест двојник твој, па биди името на летот негов на сѐ што кратко трае а сепак низ годините што допре и до нас…
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Па сепак, веќе во наредниот миг тој беше на исто со луѓето околу него и сѐ што беше речено за Голдштајн му изгледаше како вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)