сѐ (зам.) - ја (зам.)

Господи, што сѐ ѝ претстои, што сѐ ја очекува нејзината нежна, малечка, кревка Ивана!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И јас морам да бидам тука. Јас сум ѝ золва и свекрва. На сѐ ја подучувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така, на сѐ ја подучувам Уља: зошто не чини да ги заборави пелените надвор, а ѝ ги зајде сонцето, и како млекото да го варди од ветроштини и надворештини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)