сѐ (зам.) - друго (прил.)

Ако е тоа сигурно, сѐ друго следува.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа само за спиењето. За сѐ друго, можат неконтролирано да се трошат злоти.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ти се сакаш само себе. Сѐ друго мразиш.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Сѐ друго: модернизмот, постмодернизмот, новата архитектура, уметничкиот експеримент, сето она што отстапува од познатото, а особено џезот („чукање со нозе кое го гази македонското битие“), во овие кружоци се смета за – слабеење на државата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакаше, најпосле, да си продолжи да си биде тој, та токму затоа и правеше сѐ друго, за тоа беше излезен и оваа утрина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А по некое време, кога беа веќе зафатени во еден голем град и откако работеа доста за да можат да сетат што значи да се кажува копанката со вар и песок горе; на високото скеле на една раменица, откога можеа да сетат што значи и сѐ друго тука, старците често пати знаеја во слободните денови, или онака, делник ден, кога немаа што да прават во градилиштето, да ги пуштат сите нив да прошетаат по улиците на тој град, да го видат, да го рашетаат градот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога се врати, Змејко веќе ја имаше запалено печката и малиот остана маѓепсан од чудото на топлината, заборавајќи наеднаш на неговите прсти, и на сѐ друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Место сѐ друго, се прибра, притивнат, и веќе свикнат на таа своја притивнатост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еден од оние најозлогласени офицери на кои само надворешниот облик им бил човечки. Сѐ друго - ѕверско.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не е тешко да се пишуваат рецепти, но во сѐ друго да се разбираш со луѓето, тоа е навистина тешко.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На неговата десна страна, близу до колковите, се отворила голема рана широка како дланка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)