таа (зам.) - почне (гл.)

Непосредно по несреќата, таа почнува да чувствува силни болки во левото око, а здравствената состојба прогресивно и се влошува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После овој немил настан – кој уредно е пријавен и од страна на самиот работодавач, таа веднаш се упатува во болница, каде ѝ е укажана прва медицинска помош, ѝ се отстрануваат остатоци од парчето емајл и се праќа на боледување – сѐ до ноември истата година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Го отвара куферот и вади една стара ламба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со раката ја трие ламбата и таа почнува да чади.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во недела претпладне кога одеше стариот в црква, таа почна во последно време да ги понадува било со слатко било со ракија, при кое Пискулиев си ја испиваше целата чашка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Откако таа почна со втората жртва, сите ѝ станаа исти.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но кога тој нараснал а таа почнала да поболува, морал сам да заработува за двајцата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така, работејќи денеска овде утре онде, еднаш ова другпат она, стигнал да се здружи со некоја тајфа мајстори-ѕидари, од Демирхисарско; тие го запознале со Тодета Акиноски, кој, тогаш бил наредник во Кралската гарда, а Тоде го однесол дома кај Петара Акиноски, кој, пак, како учен човек, беше капетан во Кралската гарда.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Приказни како таа почнуваат и потоа се пренесуваат од генерација на генерација, сѐ додека некој не ја одвои вистината од лагата, додека не се исчисти плевелот од пченицата, како што би рекол ти.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Откако излеговме од таа куќа, таа почна да се чувствува подобро.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа почна со виљушката да ја сече топлата пита.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И навистина, од тој ден таа почнала да слабее, да вене и така починала.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За своето учество во активностите на потчинување на сопствениот живот, таа смета дека тоа се активности на ослободување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По вклучувањето на Еми во екстернализирачките разговори за anorexia nervosa преку истражување на нејзините реални ефекти во животот, таа почна да идентификува различни практики на само- управување - дисциплинирање на телото - и само-определувања кои биле вградени во anorexia nervosa. Anorexia-та повеќе не беше нејзиниот спасител.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа почна да говори нешто на украински со него; покажуваше кон нас, и јас по нејзиниот лут глас разбрав дека најверојатно таа протестира затоа што чуварот нѐ пуштил на нејзиниот тренинг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа продолжуваше натаму: кога ѝ го соопштил тоа, таа почнала да плаче.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем гласот исчезна, а ние, тресејќи се од силен страв, полегнати на земја, видовме како огнот повторно вивна, како почна да ја голта штичката, како таа почна да чрчори; но одеднаш, слушнавме и гласови многубројни, пискотници и лелекања, како живи луѓе, човечиња мали да се спалени на кладата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За нејзината остроумност разбрал целиот град и така таа почнала да напредува на политичката вертикала.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сликите од болката на мајка ѝ, нејзиното смалено тело – таа почна скоро да липа од спомените што одеднаш ѝ надојдоа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се рекло дека ако некоја лага се кажува и се прекажува доволно долго и доволно упорно, таа почнува да заличува на вистина, си помисли.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ако една вистина се крие и се потиснува доволно долго и доволно упорно, таа почнува да заличува на лага.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во тој момент болката што ја почувствува кога ја виде повторно ја стегна и таа почна да плаче.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Најпрвин таа почна со претреси по куќите: го собра скриеното оружје, а потоа се зафати со евиденција: колку жители има селото; како се чувствуваат: Срби, Бугари, Грци, Македонци; колку има: слепи, глуви, сакати, неми, мрднати.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И таа почна со сонце, а потона во мрак.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога завлегоа длабоко во пченките и кога тој сиот возбуден ја легна и таа почна да се слекува, од ципите па сѐ до папокот се откри густо црно крзно како од куна.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но наеднаш таа почна да го сонува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но по некое време таа почна да го сонува мажот ѝ Пол како продолжува да ѝ доаѓа и да ѝ го бара прстенот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Митра пак, ја намириса работата, та и таа почна како Доста и така „браче Трајко" стана предмет за освојување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но и го зачуди тоа што таа почнува разговор на тема од којашто толку многу стрежеше поради стравот дека таа ќе го одврати од тој разговор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Случка од соседството – Со години, сè понемирна во себеси, таа почна да ги избегнува средбите.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Секаде наоколу, меѓу урнатините, се пластеше магла, но сега во седум часот со новата виделина таа почна да исчезнува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Така опуштена таа почна да ја менува бојата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога ѝ реков на девојката дека моите зборови сигурно ја вцрвиле и под комбинизонот, во првиот момент таа почна да се кикоти како одзатната.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Трајанка сега си спомни за сето тоа и затоа и таа почна да плаче како и секогаш кога мајка ѝ ќе седнеше крај ковчегот и со зетовските чорапи во кои беше парата ќе почнеше да ѝ раскажува за нејзиниот добар татко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И таа почнува да меша во тенџерето со едно стапче.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Лидија вели: - Што е смешен овој снег, Зоки! – таа почнува да се смее, дуејќи ги образите: - Хахахе, хахахе!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Кога се изгуби, кога се стопи црвеното топче во нејзината уста, таа почна да го грицка корнетот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Пфффф, - направи Бистра со устата и таа почна да се качува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не само што го помина од едната страна, туку за да покаже колку е добар го премина повторно од другата и се врати на истото место од каде што имаше почнато.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја пречекорив првата жена и таа почна да поткашлува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Како ти е името девојче?“ – запраша глувтарот, а таа почна да врти со обрачот. „Како? Како? А?“ – прашуваше глувтарот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И наместо тоа, таа почна тивко да се моли.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш тој се загна по неа и таа почна да му подбегнува, причекувајќи го.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И токму кога бев сигурен дека мајка ми ќе ме пофали заради тоа, таа почна гласно да се смее, ме погали по косата и рече: - Не е убаво да лажеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога ја прашав како успеа толку да доживе, таа почна да ми раскажува: Јас, чедо, многу убаво го минав животот со дедо ти.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И таа почна: Сираче!… но без смисла и жар, брзаше весело. – Ајде сега ти Милице, ми рече, а јас почнав полека да рецитирам, внимавав на точка, запирка и видов веднаш дека на учителот му се допадна, но сепак рече: Ќе видиме кој од вас двете ќе настапи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И кажавме дека ноќта не ќе може да дојде и таа почна да плаче: Не, синко тој си го виде сонот, а сонот му кажа, тој не се враќа веќе, го средија балистите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се вративме повторно во истата куќа да преноќиме и старата веднаш нè праша: Милка, го вративте ли?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ова движење на сочувство и нежност, уште повеќе ја растажи бездетната жена, и таа почна да се опира, да се влече по плочите, сѐ посилно липајќи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа почна да се разубавува и да се дотерува, градите ѝ станаа бели како млеко, кајмаклијата лице пак се научи да го употребува за изразот на задоволството што го немаше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа почна да му зборува на Сандри, слично како и Марин Крусиќ: дека луѓето изгледа не се разликуваат по верата, туку по силата и богатството, а по сиромаштијата најмалку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)