таа (зам.) - претстави (гл.)

Сама по себе, таа претставува една голема интелектуална фуга, во која се преплетува еден куп идеи и форми, и која изобилува со двосмислени елементи и суптилни алузии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таа е средство преку кое можеш да си ја заземеш повисоката положба што ѝ прилега на општествената елита, заедно со критичкото држење кон обичниот народ што го овозможува таа положба, без притоа нужно самиот да им припаѓаш на повисоките сталежи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Аристократското идентификување, на крајот на краиштата, одамна им овозможува на припадниците на буржоазијата, или на секој што нема врховен статус и авторитет, средство за оспорување на општествената моќ на сериозните луѓе – односно, на луѓето чија општествена положба им налага на другите да ги сфаќаат сериозно и чија стаменост е начин да се спроведе наложеново.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Аристократската идентификација зазема еден вид естетска или замислена надмоќност во однос на таквите луѓе. ‌Аристократството, така, им овозможува на обезмоќените еден заменски идентитет: таа претставува симбол, фигура, поза (или противпоза) чија функција е да ги изземе оние што ја заземаат од абјектноста на која инаку би ѝ подлежеле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да имаат дело што ќе го сторат, тие треба да изведат улога.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа, значајно е, не подразбира родова неволја за дивите, за балерините и за глумиците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, со оглед на стандардната опозиција во хетеронормативната култура меѓу улогите и суштините – која е изоморфна со другите слични опозиции меѓу извештаченоста и природноста, изгледањето и бидувањето, неавтентичноста и автентичноста, изведбата и идентитетот, женственоста и мажественоста – таа претставува значителен проблем за родовиот идентитет на пејачите, на танчерите и на глумците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа на средните сталежи им е начин да се издигнат, нешто како Веда во Милдред Пирс, преку презир кон сѐ што е средносталешко (Веда е најсредносталешка токму кога ја презира љубовницата на татко ѝ зашто била „упадливо од средниот сталеж“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој можел да ги види работите со наивна непристрасност, да ги набљудува објектите како чисти форми, презирајќи го знаењето за нивната конвенционална функција и формално значење. 106 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оваа слобода на визијата во детската уметност го интри­гирала Пикасо, а токму таа претставува негова најголема уметничка дарба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дури и како обична измислица, таа претставува симптом на конституциско пореметување внатре во самата хрватска интелектуалност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како што истакнува Вито Акончи: „Изградената средина е изградена бидејќи било дозволено таа да се изгради.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Било дозволено таа да се изгради, бидејќи таа претставува или одразува некоја институција или доминантна култура.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)