таа (зам.) - што (зам.)

Па така, ред по ред, некаде до осумте часот изутрина, од бунарите и од чешмите ги снемуваше сите садови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Меѓу нив, меѓу редовниците, постоеше договор, а него никој не смееше да го измени, онаа, на која ѝ дошол редот, да биде извикана од таа што налеала вода пред неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Скоро на секој час, кога обработувавме дела од светската или домашната книжевност, пред таблата во училницата излегуваше една ученичка - таа што имаше најдобра дикција и читаше фрагменти од делото.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ете, таа што високо се извишува е Иван Планината...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш слушај – мајка ти е таа што те опседнува!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не е веќе таа што си ја знаел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Која маштеница? — Таа што требаше да ни ја донесеш... — Што, не ви ја донесов? — Остави ја за другпат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многупати ја барам и таа што ми е в раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тропнав, отворија врата, ми ја зедоа лажицата, почнаа да ме удираат по глава и да викаат: „Ти си таа што моча во гаќи, ти си таа што моча во гаќи?“
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)