таа (зам.) - зграда (имн.)

Ете, таа зграда ќе има 42 ката и ќе биде висока околу 150 метри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Твојот одговор ќе ја реши мојата судбина.“ Пред девојката да се снајде, Отец Симеон ја остави зад себе вратата отворена и побрза по басамаците, со страшно чувство дека покривот на таа зграда е од вжештено олово и се лее капка по капка како од напукнат казан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А Змејко го изнаоѓаше неговиот лик во секое катче, во секоја шега, сеќавајќи се просто како натопен во него, сигурно затоа што и целата таа зградичка беше натопена од здивот на оној старец Дука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Затоа што таму, во таа зграда живеевме... - Кога?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таа зграда тогаш беше највисока. Сега е една од најниските...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Да... ја бараме таа зграда... - А зошто?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Според прецизните сведочења на староседелците работите се одвиваа вака.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во таа зграда имаше институција од стопанско-економски тип.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ми рече дека токму треба да потпише уговор за изнајмување на еден стан во таа зграда. живееја во оној удобен хотел откако се дојдени во женева, речиси шест месеци порано, и брзаа да се преселат на некое место кое повеќе ќе личи на дом.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес и Марија и се преселија во тој извонреден стан, но само три дена пред неговата смрт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа беше одушевена по повод таа преселба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Прошетавме низ градот и тргнавме кон Колежот на жан Калвин, кадешто Борхес одел на училиште помеѓу 1914 и 1919-та, додека семејството му живеело во женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)