таа (зам.) - игра (имн.)

Од таа игра се раѓа љубовта, која отвара сосема нов свет на суптилно духовно зреење, создаваме страсти, копнежи, емоции.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Суптилни креации кои ги поттикнуваат луѓето да проникнат во своите лични и најдлабоки емоции на себеспознавање и будење без страв да ја покажат љубовта, почитта што ја чувствуваат за себе и за светот околу себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Колку интересно, а таа игра секако нема крај.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не знам кој ме вовлече во таа игра; беше ли тоа Нинослав, беше ли тоа Круме Волнаровски, беше ли тоа разработен план или само игра на случајот?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не знам, но во лавиринтот јас влегов како Ема Ендековска, со силна страст и енергија за успех.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Натпреварувачката страна нема значај, но целата работа е мошне, мошне пластичка, а тоа веројатно е она што ме привлече кон таа игра.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Возрасните за жал играат ретко или пак безволно признаваат дека ја играат таа игра.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повторно е пред нас таа игра позната а нова што не исполнува пак со дамнешни и незнајни возбуди.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Трепери материјата на таа игра во која се губи кутриот летач но не се поредава во својот тетерав устрем.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
„Што правиш тоа?“, ме праша, очигледно изненадена од таа игра, од таа неочекувана и за неа непозната нежност после гризењето по целото тело; „Го барам папокот на вселената“, реков; и кога продолжив со таа игра со папокот, таа се смири; престана да ме удира, рацете ѝ тргнаа кон моето лице, ме повлече кон своето лице, кон устата, и веќе следниот миг, според начинот на којшто ме прими и се отвори јас знаев (тоа движење ми беше сосема непознато, како на маж кој не преспал со жена): тоа не беше онаа Луција што доскокна од вратилото во мојата прегратка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Младичот ги повторуваше пред него своите одговори од збор до збор, а Змејко знаеше да се испоти, сиот да пребликне од пот, вникнувајќи по некое чудо во сето тоа, можеби и недоразбирајќи го значењето на зборовите, но сфаќајќи ја многу добро тежината на сета таа игра.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше во него исто како да се фатил во некое оро, чиишто стапки беа такви, и тој беше целиот во ритамот на таа игра.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Долго, многу долго тој не помисли на ништо друго, освен на таа игра.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега беше многу потешко да се чекори, при секое пречекорување пропаѓаше до половината во тој мек снег, беше заздишан само по првите стотина чекори, но тоа беа правилата на таа игра и она, што можеше досега да оди по дирата, беше само една олеснителна околност за него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше сега дека тоа нивно колебање не доаѓа од чекорењето, туку дека таа игра се создава од чудната случајност на згуснувањето на роевите своеглави снежинки, а неговиот поглед, често губејќи ја својата цел, просто го проголтнуваше целиот тој матеж таму, мачејќи се да го улови секое нивно прострелкување, секое матно просенување низ снежните преспи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На Змејко не можеа да му поминат незабележано сите оние скришни мигнувања и кусите загрижени разговори меѓу тој извишен младич и неколцина од луѓето со сините комбинезони, од кои што тој навистина ниеднаш не успеа да дофати ниеден збор, но сосема добро ја гледаше таа игра меѓу масите на своето дуќанче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но она што било сосема сигурно тоа е сознанието во круговите на двете Влади дека конците во таа игра ги влечел СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Проблемот со Кулик е што тој се обидува да се однесува и изгледа што повеќе како вистинско куче, а не разбира дека само човечките суштества уживаат во таа игра - затоа кучињата не фураа во чопори на неговиот перформанс!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се ситевме со таа игра, ама не и со парчето пченкарно лепче и сувата коцка мармалад.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Има во таа игра знаци на чудесен заговор Поглед ли притаен, здив ли?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во таа игра на бројки, до дефинитивната градба на каналот, стратешки Сталин целеше да го стигне и престигне Запад, забораваше на бројката на невините жртви.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Хелен се насмеа. „Зар и вашите ја играат таа игра?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Госпоѓа Морис викна по детето: „Како се вика таа игра?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)