таа (зам.) - насока (имн.)

Токму околностите на ширењето на влијанието на Византија би укажувале на спротивното: на предноста на кириличното писмо како поедноставно, поприфатливо за читање и бележење на текстови пред глаголицата, што никако не е за потценување во ситуација кога една култура се наметнува на друга.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
“3 Во таа насока живото тело или „машина“ се разликува од неæивото не во основата, туку едноставно во тоа што е послоæено во однос на распоредот и функцијата на неговите делови и има поголема хетерогеност меѓу неговите најмали делови (атоми).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Освен тоа, дотогашното позајмување на грчките системи на писмо течело токму во таа насока - позајмување на унцијалното писмо, каков што е случајот со коптскиот и со готскиот системи на писмо. 5.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Делата што ќе бидат претставени референцијално се втемелени во популарната култура, но контекстуално и понатаму во идејата за висока уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, она што ги прави интересни во прв ред е потполната свест дека, иако значењето е лоцирано во дискурсот, а се чита во контекстот, дури ни традиционално сигурниот контекст (високата култура) не е во можност потполно да ги контролира значењето што го „влече со себе“ и значењето од другите контексти. нафф 6 „Нема сомневање дека отпорот на свесното и предсвесното Јас стои во служба на принципот на задоволство, сака да го спречи незадоволството што би било предизвикано со ослободување на потиснатото и нашиот труд оди во таа насока да се издејствува допуштање на таквото незадоволство со повикување на принципот на реалноста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Простото поседување на мозокот, за Декарт не значи основа за постоење на духот, што произлегува од, како што вели авторката Маргарет Вилсон,“ екстремната верзија на дуализам што ја застапува Декарт, а според која одредени повисоки ментални операции -“чистото познание“- се потполно независни од мозокот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Всушност, тоа и се случува, и оваа интервенција оди во таа насока: не се занесувај во идеализам и сурфирај по рабови!) Мејл-уметникот создава останувајќи во непрекината врска со стотици уметници ширум светот, праќајќи ги своите творби и примајќи ги нивните.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите значајни анализи на овој модерен историски феномен, што се остварени во изминатиов половина век, одеа во таа насока: пронаоѓајќи “автентичен” говор, “нормален” поединец, “узорно” семејство, “фамијализиран” колектив, со еден збор, обнова на супстанцијалното заедништво (Gemeinschaft).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Нејзините мерки, намери и цели насочени како кон уметноста така и кон другите социјални активности се проучуваат, а посебно преобразбата и структурата на социјалната контрола, и тоа како во самата Германија така и обидите во таа насока на европско ниво.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Првите учители, кои работеле во таа насока биле Јордан Хаџи Константинов-Џинот и браќата Димитар и Константин Миладинови.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Овие дејци, како и народните училишта во Македонија, биле во постојана борба со грчката буржоазија и свештенство.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Продолжувајќи ја таа насока на размислување, кое е уживањето на едно куче коешто уметникот се обидува да го имитира?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Првиот чекор во таа насока веќе е направен: Политичката лабораторија на Биосферата и Партијата на животни (Куликовата партија) веќе две години успешно дејствуваат во Русија“ (Каталог Manifesta 1, Rotterdam 1996)
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во почетокот Баге ништо не се сомневаше, но колку повеќе чекореа во таа насока без врска, а со секој понамерен чекор на неговата врска, Баге го чувствуваше неговиот стисок на мишката безмалу како оков што стега.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Закони за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Сл. весник на РМ – бр. 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13 и 158/14. 86 У.бр.255/2009 од 07.VII.2010; У.бр.160/2010 од 29.VI.2011; У.бр.213/2011 од 02.V.2012. 85 94 Со делегирањето на нови права на претставникот на работниците дојде до одредено подобрување на правата од работен однос, па така неговото право да разговара со работодавачот за потребите и проблемите на безбедноста и здравјето при работа беше заменето со правото тој да бара од работодавачот да преземе соодветни мерки и во таа насока да поднесува предлози со цел да се намалат опасностите за вработените и/ или да се отстранат изворите на опасностите. (чл. 15 од ЗИДЗБЗР/окт.11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во таа насока на веќе постоечките чл. 9 и чл. 9-а беше додаден нов чл. 9-б кој забранува дискриминација по било кој основ на работничка поради бременост, раѓање и родителство, без оглед на времетраењето и видот на работниот однос заснован согласно законот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во таа насока, законот треба да предвидува упатувачки норми со кои ќе предвиди и ќе упати кои конкретни области и прашања ќе бидат уредени со колективен договор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Заради забрзување на дивелопментот во таа насока, тој на брезничани им препорача да ги изнесуваат на сред село своите гостински маси и на проматарите да им ги издаваат под наем.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Решија да го наклеветат кај логотетот, собитие непостоечко и грев непостоен да му измислат, во прв погоден час, и сите нивни сили, душата цела, ја впрегнаа како волови да сѐ, кон таа насока и цел.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Меѓутоа, Груев, помирен со идејата за скорешно востание и решен уште тука, во Солун, да дејствува во таа насока, барал од Мечето атентатите да се одложат за по востанието и да дојдат како последен удар врз Европа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дедо Трајко не знаеше да го цитира Рацин, ама муабетот му врвеше во таа насока кога ќе сакаше да каже дека жолтите отрови, на млади години, не му биле непознати.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, денес, во деведесеттите години, јасно е дека во таа насока воопшто не е ниту мрднато.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се употребуваа последните софистицирани полициски методи, сигурно научени од поусовршени системи во таа насока, да се доуништи „загубената душа”, вратениот емигрант, кога не можеше да се придобие за своите идеолошки цели.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во таа насока препорачливо е да покажеш извесен степен на кооперативност.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Во таа насока бил ангажиран и Орме Сарџент, кој врз основа на дотогашните сознанија за Македонија и односите со соседите, како и врз настаните што биле во тек, подготвил "Меморандум" којшто го доставил до министерот за надворешни работи, Антони Идн.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 5 декември 1944, Антони Идн го испратил овој документ до своите колеги, за запознавање со "македонскиот проблем и со идејата за обединување на Југославија со Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Црните хроники по весниците многу ѝ ја имаа развиено фантазијата во таа насока.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во грмушките бевме стуткани речиси цел час и ниту една од нас немаше идеја што да сториме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)