таа (зам.) - позиција (имн.)

Правам многу грешки, па од таа позиција не се сметам за компетентен да давам совети или формули никому.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Иако веќе лежеше на плеќи, имаше необично чувство како да е соборен во таа позиција од некаков страшен, безболен удар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ја водеше, со уште шестмина експерти, Агенцијата за борба против трговија со луѓе и нелегална миграција и од таа позиција ги покриваше дејностите на Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе, како и машкиот и женскиот оддел на Прифатниот центар за странци.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мислеше дека дал сè од себе како премиер и кога токму оние што го натераа да ја прифати таа позиција најмногу го критикуваа, веруваше дека го прави вистинскиот избор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа го потсети Александар на црната мачка која една августовска ноќ мирно го гледаше со своите зелени очи кои светкаа во темницата, таа беше качена на кантата за ѓубре зад зградата каде што тој живееше со своите родители и од таа позиција зрачеше со некој вид на достоинство на средновековен владетел.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Штом стрелките дојдат до таа позиција на 5 часот и 17 минути, тогаш ќе рикне една снажна, народна, патриотска песна, која ќе говори за непокорот на овој народ, за сите херои родени и неродени кои газеле и ќе газат по оваа земја - продолжуваше Гаврил пред огледалото.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Италијанците најнапред го уапсија, а веднаш потоа и го протераа митрополитот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Митрополитот им припаѓаше на оној редок вид предводници што таа позиција не ја разбираат како привилегија, туку како високо достоинство, како морална обврска, како етичка и возвишена, не како прагматична и утилитарна вредност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но за него вистинскиот збор без одбраната на оружјето ја губеше својата првична смисла.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во таа позиција остануваше до крај доследен, дури и по цена на разидување со Јасер Арафат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
-На таа позиција никој не смее да остане!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)