таа (зам.) - сабота (имн.)

Овде би завршил и со писателот и неговите пцости затоа што во истата таа сабота, на зајдување на сонцето, во едно мое омилено информативно гласило наидов на интервју со Едгар Морен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Овде завршувам со младиот режисер и неговото интервју оти она што го доживеав во истата таа сабота, токму напладне во 12 часот, кога присуствував на промоцијата на еден познат полиграф од Хрватска, е исто така, за објавување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Конечно таа сабота Томо, поточно неговото тело побара возбуда.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По два дена беше сторена вистинската работа: одново се свикани, попишан е остатокот, пристојно се третирани.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А она за што треба да преговара - се фаќа Мертен за рачката на еврејската канцеларија местејќи ја срдечната, како што ја нарекува меѓу блиските, „филосемитска“ насмевка на лицето и молскавично рекапитулирајќи почна таа сабота на 11 јули 1942 на Плоштадот на слободата, во близината на пристаништето каде што од утринските часови се собраа над 9000 полнолетни мажи Евреи, а како часовите врвеа и еден сѐ поброен куп љубопитници, обични граѓани од сите возрасти, дами и госпоѓици и војници на отпуст, без задолжение во конкретниот зафат на кој тие 9000 души со часови, најнапред беа попишани, а потоа, терани да прават салта, да изведуваат глупави гиманстички вежби на врелото сонце, без заштита на главите, со бројни онесвестувања што на крајот го расипа првичниот весел впечаток и во присутните почна да создава непријатност и отпор...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Заедно со трупотењето на тркалата на возот по шините, ги пуштив моите мисли да едрат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Имав два часа да спакувам пар работи и да тргнам кон железничката станица.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден тргнуваше во 7.10 вечерта таа сабота.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Околу 7.15 бев во својот кушет на патот за женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)