таа (зам.) - на (предл.)

Помина ден, поминаа два, Крчо се виде со Неда оддалеку, и се насмеа со претпазливост да не го забележат другите деца што беа со него; таа на ист начин му одговори и ги наведоа обајцата главите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа што е необично со оваа гора е дека расте само по средината на внатрешните падини на Потковицата (сртовите се извишуваат голи; обрастени со високи ридски треви тие се, сѐ до назимо, сточни пасишта, а подножјата нивни, односно подножјата на гората, се ливадско земјиште) туку дека таа на целиот живот во Потковицата, и социјален и духовен, му имаше удредно свој печат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Доаѓањето на девојките, поточно речено на Гица, зашто само таа на двајцата ни беше во умот, нѐ потстакна сосем природно кон натпревар, кој повеќе да се истакне, служејќи си еден за другиот како мерка за споредба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Му полазуваше таа на моменти од лажичката по сета снага како врели морници пред некаква неизвесност.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа на почетокот има увод именуван „Се појавил чуден човек“ и на крај епилог „Срце во срцата“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тоа е човекот кој на прашањата од луѓето која е неговата мајка, секогаш имал само еден одговор: Мојата мајка е земјата македонска.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Арнотија ли е тоа што прима таа на своја служба Македонци, кога последниве со службата, или заради неа, ја заборавуваат својата татковина и нејзините интереси ги жртвуваат на бугарските?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Јас мислам дека беше таа на која ѝ било наредено.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Напишета само: капетан Никола, Аспровалта, тоа е доволно! - ни рече таа на збогување, ни набра црници и ги стави во едно книжно ќесе. - Благи се и освежителни! - со насмевка ни рече Параскева.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Освен женската, која во оваа година - ќе се врати токму за 2.000 години назад, и по малку ќе наликува на таа на Римјанките.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој и таа на секого му раскажуваа кој го извајал, кога, каде итн. Какво задоволство!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И еве неколку денови доаѓа таа на прозорецот, се прпелка, лази по стаклото, зуи и бара пат да дојде до цвеќето.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ќе ти помогнам, му откликнуваше таа на еден осамен човек, и дури сонуваше крај него. тој низ неа го препрочитуваше житието на морето, ја впиваше неговата синина, па одново бела полетуваше во зорите сѐ до капка одново дури не го препишеше морето и дури не ги јагленоса ѕвездите мапи на неговите кораби.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Писателот Едо Бранов бил во Сан Диего, Калифорнија, иако само неколку дена, на гости кај една госпоѓа со која случајно беа копреведувачи на една поема од една позната данска поетеса – тој на македонски, таа на англиски.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа на некој начин требаше да му дава тежина на сфаќањето дека Стојан владее во полза на најширокиот интерес на народот. – Ќе ја ставите и сега за јубилејот?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Лежеше таа на претсмртен одар и офкаше, а царот си ја корнеше косата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На забелешката од Манџуков дека таа одговорност ќе биде таква каква што била таа на раководителите на бугарските политички партии преземена за сите грешки и грабежи што се вршеле во името на “мајка Бугарија“ и во името на “милиот народ и татковината“, Орце одговорил: “Јас не мислам одговорност пред законите туку пред историјата, која никому не му простува и секому му го дава заслуженото“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Стоеше сега таа на повеќе од двесте метра од него, со неговото јарче во своите нозе, сета двоумење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Немој да го браниш - му свика таа на дедо ми, - нека е жив и здрав, син ни е, ама не е од збор.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Малечката Пелагија воскликнуваше од радост додека ја капеше мајка ѝ, а пак Пелагија додека ја сапунисуваше се прашуваше себе си дали и таа на тие годинки ја имала истата снагичка?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мурџо седеше наспроти неа, на земја, а таа на малечко столче, ја отворил устата, го пуштил јазикот малку надвор и ја слуша и разговара со големите жолти очи кои како да велеа Да, разбирам, ама освен дечиња и мајки, имаше ли и кучиња?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На своите дванаесет години се потпишував со ЕМ, бидејќи никако не сакав да ја запомнам буквата Л, зашто таа на нешто многу лошо ме потсеќаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таа на прозорецот – тој врз завесата, таа на плафонот – тој врз креденецот, таа на креветот, а тој... под креветот, потоа таа кај вратата, а тој над масата и ги исклештил забите!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сестра ми во меѓувреме се оддаде на волшебно одгледување растенија гледаше во нив имаме ли иднина или не моите невени развија раскошно и сега ми се пред очи отворени како мугри ти најмногу ќе ги израдуваш мама и тато со твојата судбина, рече таа на мама ѝ се врати надежта и се насмеа за сите тато се разбуди од сон што не ни го раскажа и појде на извор јас не верував во ништо иако и денес се вознемирувам од помислата на неа барем ноќта да не ја испуштам денот изгледа не е доволен да се стигне на правото место реков и почувствував - имам работа со симболи од -ден-на-ден стравот е сѐ пострвен ако не се исплашам нема да запамтам што се случило стравот е време додека се думам во мракот - останало ли нешто од мене мрда под прстите надигнат и препороден.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Ајде да играме мрсен Петко, - им рече таа на децата и изненадено се сврте, го допре со рака Мартина и спрсна да бега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Грижата за светите книги ѝ ја остави на Мајка, а таа на секого од тројцата синови им даде да носат по една света книга, кој Библијата, кој Куранот, кој Талмудот, верувајќи дека Бог ќе ги спаси кога ќе ја минуваат границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)