таа (зам.) - основен (прид.)

Она што Борис го учи не е само аритметика; тој ја учи и таа основна агонија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Единствено ако во случај Југославија и Бугарија политички би се обединиле или ако врз основа на најпријателски односи таа основна пречка за југословенското поседување на Солун ја изгуби својата важност, и тогаш југословенските политичари треба да размислат дали ќе биде исплатливо да се добие Солун на сметка на грчкото и исто така на турското непријателство".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, експертите сметале дека "српските етнички и историски барања во Македонија, иако жестоко поддржувани, се слаби.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Настраниот свет на припадноста кој го замислува, попрво, е проекција на геј-желбата. ‌„Мелодрамата“ и „трагедијата“, тогаш, не се однесуваат само на разни видови драма туку и на разни прагматични жанрови на дискурс, на разни начини на чувствување и на разни стилови на емоционално изразување, како и на диференцијални степени на општествена достојност и на различно вреднувани општествени изведби – а сите тие, пак, корелираат со разликата меѓу женственоста и мажественоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа најпосле ја промовира визијата за љубов што ја крепи секој облик на посредство што таквата љубов може да го најде во кинематографијата (било како уметност, било како стока), во пријателството и во мелодрамата како емоционален и прагматичен жанр – иако не настојува дека една таква визија е остварлива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи систематската меѓусебна поврзаност и хиерархиска распределеност на општествените вредности што придонесуваат кон утврдувањето на тие генерички разлики се формативни за човечкиот субјективитет кога тој се обликува во рамките на некои конкретни културни контексти, не е изненадување тоа што дури и мошне младите деца се ориентираат, и однатре и нанадвор, во однос на таа основна културна поетика – на конвенциите на дискурсот, на чувствувањето и на изразувањето што тие жанрови ги претставуваат. ‌Со други зборови, долго пред воопшто да имаат секс, младите имаат жанр.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што, можеби, е сѐ што им треба за да изградат одредени нестандардни односи кон нормативните сексуални и родови идентитети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истополовата желба не била суштината, туку само натамошно продолжение на таа основна родова тегоба, некоја понапредната „фаза на патолошката појава“.44
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Амбасадорот Амбасадорот во бабината свест добиваше митска моќ, многу повеќе од таа основната, како висок чиновник на една во друга држава, само затоа што веруваше дека нејзиниот полубрат амбасадорот Али Фетхи Окјар ќе ги спаси нејзините синови, ќерки, семејството. Иднината на нејзиното семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Токму со нив ја плаќав откорнетоста, изместеноста од вековното живеалиште на претците и обидот да се биде нешто подруго, таа основна грешка на секој занесеник, на секој почетник, би рекол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)