таа (зам.) - последен (прид.)

Бидејќи, доколку не ѝ се спротивставиме на таа последна сила на патријархалниот давител, сите наскоро ќе бидеме обеснажени.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во таа последна битка веруваше дека во судбината на Татко го открил вистинскиот балкански сојузник...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дали набргу и таа последна почит требаше да згасне и Margina #26-28 [1995] | okno.mk 153 таа да ги бутне сите во истите ѓубрени кеси со истите смртоносни рани за сите?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кумот повеќе пати се присетуваше на таа последна средба што ја имаа со тебе: „Колку беше расположен таа вечер, како да сакаше да ни приреди проштална вечер…“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Дали затоа, или заради старото предание кое вели дека огледалото се скаменува кога оној што умира се огледува во него за последен пат, па засекогаш ја чува таа последна слика и веќе никој друг не може да се огледа во таквото скаменето огледало, дали велам, заради тоа предание, не знам, но одеднаш огледалото самото од себе се сви и следниот миг – распука.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Смеата на палјачото. Таа последен пат ќе биде повит, црвен и врел, заплеткан на острицата на ножот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Уште повеќе што седеше стуткана таму назад, на таа последна клупа. Како да сакаше да остане незабележана.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Знаев дека го мрази сожалувањето, а тоа можев да го забележам и од фактот дека не реагираше кога јас дури и наметливо ќе ги употребев зборовите што таа последните денови почна да ги одбегнува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За да го сведам на вистинска мера значењето на нејзиниот збор „часот“ и реков дека не треба толку да е сигурна во своите пресметки во врска со пристигањето на некаков си час.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој ја слушаше рамнодушно, како нешто рутинско што се повторува секој ден, макар што таа последната вест за синот ја кажа нагласено и загрижено, па дури и ја повтори само неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Затоа, тие цел живот трчаат кон прегратките на новородената надеж, знаејќи дека таа последна умира – објасни старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа последна ја одржуваше семејната рамнотежа од времето кога беше жив Татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не ѝ бевме достојни на таа последна фаза од нејзиното жртвување за нас, да си го дочека крајот на животот во осаменост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не можевме да ја совладаме токму таа последна лекција од животот на Мајка, величината да владее со самотата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)