таа (зам.) - пријатен (прид.)

Потоа, не е одвишно да се рече дека во пленувањето на женскиот пол, градоначалникот треба да ја бара осаменоста и воопшто да не ги пренесува своите дејности во гласност или во разговор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Малите деца сега мошне умесно учат да си ги имитираат родителите, и ако не им се попречува таа пријатна вежба, со текот на времето може да се очекува од тоа дете да израсне забавен за општеството млад човек; таквите деца обично имаат нестрашлив дух и на петнаесет години веќе се во состојба да си го претепаат таткото или да го протераат од дома.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во таа пријатна осаменост, тој под маска на нежност или на шеговити манири, може да дознае многу нешта, кои не им се достапни ниту на најспособните шпиони.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На тој начин, штом одбереш еден автор за свој љубимец, толку повеќе чест ќе имаш, особено ако тој е странски, напаѓај ги другите и зборувај само за него, припишувај му ги оние грешки, што тој ги нема, додавај му ги оние одлики, кои тој никогаш ниту ги имал: нема ништо попривлечно од глетката на двајца млади, како спорат за своите автори, кои не ги читале; мене честопати ми се случуваше да бидам сведок како епиграмите на Русо ги победуваа “Ноќите” на Јунг, а победата секогаш остануваше на страната на младиот човек чие грло е поздраво.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)