таа (зам.) - брзо (прил.)

Таа брзо се смири, зашто јас се насмевнав, успевајќи да се совладам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тргна да ја прегрне, но таа брзо се ослободи, делумно и затоа што торбата ѝ беше сѐ уште в раце.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но таа брзо ја отфрли од мислите змијата и сè што значеше таа змија, и зачекори лесно, кожените ѓонови на нејзините сандали весело затропкаа по бетонот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Уште во педесеттите години, по големиот судир по­ме­­ѓу Тито и Сталин, откако Југославија се ослободи од руската „матрјошка”, таа брзо се отвораше кон Европа, кон светот и новите модерни естетски влијанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од локомотивата се прскаа в мрак илјадници искри, таа брзо ја цепеше далечината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Нејзините очи и интуицијата ѝ кажаа дека нешто добро го натерало да дојде кај неа и таа брзо стана.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога ја допре за половината, таа брзо го фати за лакотот, како да сака да го сопре, зашто го разбира и премногу добро.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чалмата ја поттури под крвта и таа брзо се натопи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)