таа (зам.) - веднаш (прил.)

После овој немил настан – кој уредно е пријавен и од страна на самиот работодавач, таа веднаш се упатува во болница, каде ѝ е укажана прва медицинска помош, ѝ се отстрануваат остатоци од парчето емајл и се праќа на боледување – сѐ до ноември истата година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3 Имено, при емајлирањето на предната страна од шпорет за греење нејзе ѝ прснува парче емајл во левото око.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Па, Исак, види, јас ќе морам да излезам, имам некои други работи да завршам, имам состаноци еден куп, не можам глава да кренам, види ти што сака таа жена, сослушај ја, запиши, направи да изгледа како да ѝ даваш некој совет, не објаснувај премногу со што се занимаваме, не ѝ давај ниту некаков конечен одговор ... но, знаеш ти како треба, веќе сто пати си го правел истото... биди нежен, ајде, умееш ти со жените, знаеш како да ја сослушаш, знаеш како да ја погледнеш и таа веднаш да се окуражи...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тато ѝ помогна да се качи во возот. Ѝ го смести багажот, а таа веднаш застана на прозорецот. Беше многу возбудена.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во библиотеката Грдан бргу навлезе во работата и таа веднаш му тргна од рака.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ете такви се фалените администратори во Македонија - од џандаро до жупано, сè само професионални убијци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Добро познавајќи го убиецот, таа веднаш отишла во Битола за да му се поплачи на жупано, но наместо заштита ѝ било наредено „добро да си ја затворам устата“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зборот „смрт” предизвика остра болка во срцето на Кети и таа веднаш замолча.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа веднаш не се согласи. Тие продолжија и на крај, (како што би рекол татко ми), имав мака како да дојдам до збор. 24 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Смртната пресуда на гемиџиите требало да ја потврди султанот. И, бидејќи таа веднаш не била потврдена, станало јасно дека султанот на осудените атентатори им ја изменил казната.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Слепата гатачка му претскажала необична судбина но не сакала да одговори во што ќе биде посебноста, кога таткото инсистирал, таа веднаш ја напуштила куќата...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Оди со човеков горе!“ ѝ рече човекот со лузната на македонски, без да ја погледне.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа веднаш дотрча до масата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа веднаш престана да плаче и уплашена направи еден чекор наназад.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Штом музика слушне таа веднаш пее а гласчето малечко далеку се лее.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Малото полека го спуштив во водата и тоа преташе весело, а таа, со клатење налево - надесно, се преврте на грб и со едната нога го јавна овој нејзиниот, па се исплашив дека ќе му напукне бутна коска и им го подадов Барбариче... и, кога првата капка ја допре, таа веднаш го прострела со поглед и навежбаниот се исправи, го грабна детето и го свитка во бањарка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не ни чекаше да се изгаси догорчето, таа веднаш од истата запали друга.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа веднаш седна да му одговори: „Драг Петар, твоето писмо многу ме израдува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Таа веднаш ја зеде ситуацијата во свои раце, исто како и во кантината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гласот таа веднаш го позна, се уплаши од него и се разбуди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ѝ кажуваше Чана како Пелагија ѝ пишува за нивата и за семето таа веднаш сфати дека во кутрата Пелагија има веќе лошо семе, само да не крене рака на себе или на тоа во неа!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ја одврзаа, и таа веднаш почна да се соблекува, да се соголува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа е нешто ... ама, таа веднаш ги полни гаќите.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Заѕвони, а таа веднаш отвори, небаре стоела од спротивната страна на вратата и го очекувала.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Камиони префрлуваат пешадија до Штрково и таа веднаш влегува во борба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Значи лошо, а? - дофрли некој, а таа веднаш го прекина: - Да, така значи и... ете, туа, баш туа на врв јазик ми е тој збор шо го кажа другаро Захаријади... и шо, мене не ми текнува така брзо, значи дека е некој гопем збор, а големи, зборои можат да кажват само големи људје и тоа такви како нашио водач Захаријади.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татко ми ја повика сестра ми Борка, а таа веднаш дојде со коњска кола и отидоа во Кавадарци на лекар.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На состанокот им реков дека Цвета не треба да дознае, зошто ако слушнеше и таа веднаш ќе посакаше да ни се придружи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бабата Перса и Мурџо ја допратуваа до влезот на дворот и таа веднаш ги забораваше, ама тие не се враќаа додека не се прелееја учениците од дворот во училниците.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)