таа (зам.) - постојано (прил.)

Кога ѝ се нафрли Богдан, таа постојано му викаше „Полека, полека... Немој како дивеч...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ели светеше од радост. Таа постојано беше нетрпелива - кога ќе тргне во училиште.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Од таа вечер кога љубовта ѝ се откри во сета своја непредвидливост, таа постојано, со години исчекуваше да ја сретне повторно, повторно да го доживее она целосно отворање, кога телото се губи самото во себе како што моливот и хартијата се губат во зборовите што ги пишуваш, а четката и бојата се губат во сликата што ја создаваш.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А бабичката, да пријави дека поштарот нејзината сметка постојано ја остава во сандачето на соседот, со кој, меѓудругото, не разговара со години, па таа постојано мора да бара дупликат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ми беше многу чудно. Иако таа постојано повторуваше леле, ништо не знам, се сум заборавила, зборуваше многу течно и веројатно правилно, штом ја разбираа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа постојано изненадуваше со нова централна тема, која имаше силна моќ да извлекува од балканската сага дури и теми каде што моите мисли се наоѓаа на распаќе на дилемите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Зборот - обожаваме, таа постојано го употребува, ама сум сигурен дека не ѝ е сосема јасно неговото значење.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Знам, велите дека таа постојано спие, но не ме интересира.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ѓорѓија забележа дека дури готвеа таа постојано зборуваше и како што го правеше тоа граматичките конструкции сѐ почесто и почесто ги грешеше, но тоа како воопшто да не ја сопираше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја оставаше во ходникот или во дворот, а таа постојано врескаше гризејќи земја и вар по ѕидот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А не ја ни привлекува дождот. Таа постојано сонцето го бара.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таа постојано стравуваше јагулите да не се заплеткаат премногу во татковиот живот и на семејството. Тоа не би било добро!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мајкината љубов никогаш не старееше, таа постојано се обновуваше, од за нас непознати и неоткриени извори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајкиното детство и раната младост беа врзани за две патувања, против чиј заборав таа постојано се бореше, што претставуваше и дел од смислата на нејзиниот живот, покрај судбинската предаденост на своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А таа постојано се опира и нè казнува за тоа со разни природни катастрови...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сè повеќе и жена му ја избегнува, зашто таа постојано, во секоја прилика, му зборува да се оттргне од таа празна, јалова работа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)