таков (зам.) - знаење (имн.)

Во својство на управувач, членот на Внатрешната партија често треба да знае дека ова или она парче информација е невистинито и може често да биде свесен дека целата војна е лажна и дека или не се води, или се води за сосем други цели од прокламираните: но таквото знаење лесно се неутрализира со техниката на двомислата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се најдов малку во небрано, оти тој зборуваше многу течно, како англискиот да му е мајчин јазик, а јас не можам да се пофалам со такво знаење, ама тогаш уште не знаев дека на Игбал можам сè да му кажам и дека од него не треба да ми е срам што и да направам, па се обидов да изблефирам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пред заспивање чекаше да се огласи и јатси намази и дури тогаш заспиваше и самиот, и ова му стануваше, без да мисли, некој нов ред за денот и редот во куќата, и зашто со таквите знаења некако се извишуваше над сите неуки, а најмногу над Тодора која спиеше покрај него, гровната како насукана гемија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)