таков (зам.) - информација (имн.)

Меѓутоа, при испраќањето на оваа мисија Британците биле сосема свесни дека четничкото движење во Македонија скоро воопшто немало свои приврзаници бидејќи според нивните информации “Михајловиќевиот комитет во Скопје е провален и безжичната опрема е пренесена од Наумовиќ во Порече и сé уште не е почната со работа“.77 Нивните информации покажувале дека на територијата на Македонија “освен заскитани војници нема партизани“.78 Но и покрај таквите информации СОЕ во Каиро пристапила кон подготвување на втора мисија за територијата на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- До таква информација ни случајно не би можела да дојде.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Влегувањето на САД во војната на 8 декември 1941 година повторно го актуелизирало прашањето за местото и улогата на координаторот за информации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште повеќе што и самиот Меклин, во ноември 1944 година, истакнувал дека Светозар Вукмановиќ-Темпо и Димитар Влахов, при своите настапи, изразувале територијални претензии спрема Бугарија и Грција, што било причина Меклин да испрати протестна нота до претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај негирањето на таквите информации од бугарска страна дека "уште не е созреано времето за покренување такви прашања", британскиот политички врв не можел да остане мирен.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нејзината активност била дефинирана од страна на претседателот на САД, Рузвелт: "да ги собира и да ги анализира сите информации и факти коишто се однесуваат на националната безбедност, да ги споредуваат таквите информации и факти и таквите информации да ги направат достапни за Претседателот и за оние Министерства и функционери на Владата што ќе ги посочи претседателот; да преземе, на барање на Претседателот, такви помошни активности кои би го олесниле обезбедувањето на информациите што се од национален интерес и кои во моментот не се достапни за Владата".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но јас никогаш немам добиено таква информација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Затоа сета таква информација (сета “усмена култура”) мора многу брзо да се прими и да се складира во нервниот систем на 142 okno.mk реципиентот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Електронските мемории допуштаат критичко елиминирање на таквата информација.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)