таков (зам.) - куќа (имн.)

Да ѝ биде јасно дека тука, во таква куќа, во оваа држава, не ѝ е местото. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Штотуку се симнав од ридот, од негде, од нигде или од ведро небо, се спушти на невидлива нишка син пајак со златна глава.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тој ги прибра децата со неа, направија каква таква куќарка...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Како е можно таква куќа да биде под магијата на една змија, да биде оставена на милоста на една змија?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во такви куќи горни крај живеат луѓето, долни крај — добиците: воловите, коњите, маските, магарињата, та понекогаш прасињата прескокнуваат и горни крај и спијат во една постела со децата, да им биде потопло и на едните и на другите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ТЕОДОС: А и каква може да биде девојка од таква куќа?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Поарно самар на грбот да си ставам. Таа да ми влезе во куќава!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Брзав по надолнината да влезам во градот и да ја најдам куќата што воздивнува и, доколку навистина има таква куќа, да ја замолам да ми ги каже своите пророштва.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)