таков (зам.) - лице (имн.)

Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да се достигне таа цел требало да се состави одделно друштво од лица за кои изучувањето на Македонија во етнографски, географски и историски однос има првостепено значење; а такви лица сме ние Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако се осмели некој да ја критикува дејноста на таквите лица, се решава да загине од Организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но оној, чија фотографија сите три љубоморно ја чуваа: тета Наца на пијаното, тета Менка во кујната, над шпоретот, тета Дитка на телевизорот, врз неделната програма – тој имаше токму такво лице: отмено, благо, а непроникливо – лице на дарителот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А градежните инженери, наведе Китан, не се такви лица кои можат да дадат стручна оценка на какво тло лежи куќата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Гемиџиите чувствувале дека такви лица можат да бидат од голема корист за нивното дело па се обиделе да ги придобијат и Христов и Бошнаков.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Требало време и одреден степен на креативност да се создаде такво лице, но неговиот став ме убеди дека тој ужива да живее зад него.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но такво лице, поради студот, никогаш не влегуваше таму.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе се разбуди и сѐ ќе ви објасни.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа е такво лице, такво великанско лице!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)