таков (зам.) - начин (имн.)

На второ место, тие го поставуваат условот јавните проверки од страна на заедницата да бидат достапни на таков начин што оној што го следи правилото може да прави разлика помеѓу случаите кога го следи правилото и кога само мисли дека го следи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На прво место, согледбите за следењето на правилата како услов го поставуваат тоа дека следењето на правилата мора да започне со тренинг во практиките на заедницата и тоа во јавен амбиент.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Цртачот на стрипови, драги глувци, можеби не е „лекар на убавината”, каков што беше, да речеме, господинот Леонардо, но ги секцира „нештата” на таков начин што неодоливо ги привикува аналогиите како на првите анатомски маси на Версалиус, така и на бесконечното делење на материјата со судирање на честиците, или на господин Вазарели, да не одиме понатаму во декоративното минато.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Намерно се задржавме првенствено на доживувањето на Џоан на нејзиното „вистинско” и нејзиното „лажно” јас, за да покажеме дека таквиот начин на согледување на проблемот не го нарушува сопствениот опис на пациентот, ниту бара од нас бришење на оние линии кои не се „вклопуваат”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Утврдивме дека основниот расцеп во шизоидната личност е пукнатината што го оттргнува сопственото јас од телото: Јас/(тело-свет) Таквиот раскол го кине индивидуалното сопствено битие на две, на таков начин што јас-чувството станува лишено од телото, а телото станува средиште на системот на лажно јас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Поучен од лошото искуство на некои одамна настрадани колибари, кога волците се беа вовлекле преку сламениот покрив во трлата и им ги беа искасапиле стадата, дедо Димо ја беше изградил плевната на таков начин, што добитокот во неа да биде на најсигурен начин заштитен од волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ни сеќавање не сакам за таквиот начин, таквата личност. за пари што се продава, во дружба со слични.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
„Сите млади обично се такви. Напати и непресметливо злочести. Треба да си похрабар и поснаодлив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- „Само невоспитани копилиња и шутраци можат да се однесуваат на таков начин, зар не тате?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Не биди сосема сигурен дека се шутраци“, си замислував Даскалов како ме теши со она потчукнување по моето рамо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
му велам јас откако моите врсници си заминаа а јас останав сам со тој мој божемен татко во мислите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Како можел да размислува така и да поверува во такво нешто за оваа девојка, и да се обиде да ја убие на таков начин.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не верувам дека самите го измислиле.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги поттикнав да ми помогнат да разберам како биле вовлечени во оваа форма на реагирање во конфликтни ситуации, и да го идентификуваат развојот на таквиот начин на комуникација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На исто таков начин се нацртани и нозете, само што тие раснат рамно со главата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Немав време да се вратам по таков начин како што се качив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа нѐ поттикнува личното да го правиме стварно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи немаме никаков општествен поттик да се вљубиме и бидејќи немаме никаков сопствен стандарден, надворешен, јавен облик со кој ќе ги дефинираме и претставуваме сопствените венчални односи, мораме да ги персонализираме постојните општествени облици за да ги направиме наши.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во нив нема ништо од конвенционалното и вештачкото што, општо гледано, им е присушто на прифатените или на наметнатите општествени улоги, а што му овозможува на општествениот актер каква-таква дистанција од нив, а со тоа и некаква противсила во однос на нив.315 Кога самиот си создаваш улога, немаш гледиште со лесен отклон од неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зајмиме хетеросексуални обрасци на односност и ги приспособуваме кон сопствените цели, истовремено потпирајќи се на личното и на интимното за да им внесеме особено, своеобразно значење – да ги создадеме значењата и обредите што им даваат облик, цврстина и полноважност на нашите чувства.314 Колку се полични или поинтимни таквите начини на ополноважување и легитимирање, толку ни е помала дистанцијата од нив, толку понеиронично ни е гледиштето кон нив и толку помитски стануваат тие општествени облици и обреди. ‌Ваквите самоодобрени, самосоздадени и самопотврдени облици и обреди можат да бидат особено угнетувачки токму за оние што ги создаваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој може да го види само она што му е познато, само на таков начин како што му е објаснето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На таков начин се определуваат целите и задачите во в. “Отмъщение“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, се јавиле и млади луѓе, нестрпливи, што сметале дека индивидуалната револуционерна акција и саможртвата можеле дури да го заменат колективниот народен напор и на таков начин да го спасат народот од последиците на едно општо и крваво востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И уште нешто, поважно, тие решиле по извршувањето на своето дело да одат свесно во смрт, сакајќи на таков начин да докажат дека не се обични терористи туку борци за слободата на својата татковина Гемиџиите ниту можеле ниту сакале да навлезат во суштината на анархистичката идеологија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Итриот Хилми-паша и на таков начин сакал да ги „потсети“ европските дипломати дека борбата што се води во Македонија и „анархистичките“ акции „биле“ диригирани од Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На таков начин биле пренесени и другите четири пратки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие се определиле за индивидуални револуционерни акции сметајќи дека на таков начин побрзо и со многу помалку жртви ќе се постигне целта.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се разбира, сите тие немале никаква врска со атентаторите, но во прво време тоа не се знаело, а властите на таков начин особено се труделе да го одржат првобитниот впечаток за постоењето на голем заговор против султанскат власт во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Врховистичката оружена акција во Македонија ги поттикнала големите сили, особено Русија и Австро-Унгарија како “најзаинтересирани“ за настаните во Македонија, да го забрзаат подготвувањето на реформи надевајќи се дека на таков начин ќе ја смират револуционерната атмосфера во Македонија и ќе ги осуетат бурните настани што биле на повидок.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој не купил нови алишта, но затоа неколку пати се напил „англиска сол“ за да го растрои стомакот и на таков начин да ја промени бојата на лицето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Посадата на „Гвадалкивир“, што беше тука сместена, го локализира со успех пожарот на соседното крило на Банката и на таков начин ја спаси нашата установа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мајко, зарем на таков начин ќе си одиш од нас засекогаш, без да те видиме...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се стресе оти дотогаш мајка му беше онаа што секогаш допираше секого во својата весела намисла нешто да каже, да покаже или да праша, но никогаш не беше видел некој маж неа да ја допира, а најмалку од сè да ја допира на таков начин.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Змејко никогаш не мислел дека можат на еден таков начин да бидат ставени в џеб луѓето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само нашиот разум не е подготвен да ги сфати нештата на таков начин.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
1 Во својот поговор 1 раскажувачкото творештво на Живко Чинго (поговор) стр.138 кон избраните раскази на Чинго, Петар Бошковски, доаѓајќи кон поентата на своето разгледување, го истакнува тој квалитет на прозата на Чинго: „Не знам колку може да важи за општо правило дека литературата треба да се чита на глас, но во случајот на прозата на Чинго таквиот начин на контактирање може да се земе како пример на совпадливост.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во принцип, разликата е јасна: уметноста е личен израз на поединецот кој не се комбинира во систем на повторливи симболи со одредени, прифатени вредности; наспроти тоа, буквата е конвенционализирана и институционализирана на таков начин што сите што го користат системот можат да ја толкуваат на ист начин.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сакаа на таков начин да ѝ приредат заеднички реванш на нивната судбина на Балканот, за да ги поштеди, одмине нивните потомци!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Разговорите со госпоѓа Мариела и овозможуваа да биде своја токму на таков начин и таа тогаш токму така се чувствуваше: со непристорена, природна, внатрешна ведрина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ниротакис живееше сам, без семејство, но шефувањето со транзитната служба (Ема во стил на искусна полицајка шефувањето му го наметна како сериозна обврска) го трошеше неговото време без остаток, вклучувајќи го во таа активност и делот што тој го исполнуваше со својот машки порив совладувајќи ја на таков начин опасноста да се почувствува отфрлен и осамен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше ноемвриска ноќ. Врнеше студен дожд и мислевме дека на таков начин полесно ќе се пробиеме.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа беше движење кое - ако некој сѐ уште размислува на таков начин - потсетуваше на благородник, од осумнаесеттиот век кој ја нуди својата кутија со бурмут.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знаеше зошто Полицијата на мислите би избрала да ги испраќа своите пораки на таков начин, но можеби тие имаат свои причини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На таков начин, како единстве- на обврска на Фондот поврзана со исплата на парични надоместоци на лицата со преостаната работна сопственост остана исплатата на паричните надоместоци до вработувањето и средства за преквали- фикација или доквалификација за оние лица со преостаната работна сопственост чиј работен однос престанал поради стечај или ликвида- ција на правните лица во кои работеле.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На 80 таков начин, на лицата со над 20 години стаж на осигурување им е скратено примањето паричен надоместок за 4 месеци, па тие, наместо да примаат паричен надоместок 18 месеци, од 2003 година имаа право на паричен надоместок за време од 14 месеци (чл. 5, ЗИДЗВОСН/03; види Табела 1).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Всушност, зацементирањето на губењето на одредено право се случува токму на таков начин што неуживањето на одредено право, преку усвојувањето на соодветна законска регулатива, престанува да биде кршење и станува намалување на правата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На таков начин, севкупно, во периодот 1994-2001 година возрасната граница за мажите е повишена за четири години, додека возрасната граница за жените, во периодот 1994-2007 година е повишена за дури седум години (види Табела 1).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И да знаеше Кољо за патот по кој трагаа тие, тој сигурно со чудење и сожалување ќе ги погледнеше што на таков начин си го арчат неповратното време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Отворено ја обвинив дека знам оти и таа на таков начин печели.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Барале да престане да размислува на таков начин.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Е, а јас не бев Столе и не сакав на таков начин да ме потсетуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа можебу и имам донесувано толку многу погрешни решенија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бидејќи најсериозно мислев, а и сега мислам дека таа недоречена симпатија, или занес, дури и за самата Рајна и не беше ништо друго туку еден од нејзините безбројни каприци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ниту пак таквиот начин на чувствување на работите некогаш ќе заврши.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тие на таков начин утврдувале само колку си жив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Отсекогаш мислев оти не смее да се растура туѓата среќа на таков начин. Подобро речено, од каприц!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И се отвори небото како екстаза, луцидна за себе слепа за сѐ друго! Човек пред човека не се отвора на таков начин ни во исклучителните мигови на премин од еден во друг и излез вон себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можеби беше навреден, можеби луѓето беа зли, несправедливи, кон него, но тој немаше право да се лути на таков начин.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Мозокот ги регулира податоците на таков начин што единиците на просторот взаемно се исклучуваат. Милиони такви единици. А всушност, теориски, трилиони.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Според нив, територијалните освојувања се повлекуваат пред економската размена, на тој начин заменувајќи ги традиционалните „воени држави“ со „трговски држави“.47 Тие сметаат дека глобализација 46 На пример, Гиденс ја дефинира глобализацијата како „интензивирање ширум целиот свет на општествените одно­ си кои ги поврзуваат далечните локации на таков начин што локалните случувања се обликувани од настани што се случуваат многу милји далеку од нив, и обратно“. Anthony Giddens.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Затоа, за овие групи, автономна Македонија не би била само прифатлива туку и пожелна во сегашниот момент на компликации и закани, кои уште еднаш ја опкружуваат Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 27 декември 1944 Форин офис им испратил телеграми на амбасадорите на Велика Британија во Москва и во Вашингтон за да ги запознаат владите на двете големи сили со британскиот став во однос на македонското прашање и федерацијата меѓу Југославија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кер изразил сомневање во можноста да се добие искрен одговор од Советите, но бил категоричен тоа да се направи поради фактот што „општата ситуација во Македонија се влошила на таков начин што целосно е на штета на нашата позиција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, доколку тоа било "неможно, тие подготвено би прифатиле автономна Македонија и на таков начин би било олеснато формирањето на една Балканска Антанта, која би можела да ги избрише основните причини за несогласувањата и интригите меѓу балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се разбира, сето тоа може да биде и опасно дека не е добро енергијата често да ја расфрлате на таков начин.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Знаеме дека Duchamp морал да пушти прашината да се акумулира врз долниот дел на неговото Големо стакло, на таков начин што од неа, во текот на повеќето месеци, ќе се создаде цртеж на некаков фантастичен пејсаж, кој, осветлен одоздола, му даде повод на Man Ray да ја сними фотографијата што ја познаваме.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)