таков (зам.) - околност (имн.)

Страната што е овластена да бара поради променетите околности раскинување на договорот е должна за својата намера да бара раскинување на договорот, да ја извести другата страна штом дознала дека настапиле такви околности, а ако тоа не го сторила одговара за штетата што другата страна ја претрпела поради тоа што барањето благовремено не ѝ било соопштено на време (чл. 123, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако изрече раскинување на договорот судот, на барање од другата страна, ќе ја обврзе страната што го барала да ѝ надомести на другата страна справедлив дел од штетата што ја трпи поради тоа (чл. 122, ЗОО – rebus sic stantibus).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Под такви околности, меѓутоа, замисливо е сè освен нормално интелектуално созревање.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
6. Под таква околност дојде и Илинден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А за тоа време мудурот веќе беше известен од кајмакамот за сето она што стана во Смилево и Крушево.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во онаа полупоспана состојба (кога мракот не е само темнина) овие зборови ми прозвучија како сожалување но истовремено и како закана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак, во еден момент, во тоа сум сигурен, на Иван му напоменав дека мајка му веројатно имала причини што не му ја разложила тајната со сите поединости.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Подоцна заклучив дека всушност станува збор за обмислена постапка со која се поттикнуваше стравот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, во такви околности Иван ги спомна сомненијата околу можните причини за бегството на татко му и за таа можна разделба за која ништо не знаев, ниту пак можев нешто да претпоставувам, а веројатно и Иван не знаеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Другарот Денков е нов директор на затворот - објаснува спроводникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Геј- (или протогеј-) субјектите може и тоа како да ги доживуваат тие стилови на изразување, заедно со целиот конвенционален општествено-семиотски систем на родот и на сексуалноста што ги прожилува, како неконвенционални, ако не и начисто туѓи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стилот е заситен со значење, вклучително и со сексуално и со обродено значење, па тоа што ти се допаѓа одреден стил открива многу и за твојот сопствен сексуален и родов идентитет, за начинот на кој се поставуваш себеси во однос на веќе воспоставените полиња на општествено и сексуално значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во такви околности, некаков општ преглед на машката геј- култура едноставно не доаѓа предвид, колку и да сакам да опфатам сѐ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го задушува распространувањето на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Диференцијалното родово исцртување на културните облици го создава (хетеронормативниот) општествено-семиотски систем во кој учествуваат старателите на детето, систем што веќе придонел кон обликувањето на нивните сопствени субјективитети и кон утврдувањето на нивните лични стилови на чувствување и на однесување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во такви околности, учесниците можат да си дозволат да си ја распуштат косата и да не се прават подобри или посекси одошто се.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Отсуството на критична маса од геј-мажи што ќе биде физички присутна на едно место го отежнува забрзувањето на темпото на културното геј-софистицирање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Клониме од еден дизајн, кој никогаш, ама никогаш не би го имале дома – или не би го носеле, или не би го возеле – не само затоа што е грд туку и затоа што е, да речеме, сладок или китен-китен или фалбаџиски или мелодраматичен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пристапот до главнотековните општествени облици: воената служба, припадноста во црква и бракот. ‌Ова многу ги објаснува карактерот и преокупациите на современата геј-политика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тој случај, може да заземат одредени стратегии на избегнување кои ќе им овозможат да ги избегнат општествените повици да го доживуваат светот на хетеросексуални и на хетеронормативни начини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во такви околности, немаше ништо поскандалозно и понепростливо отколку типот со кој излегуваш да ти се појави на романтична вечера со обетка – што не значи и дека не се случувале такви катастрофи. ‌Да скратам, постоунволското машко геј-живеење беше дефинирано од појавувањето на една нова мажествена практика на родот и сексот без определени улоги, од која произлегоа еден нов стил и еден нов облик на живеење, отелотворени во геј-клонот и во буч-геј-мажот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеш и понатаму да си се држиш за идеалниот калап на добриот хомосексуалец: некој доблесен, мажествен, полн самопочит, достоинствен, што не е од „сцената“, непромискуитетен, со конвенционален светоглед и солидно приврзан за традиционалните вредности – прав граѓанин и честит припадник на (стрејт) општеството. ‌Накратко, појавата на една разбиена, виртуелна заедница и исчезнувањето на една настрана јавна сцена, заедно со губењето на две-три генерации геј-мажи поради сидата, отстрани голем број од условите нужни за одржувањето и за унапредувањето на геј-ослободувањето – за културен и политички вриеж што ја подигнува свеста и за меѓугенерациско пренесување на настраните вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, кога ќе се соочиме со избор од нив – особено онаков избор што, како што си замислуваме, ќе укаже не само на она што ни се допаѓа туку и на тоа кои сме – во такви околности реагираме инстинктивно на начинот на кој таквите артефакти може да се одразат врз нас, што подразбира и свест за нивната кодираност за род и сексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се сведува на чајанка, средба на „сестринството“,229 на чисто блиска собиранка на истомисленици, кои нема што да си докажуваат едни на други и кои нема кому да му се прават буч.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во такви околности, не е некакво изненадување што многумина геј- (или протогеј-) субјекти им се опираат на приговорите од традиционалните кодови на мажественоста и женственоста или што гледаат штуро значење за себе во културните облици и активности кои таквите кодови ги обојуваат како традиционално мажествени или женствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обично не мислиме вака за културните предмети; тие не ни се претставуваат веднаш така.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ги елиминира и материјалните предуслови за медиумска култура во чија основа е заедницата, на политички и општествено напредна медиумска култура и, наместо тоа, го поттикнува подемот на сјајните списанија за животниот стил и кабелските канали, кои се насочени кон националната пазарна ниша и кои се темелат врз канонскиот, службен, главнотековен геј-идентитет, а е против прогресивниот интелектуален, политички и естетски израз, особено против облиците на размислување и критика. ‌Во такви околности, програмата на геј-политиката и на геј-живеењето ги запоседнуваат грижите на луѓе што живеат раштркани и релативно изолирани, заглавени меѓу хетеросексуалците во гратчињата и во руралните подрачја, наместо собрани заедно во велеградските центри.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во такви околности, дејствувам како приврзаник на дамата што е засегната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби на читателот тоа ќе му се стори донекаде чудно и измислено, но можеме да го убедиме дека тоа воопшто не е измислено, туку дека сами од себе се создале такви околности, што никако не можело да му се даде поинакво име, а дека тоа се случило, имено, вака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ете значи, каква, вушност, воопшто неочекувана, онака... тоа никако... една таква околност!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Напротив, многу често, токму таквите околности ја изострувале одговорноста и сочувството на борците за слобода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дури допуштам дека некој друг судија, помалку пристрасен од мене, можел и на друг начин да му пристапи на случајов, а посебно на вината на Мирко Бунде!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас сум речиси сигурен – реков – дека во таквите околности луѓето дишат со осетот на новороденчињата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имајќи го ова предвид дури и помислувам дека не би можел да тврдам оти во таквите околности била исклучена можноста за поинакви оценки на настаните.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам всушност на оној момент кога тоа мало суштество, стрвно, иако со болка, го проголтува првиот бран воздух.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина бев исполнет со ентузијазам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сфатив дека ми останува само да се согласам со него дека е потребно да се создадат такви околности што ќе оневозможуваат секоја помисла за постапки што водат кон несреќи и слични окончувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колку тешко се наоѓаат вистински зборови кога си во дијалог со болката и со нејзините резони. – Станува збор за такви околности кога ни се чини дека секој може да згреши - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најнапред помислив дека татко ти го има одведено Ролана на лов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во таквите околности кој да мисли на еден Русин, уште повеќе кога беше присутно и сомнението дека сам си го одзел животот?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вардарскиот дел на Македонија требало да остане во рамките на Југославија, каде што бил и во време на Кралството Југославија, што било и крајното можно решение зад кое стоеле и Велика Британија и САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таквите околности, активирањето на прашањето за обединување на Македонија сигурно не влегувало во разработената шема за идната Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А способен ли е во такви околности да оцени и да сфати кој го води и со кого тргнал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)