таков (зам.) - опасност (имн.)

Таква опасност постоеше особено кога Турците ќе загазеа низ делот од полето што го обработуваа Дамческите, а што не доаѓаше до сфатка, и едните и другите имаа да му заблагодарат само на непознавањето на силите на противникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа е јасен доказ оти нејзината среќа не зависела само од Србија и Бугарија и оти високите планини што ги заобилколуваат македонските котлини уште не се таква опасност за заедничкиот политички живот кај нивните жители.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За тебе нема таква опасност.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И не постојат такви опасности, момите сами си се стопани на срцата, а и навиките и моралните обичаи се изменија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Старите нема тука што да кажуваат многу, ако некоја мома се решила да појде по некого, слободно нека киниса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Морам да се подготвам и за таква опасност“ - мислеше, стоејќи со запалената борина пред колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Уште кога братот партиец реши да ја викаме нашата коза Сталинка, таквата опасност постоеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не само да ја загадуваме туку и да ја доведуваме во опасност, во таква опасност којашто се заканува да го уништи животот на планетата Земја, можеби и целиот сончев систем. Најверојатно...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)