таков (зам.) - пат (имн.)

16. МИ ГО ОТРУ СРЦЕТО, ПА СЕГА БЛАГО МИ ДАВА - а благото, како благо, сал на стомавот му годи, и во златна паница нека маџун да ми клава не ќе појде по таков пат до срцето што води...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Иако безумна, сета таа работа се покажа мошне привлечна, со денови се подготвувавме за еден таков пат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со диплома на градежен инженер се вработив во Дирекцијата за обнова и изградба на Скопје и ја градев Народната и универзитетска библиотека, Архивот на Македонија и Институтот за национална историја, Театарот на народностите, Музејот за современа уметност и комплексот музеи на Македонија и други објекти.... Таков пат поминав...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Знаеше многу добро што значи еден таков пат по еден толку висок снег, што можеше да биде длабок и неколку метра под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
5. СЕ РАЗДЕНУВА И БЕЗ ПЕТЛИ ДА ПЕАТ - така што живеачката по својот пат си оди иако за од таков пат да ја скршнат неа врескаат кукуриговци на светските моди...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)