таков (зам.) - прилика (имн.)

А таквите прилики ретко доаѓаат, што значи ќе го јаваш ежот.“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таквата прилика, во саботната пијачка ѝ беше сервирана како на тацна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во една таква прилика, кон крајот на декември почнаа да ја разглобуваат темата за дочек на Нова година. Заеднички се договараа, каде и со кого.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бараа прилика да ми го кажат тоа, но немаше многу такви прилики.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така се разнесе по куќите прикаска од безброј парчиња, без почеток и без крај, без смисла, како и обично што се случува во такви прилики, една доверливост што минува од човек на човек, за задграничната дејност на Марко Проказник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како и секогаш што се случува во такви прилики, зборот тргна пребрзо, се затркала како по надолнина налепи на себе патем отпадоци и мириси и секакви погубности, се измени, отежна огрубен, темен, грдомазен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Денко копаше, му помагаше повремено на Бојан, лудуваше, се челичеше, сам веќе знаеше да заскита, да исчезне за час-два, од што никој не се возбудуваше, особено неговиот чудесен татко, доктор Коста, кој во такви прилики ќе си помислеше: „Се осамостојува детето, се осмелува, се зближува со планината. Подобро - здравје!“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се правдаа, тврдеа дека ме сметаат за исправен, дека знаат оти сум бил ангажиран за помош за прославата на јубилејот на браната, но дека ова била нивна должност и така натаму, како што зборува обично секоја полиција во такви прилики.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тогаш ја познал. Веќе знаел дека не ќе му одговори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се собирала пред него во лушпата на стравот, и малечка и намалена, со очи што не можеле, не барем ноќе и во таква прилика, да ја кажат тајната на младото срце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Чувари“ се обично Тета, тетка Ана, баба Санда, или Нерка која во такви прилики не си оди дома по ручекот, туку останува на спиење кај нас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)