таков (зам.) - ред (имн.)

Во таков ред ќе се најде и татковиот брат, без апсолутно никаква вина, и нему без да му се знае гробот, како на многумина други од семејството во родниот град Поградец.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зела леген да го измие... Ете, зошто се жени човек, за такви редови!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не знам што повеќе изненадува: да се наиде на таков ред кај бубачките или на такви идеи кај една жена.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Пишувајќи ја книгата се обидував расеаните зборови (и расеаните светови) да ги доведам во каков- таков ред. Затоа ја нареков речник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)