таков (зам.) - ситуација (имн.)

Во таква ситуација ГШ и ЦК на КПМ во почетокот на декември 1943 заклучиле дека е потребно единиците кои се наоѓале на тој терен да се префрлат во делот на Македонија под Грција во реонот на планината Кожуф.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тоа префрлување траело единаесет дена.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ако веќе ме дупат у здрав мозок почнав да размислувам како би можел во таквата ситуација да профитирам, односно да успеам да ја наплатам таа мозочно сексуална активност.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во таква ситуација на Британците им останувало само да чекаат и да видат дали таа одлука вклучува во себе “некоја балканска федерација или само некое мало спојување со Бугарија во советската орбита“.369 На 10 декември 1944 година Главниот штаб на сојузничките сили добил информација дека “ЕЛАС добива оружје, муниција и помош од симпатизери во Бугарија и Југославија“ и барал од 37 воена мисија “да се преземе истражување...и ако е можно да ја спречите таквата помош на ЕЛАС“370 Меѓутоа, во телеграмата од 11 декември се барало “во случај извештаите да бидат вистинити“ да не преземаат “енергична акција“ како што се барало од нив, без претходни инструкции од британската заднинска воена мисија на Фицрој Маклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во таква ситуација ГШ на НОВ и ПО на Македонија се подготвувал да ги прошири своите дејствија во Србија и во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во таква ситуација, ти како верверичка на плоден орев се поместуваш сѐ на покрајните гранки, готов да се изгубиш во мракот од каде што си дошол.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во таквата ситуација синот на Волкашина, Крале Марко, кој ја наследи татковата круна и владетелството над централна и југозападна Македонија, ја призна турската врховна власт, а со тоа врз себе зеде обврска да плаќа даноци и да дава воена помош.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, во таквата ситуација, Дамческите не знаеја што да направат со Руса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И натаму во животот имав такви ситуации во кои се убедував дека власта ја интересира само едно исто прашање: кој е автор на текстовите кои нејзе не ѝ се допаѓаат, и кој е тој што се осмелил.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А во тој случај, сосема би било нормално (според генеричките конвенции што ја раководат културата на општествената интеракција на Њутн) таквите ситуации да те засмеат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во таквите ситуации единствено строгиот и авторитетен Бертран можеше да се справи со момчињата полни со негативна енергија.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
При таква ситуација, кога се очекувало раздвижување на војска во овој крај, било лудост да се направи обид оружјето да се пренесе во Битола.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие, помагајќи на друг, ако некогаш се најдат случајно во таква ситуација, си помагаат на самите себе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Секогаш чувствуваше како вилицата му се кочи кога мора да биде меѓу луѓе и во такви ситуации можеше да функционира единствено ако на некој начин се почувствуваше супериорен.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во таква ситуација тешко дека некој може да се наметне како водач, и да го покаже излезот од „наметнатиот хаос“. 13, 12...
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таа често беше сведок на такви ситуации, возачот брзопотезно излегува, го соблекува џемперот, ја поднаместува косата и, со едното око се уште будно следејќи ги бројките на семафорот, влегува во колата, двојно задоволен, ем не му е веќе жешко, ем успеал навреме да се врати на своето место.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Рака на срце, сите на свој начин бевме виновни за таквата ситуација.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во таквите ситуации се случува луѓето да се жртвуваат себеси за да го спасат животот на другите и за да ја одбранат својата претстава за високите морални и хумани вредност, оние кои ја покажуваат смислата на човековото постоење и важноста на потрагата по таа смисла за секое човечко суштество; - Некои раскази доживеаја јазична и стилска редакција затоа што, овој пат, се потрудив да вклучам преведувачи кои направија изворен превод или редакција на преводот според оригиналот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во една таква ситуација на лингво-историско прогледување и освестување, еден од нашите балкански лингвистички Дон Кихоти ќе крикне: Пријателу мил, си ставивме трн во здрава нога!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никако да се излезе на крај со овие проклети источни заемки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Илјада пати подобар од Винстон, тој знаеше каков е навистина светот, во каква деградација живее масата човечки суштества и со какви лаги и варварства Партијата ја одржува таквата ситуација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Стариов има право кога вели: Познати ми се таквите ситуации.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И самата себеси не се поднесував во таквите ситуации, но ете, не бев во состојба да се воздржам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така, тие самите не можат да си помогнат, како што не можат да бараат помош од другите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Затоа, одбивањето на третманот, дијагностицирано како губење на разумот, претставува дополнителен критериум во корист на претпоставката дека навистина и го загубиле.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пристојно е да им се помогне во таква ситуација, дури и ако тоа не го сакаат, бидејќи фактот дека го одбиваат третманот може да биде еден од показателите дека се пореметени.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сепак, мислење е дека никој кој е при себе не би доспеал во таква ситуација, и дека оние што го загубиле разумот не можат ни да сфатат дека го загубиле.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Детето е во таква ситуација што таа негова желба е и повеќе од тоа...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Во таква ситуација, ОСС развила способен контраразузнавачки апарат за работа надвор од САД, познат под името Оддел Џ-2, кој немал право да дејствува во Западната хемисфера, нешто што, пред сè, било резервирано за ФБИ и за координаторот на внатрешните американски работи - канцеларијата на Нелсон Рокфелер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таква ситуација, „делови од населението, кои го сакаат тоа, би биле слободни да се префрлат преку внатрешните граници меѓу Србија и Бугарија и на српско-бугарскиот раскол може да се очекува да му се стави крај.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие услови биле создадени во средината на јуни, кога ноќта меѓу 23/24 јуни 1944 година бил спуштен "во близина на Врање".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таква ситуација преостанатиот дел од СОИ станал ден од Канцеларијата за стратегиски служби (Office of Strategic Services - ОSS).
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
САД И НИВНОТО АНГАЖИРАЊЕ НА БАЛКАНОТ ВО 1941 ГОДИНА
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во една таква ситуација, противниците на НОД во САД, предводени од Константин Фотиќ, не мирувале.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во средината на март 1944 година во САД пристигнал пратеник на генералот Дража Михаиловиќ, четничкиот капетан Борислав Тодоровиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За таа цел биле ангажирани најдобрите познавачи на историјата на Македонија и Југославија, кои требало да го дефинираат британскиот став во однос на настаните на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Черчил бил наполно свесен дека со фрлањето на Југославија "со сето срце во прегратките на Русија", британското влијание во оваа земја е целосно изгубено.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Треба да се има предвид дека германските аналитичари биле "попрагматични" од британските.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, од своја страна, Рузвелт сакал да ја зачува Службата за информации за странство (која раководела со радиоемисиите, а била во рамките на СОИ) и таа да остане надвор од досегот на војската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
При таква ситуација, Дикинсон бил принуден да чека да се создадат поволни услови за да се спушти на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
При една таква ситуација, оценувајќи ја советската експанзија како најопасна за британските интереси на Балканот, во април 1945 година, Черчил зазел цврст став според кој отстапувањето туѓи територии можело да се врши само на мировни конференции бидејќи, според него, неконтролираните договори и преговори не би можеле да го спречат советското напредување во Централна и во Западна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таква ситуација се чини дека за американските претставници Балканот почнувал единствено надвор од балканските салони и шведски маси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во една таква ситуација, британската дипломатија ги активирала сите свои тогашни дипломатски сили со цел да ги заштити своите витални интереси на Балканот наспроти советските.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таква ситуација, пипалата на германската политика на убедување на балканските држави за пристапување кон силите на Оската бележела успех.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Главниот штаб на ОСС бил во Вашингтон, но негови клонови имало и во некои земји надвор од САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таква ситуација британскиот политички врв бил ставен пред нов предизвик, како да го врати британското влијание на Балканот, имајќи предвид дека Балканот се сметал за британска интересна сфера.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таква ситуација, Рузвелт ја поддржал идејата СОИ да се приклучи кон Заедничкиот генералштаб.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Своето враќање Британија го гледала единствено преку инволвирање во движењата на отпорот и во народноослободителните движења, кои од средината на 1941 година ќе ја започнат борбата против силите на Оската на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Оваа солуција нема да ги има предностите на локалната автономија (за што тие може да се расправаат дека негрчка Македонија е премногу мала и сиромашна); а како што се навестува... тоа би го зголемило стравот на Турција и на Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Имено, со потпишувањето на одлуката 9182 на 13 јуни 1942 година, претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, го формирал Бирото за стратегиски услуги ОСС.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Ми ветуваш? – го прашав како што го прашувам татко ми, а тој понекогаш се лути што го ставам во таква ситуација.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Итра сум јас, знам како треба во такви ситуации, но кога дојдов до моментот со велосипедите, малку подзастанав, сѐ уште нерешителна дали да пријавам дека кога сме се враќале од насипот сме виделе дека ни ги нема, или...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Игбал не се налути ни најмалку: - Ти ветувам – рече и јас сосема му поверував. – Оди сега – додаде – побарај ја мајка ти и смири се со неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми ја забележа мојата дилема и божем ми дотура кока-кола, се приближи до мене и ми намигна соучеснички.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)