таков (зам.) - состојба (имн.)

И како што е добро познато, од таквата состојба на немоќ, се раѓа она чувство на омраза и потреба од одмазда некому за нешто, за било што.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А никој од нас, верувам, не поминал многу бессони ноќи заради заканата од уништување надвисната над човечкиот род, и заради сопствената одговорност за таквата состојба на работите. 40 Margina #22 [1995] | okno.mk Во последните педесет години ние, човечките суштества, со сопствени раце сме убиле околу сто милиони припадници на сопствениот вид.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
При таква состојба во областа Апостолски побарал британската мисија да испрати барање до Бари за испраќање на 30.000.000 лева за да купи храна за селаните, но ова негово барање останало без одговор.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Максим ни тогаш, додека беше жив и додека се расправаа, и ни сега, иако сите нешта него го посочуваат како единствен виновник за таквата состојба на Имотот и на семејството, не му се лути на татка си.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во таква состојба, го изненадив Татко со прашањето: - Што станува со душата по смртта?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во таква состојба човекот прави своја сопствена програма за сегашноста и за иднината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Јас се препознав! Пред да те сретнам бев во таква состојба.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога на местото на Сибил Вејн би ги ставил актерите и управителите од нашите театри, а на местото на Доријан Греј нашите политичари, тогаш ептен ќе ни стане јасно зошто театарот ни е во таква состојба, па се губи во формите на имитација или како што стои запишано во романот на Вајлд: „Дури и необразованата публика од партерот и галеријата изгубија интерес за преставата“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како резултат на таквата состојба истражувачите продолжуваат да трагаат по нови методи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во таква состојба Рада се најде пред вратата на семејството Крстиќ.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во таква состојба Петрович обично мошне пресретливо угодуваше и се согласуваше, постојано дури и се поклонуваше и се заблагодаруваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бекман е невротичен. Но треба да се признае дека од некого во таква состојба не може да се очекува дека на човештвото ќе му дофрли појас за спасување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Лошо е да се биде во таква состојба, застрашувачки; но бесмислено е поради тоа сентиментално да се ламентира, тоа тогаш би била чевларска фраза; треба да се каже дека би требало да се биде пливач ако човек се осмели да тргне надвор од таквиот оркан на времето, или, ако човек е невротичен, треба да се тргне кон некое идилично столетие...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во таква состојба ќе се најде кралот Шарл Кине, кога на врвот од својата слава ќе абдицира во Брисел, за да предизвика восхит за покажаната храброст.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа за човека може да биде и природна, но може да ги има и сите обележја на болест од која ние само инцидентно ќе можеме да се излекуваме, но во процес на внатрешно зреење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Излез од таквата состојба може да најде само во лавиринтот на својата библиотека, во читањето на книгите според неговиот утврден распоред.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во таква состојба како неговата, тие движења стануваат прецизни и во состојба се да ги следат најситните промени, давајќи им различни значења, понекогаш искривени и зголемени.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Останав така замислена и загрижена што тргна сам на пат, да возиш автомобил во таква состојба.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ако воопшто дојде до таква состојба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Освен тоа, таа не можеше да го чува него заклучен, а не доаѓаше никако предвид тој да оди на улица во таква состојба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во болницата (Неврндејл, Глазгов), со него постапуваа многу љубезно, внимателно и со почит.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И ефектот на хероинот во таквата состојба беше смирувачки.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Така под негово водство доживеав низа такви состојби во кои тој можеше да ми го открие своето знаење и да го потврди.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Граѓаните кои живеат во оваа улица резигнирано истакнуваат дека таквата состојба е резултат на индиферентниот однос на ЈП „Комуналец“ кое на овој дел од градот не врши редовно собирање на сметот од индивидуалните станбени згради, а нема поставено ни контејнери.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во една таква состојба, британскиот премиер В. Черчил, перфиден политичар и стратег, сосема реално ги оценил своите можности наспрема советскиот рејтинг во Југославија и во Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Промената кај Черчил настапила по заминувањето на Тито од островот Вис, по што Черчил престанал да му "верува на Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, треба да знаете дека таквата состојба има крај.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)